Забраниле славење на постигнат гол и разговор со судиите , за да има натпревари (ВИДЕО)

Бурунди е една од четирите држави на светот со Никарагва, Таџикистан и Белорусија каде сè уште се игра фудбал.

Во Бурунди, источноафриканска земја со население од десетина милиони, не планираат да ја прекинат лигата поради пандемијата на коронавирус. Откако разговарале со министерот за здравство, донеле неколку одлуки за да може лигата да продолжи.

Првата е забрана за славење на головите, втората е задолжително миење на рацете пред натпреварот, третата е избегнување разговори со судиите, а четвртиот е забрана за ракување со судиите и противниците.

До крајот на првенството во Бурунди останале три кола. Пријавени се три случаи на инфекција со коронавирус во земјата.

притисни ентер