Во фабриката со 800 вработено, во која пред 20 години започна производството на SmartForTwo, ќе бидат вложени 500 милиони евра за да се подготви за склопување на електричниот компакт EQA на Мерцедес.
Парите ќе бидат вложени и во нови објекти, вклучувајќи и нова постројка за производство на шасија. „Камен темелникот“ веќе го поставија директорот на Мерцедес-Бенц Дитер Цетче и претседателот на Франција Мануел Макрон.
Така за прв пат во својата 100 годишна историја Мерцедес ќе се прави и во Франција.
Претставен на авто салонот во Франкфурт минатата година како концепт, EQA е дел од електричната офанзива на Мерцедес која вклучува лансирање на десет EV модели од различни класи, од Smart до SUV, до 2022 година.
Пионир ќе биде кросоверот EQC, чие производство ќе почне во 2019 година во Бремен.
Освен Бремен, Зиделфинген и Раштат во Германија, Хамбах во Франција и фабриките во Кина, Мерцедес има производствен погон и во САД.