МакедонијаЗа викендот 2324 сообраќајни прекршоци, дури 1132 санкции за брзо возењеВо изминатиот викенд во засилените сообраќајни контроли на патиштата низ земјава, полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи издале вкупно 2324 платни налози за сторени прекршоци од страна на учесниците во сообраќајот. Во изминатиот викенд во засилените сообраќајни контроли на патиштата низ земјава, полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи издале вкупно 2324 платни налози за сторени прекршоци од страна на учесниците во сообраќајот по однос на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. МВР денеска соопшти дека во рамки на изречените санкции дури 1132 возачи не ја почитувале пропишаната брзина на движење, додека пак за неправилно паркирање евидентирани биле 271 прекршок, како и 191 прекршок заради управување на возило без возачка дозвола. - Покрај ова евидентирани се и 92 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас, заедно со 105 возачи на мотоцикл кои што не носеле заштитна кацига, а 45 санкции се изречени за користење на мобилен телефон при возење. Исто така, 78 возачи се отстранети од сообраќај за возење под дејство на алкохол, а 16 минале на црвено семафор, соопштија од МВР. Во врска со прекршоците од Законот за возила од сообраќај се отстранети вкупно 64 возила од кои заради техничка неисправност осум а заради неважечка сообраќајна дозвола 56 возила. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Тагови: МВР, сообраќајот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43Клековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Шоу бизОпра Винфри откри која одлука во кариерата ја смета за голема грешка (ВИДЕО)Опра Винфри откри дека сè уште смета дека една одлука во нејзината кариера е голема грешка. Во гостувањето во подкастот „Бејби, ова е Кеке Палмер“, таа се потсети на својот единствен музички сингл „Run On“, кој во 1999 година послужи како воведна шпица за 13-тата сезона на нејзиното иконско ток-шоу „Шоуто на Опра Винфри“. Иако со децении беше една од најпознатите телевизиски презентерки во светот, таа признава дека пеењето никогаш не било нејзина работа. Во времето на создавањето на песната, Винфри размислувала дали да продолжи да ја води емисијата или да се сврти кон нови деловни предизвици. Таа рекла дека во тоа време се молела за одговор, а инспирацијата ја пронашла во старата духовна „Run On“, која зборува за фактот дека човек не може да избега од вистината и од сопствените постапки. „Исус ми рече: „Мора да продолжиш“, рекла таа, објаснувајќи зошто одлучила да ја сними својата верзија на песната, според „Пипл“. Призна дека пеењето била нејзина голема грешка Иако во тој момент ѝ се чинеше дека донела правилна одлука, денес таа гледа на таа музичка екскурзија сосема поинаку. „Сфативме дека не можам да пеам, иако земав часови по пеење“, призна таа. Кога Кеке Палмер ѝ кажа дека песната не е толку лоша како што мислеше, Винфри одговори со насмевка: „Го кажуваш тоа само затоа што ме гледаш во очи. Беше доста лошо.“ Подоцна откри дека тоа сепак не е нејзиното најголемо жалење во кариерата. Таа рече дека не жали што го завршила „Шоуто на Опра Винфри“ во 2011 година, туку дека во исто време ја започнала својата телевизиска мрежа, OWN. „Не би ја рестартирала сопствената мрежа и би ја завршила емисијата во исто време. Тоа е единственото нешто за кое жалам“, рече таа, додавајќи дека требало да земе една година пауза пред да се впушти во нов голем проект. View this post on Instagram A post shared by Baby, This is Keke Palmer (@kekepalmerpodcast) Денес, вели дека најмногу ужива во едноставните работи и потивкиот начин на живот. „Кога е дождлив ден, го сакам животот“, рекла таа. Додала дека дождот, каминот, ќебето, кучето и добрата книга ѝ носат најголема среќа бидејќи тогаш нема притисок или очекувања од другите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУтре наутро ќе бидат затворени трите грчки гранични премини Цариниците во Грција утре ќе одржат штрајк, а границите ќе бидат затворени вкупно четири часа, јавија локалните медиуми.Од 5 до 9 часот наутро по македонско време (6 до 10 часот по грчко), сите гранични премини ќе бидат затворени. Автомобилите ќе се пропуштаат на секои десет минути, додека за камионите границите ќе бидат целосно затворени, најави синдикатот. Така ќе биде и на трите гранични премини кон Македонија, „Евзони“ („Богородица“), „Дојрани“ („Дојран“) и „Ники“ („Меџитлија“).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Пожар во близина на селото Трстеник, пожарникарите интервенираат Во моментов пожарникарите од ТППЕ Кавадарци интервенираат на пожар во близина на селото Трстеник.Со брза и координирана интервенција се преземаат сите неопходни мерки за локализирање и ставање на пожарот под контрола, објави ноќеска по полноќ на ФБ градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев . Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter