Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје
2Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје
3Дурмиши: Целта на потрошувачката кошница е транспарентна и реална слика за трошоците на граѓаните, а не прикажување пониски бројки
3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
МакедонијаСали–Гетцова: Продлабочување на билатералната соработка и чешката поддршка за европската интеграцијаПрвиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со новоименуваната амбасадорка на Чешката Република во Северна Македонија, Н.Е. г-ѓа Ирена Гетцова.Министерот Сали ѝ посака добредојде на амбасадорката и успех во нејзината дипломатска мисија, изразувајќи подготвеност за унапредување на пријателските односи и соработката меѓу двете земји. На средбата се разговараше за билатералните односи и европската перспектива на Северна Македонија. Сали изрази благодарност за континуираната поддршка од Чешка за членството на земјата во Европската Унија, нагласувајќи ја важноста на партнерството со земјите членки во спроведувањето на реформите и зајакнувањето на институционалните капацитети. Внимание беше посветено на можностите за размена на чешките искуства од процесот на пристапување и користењето на европските фондови, како и на потенцијалот за проширување на економската, образовната и културната соработка. Министерството за европски прашања останува посветено на продлабочувањето на соработката со Чешката Република, во функција на унапредување на процесот на европска интеграција и остварување конкретни придобивки за граѓаните. Кабинет на министерот за европски прашањаТагови: Беким Сали Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: Прво паднаа Филипче и Заев, па потоа Вучиќ, а на приватни забави им пее истиот пејачВенко Филипче си ја ишка мувата од капата.Тој и Зоран Заев му се извинуваа на Вучиќ, правеа пактови со него и се пијанчеа до раните утрински часови. Впрочем, Венко Филипче, Александар Вучиќ и Ана Брнабиќ имаат ист пејач кој им пее на приватни журки. Еве го Венко Филипче на приватна журка во Дубаи каде што слави со Харис Џиновиќ, а еве ја Ана Брнабиќ на приватна журка исто со Харис Џиновиќ и со други министри на Вучиќ, а еве и уште едно видео како самиот Вучиќ ужива во песните на Џиновиќ. Ако Филипче мисли дека една иста лага повторена 1000 пати ќе стане вистина тоа не може да биде така. Врските на Филипче и Вучиќ не може да се избришат ни со 1000 прес-конференции против Вучиќ. Кога Филипче зборува против Вучиќ, на народот му текнува како седеа и пиеја до рани зори, како го пречекуваше на граница, како марихуаната одеше за Србија, како за директор на ЕСМ со Заев ставија човек на Вучиќ, како за ПР шеф во партија го ставија токму неговиот кум Башановиќ и многу други поврзаности за кои допрва ќе се дознава. Венко Филипче и Александар Вучиќ се едно те исто. Впрочем ако сакате да ја погледнете реалноста прво паднаа Заев и Филипче, а по нив тргна бранот. Сестринската партија на СДС во Унгарија доживеа изборен дебакл и остана надвор од унгарскиот парламент. Сестринската партија на СДС во Србија е на 9-тото место. А СДС пак во Македонија има слични резултати, на последните предвремени локални избори во Брвеница се 4-та партија, во општина Куманово се 4-та партија, а во главниот град, во Скопје се 5-та партија. СДС бега од предвремени избори како ѓавол од темјан. СДС со Филипче се феномен. Тие се единствената партија во политичката историја, која не бара предвремени избори од опозиција. Венко Филипче доколку сака да опстане уште некој месец во политиката до избори треба да си го гледа сопствениот двор, а не да мисли дека со лаги може да ја изврти реалноста. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕТагови: Валентин Манасиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
БалканЧелниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавјеЕврокомесарката за проширување Марта Кос на социјалната мрежа „ИКС“ порача дека за Србија може да започне ново поглавје и дека вратата на Европската Унија е отворена.Со честитки за победата кон студентите се огласи и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта кои ја поздравија рекордната излезност и најавија поддршка за реформите, владеењето на правото и борбата против корупцијата. Победата на Студентската листа ја отвори и дебатата во српската јавност околу очекувањата од новата влада. Листата, составена од 250 кандидати, меѓу кои универзитетски професори, лекари, правници, економисти и луѓе од други професии, нема еден доминантен политички лидер со искуство во управувањето со државата, анализираат медиумите. Според нив, најголем предизвик ќе биде идниот кадровски состав. Професорот на Факултетот за политички науки Милан Јовановиќ предупредува дека по славењето, од победниците ќе се очекува брзо да ја преземат одговорноста за управување со државата. „Од победникот, кога ќе добиете ваква убедлива победа, се очекува брзо да ги преземе управувачките команди и да го крене авионот во воздух. Сметаме дека листата сега е хомогена и тоа ќе биде предизвик за ваков вид победник кој не го познаваме. Ако победеше партија А, Б или Ц, веќе ќе знаевме кој би бил евентуален премиер, кои би биле потенцијалните министри. Овде зборуваме како ќе се дојде до мандатар, но и до состав на Владата. – Милан Јовановиќ, професор на факултетот за политички науки Дел од дилемите во јавноста во предизборието беа дали Србија ќе го задржи досегашниот курс кон Москва. Професорот Јово Бакиќ, кој беше дел од кандидатската листа на студентите, излезе со став дека и покрај европските притисоци треба да се зачуваат односите со Москва. „Ја почитуваме Русија и како голема сила и како историски значаен партнер, а во многу случаи и како заштитник. Санкциите воведени од мала земја како Србија кон Руската Федерација не би промениле ништо, тие не би имале никакви последици за самата Русија.“ – Јово Бакиќ, професор Во меѓувреме, Кремљ изрази надеж дека новите власти во Белград ќе ја продолжат соработката со Москва. Портпаролот Дмитриј Песков го пофали досегашниот придонес на Вучиќ за билатералните односи, нагласувајќи дека нивниот натамошен развој зависи од двете страни. Светските медиуми победата на студентите ја оценуваат како историски пресврт. „Њујорк тајмс“ пишува дека тоа е силен удар врз политичкото наследство на Милошевиќ, но без гаранции за промена на односите со ЕУ и Русија. Ројтерс и Асошиејтед прес предупредуваат дека вистинскиот предизвик пред студентите допрва следува, формирањето нова влада и управувањето со Србија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
МакедонијаДурмиши: Целта на потрошувачката кошница е транспарентна и реална слика за трошоците на граѓаните, а не прикажување пониски бројкиДурмиши, истакна дека целта на новата методологија за пресметка на потрошувачката кошница е да се обезбеди објективен, транспарентен и статистички заснован приказ на реалните трошоци на домаќинствата.На денешната седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС), социјалните партнери дискутираа за повеќе прашања од значење за работниците, работодавачите и животниот стандард на граѓаните, со посебен акцент на просечната потрошувачка кошница изготвена од Министерството за економија и труд. Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, истакна дека целта на новата методологија за пресметка на потрошувачката кошница е да се обезбеди објективен, транспарентен и статистички заснован приказ на реалните трошоци на домаќинствата, кој ќе претставува основа за креирање квалитетни економски и социјални политики. „Нашата цел не е да покажеме пониска бројка, туку да обезбедиме проверлива, транспарентна и статистички заснована слика за трошоците на домаќинствата. Податоците треба да ни служат како основа за носење одговорни одлуки и мерки што ќе придонесат за подобрување на животниот стандард и заштита на куповната моќ на граѓаните“, нагласи министерот Дурмиши. Според податоците на Министерството за економија и труд, просечната потрошувачка кошница за септември 2026 година изнесува 58.117 денари за четиричлено домаќинство, што претставува намалување од 358 денари, односно 0,6 проценти во однос на август. Истовремено, во споредба со јануари годинава, вредноста на кошницата е зголемена за 1.736 денари или 3,1 процент. Министерот посочи дека овие податоци ја потврдуваат потребата од континуирано следење на ценовните движења, но и од внимателно согледување на притисоците врз семејните буџети. Во рамки на седницата беше образложена и методологијата за пресметка на потрошувачката кошница, која опфаќа 11 категории на трошоци и 101 прехранбен производ. Пресметката се темели на податоци од Државниот завод за статистика за осум градови, информации за цените на овошјето и зеленчукот од 23 пазари, како и податоци од пет големи и три регионални трговски синџири. Со ваквиот пристап, Министерството обезбедува поширок опфат на цените и потрошувачката на ниво на целата држава, со цел да се добие порепрезентативна слика за трошоците на домаќинствата. Во однос на разликите со другите пресметки на потрошувачката кошница, министерот појасни дека тие произлегуваат од различната структура, опфатот и изворите на податоци. Најизразените разлики се забележуваат кај храната и пијалаците, облеката и обувките, образованието, домувањето и комуналните трошоци, додека во одредени категории, како одржувањето на домаќинството, рекреацијата и културата, пресметката на Министерството покажува повисоки вредности. „Различните пресметки не треба да бидат причина за меѓусебно оспорување, туку поттик за конструктивна дискусија и креирање политики засновани на релевантни податоци. Ниту една статистика не може да ја замени реалната грижа за куповната моќ, економската сигурност и достоинствениот живот на граѓаните“, истакна Дурмиши. Покрај потрошувачката кошница, на седницата на Економско-социјалниот совет беа отворени и прашањата поврзани со неработните денови, работата во недела, можностите за воведување четиридневна работна недела, како и регулирањето на пензискиот стаж. Министерот нагласи дека сите овие прашања бараат внимателно разгледување, усогласување на различните интереси и активна вклученост на социјалните партнери. „Економско-социјалниот совет е местото каде што ги слушаме аргументите на синдикатите, работодавачите и институциите. Нашата определба е преку отворен и конструктивен социјален дијалог да доаѓаме до решенија што ќе ги штитат правата на работниците, ќе обезбедат предвидливост за работодавачите и ќе придонесат за подобар животен стандард“, порача министерот Дурмиши. Министерството за економија и труд останува посветено на унапредување на социјалниот дијалог, транспарентното следење на економските показатели и креирањето одржливи политики насочени кон подобрување на условите за работа и живот на сите граѓани.Тагови: Дурмиши Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook