3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
МакедонијаФилипче: Балканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде МицкоскиБалканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес - конференција. Филипче посочи дека промените во регионот означуваат крај на политичките и бизнис-спреги што ги одржуваат авторитарните и коруптивни режими на Балканот. Тој посочи дека падот на Виктор Орбан во Унгарија и политичките промени во Србија се сигнал дека системот на поврзаност меѓу власта, бизнисот и медиумите постепено се распаѓа. „Некој ќе коментира зошто славиме и дали славиме туѓи избори. Не. Туку го славиме доаѓањето на демократскиот бран тука во регионот. Затоа што тие бизнис, политички и медиумски спрегi на Александар Вучиќ и до пред некое време на Виктор Орбан, се спрегите кои што го хранат, го хранеа режимот наш тука на Христијан Мицкоски. Нè држат во заробена држава, медиумски мрак и силен коруптивен режим“, рече Филипче. Филипче потсети дека СДСМ подолго време предупредува за поврзаноста на власта на Мицкоски со политичките и бизнис-структури во регионот, додавајќи ВМРО го следи моделот на Српската напредна странка, а Александар Вучиќ е политичкиот ментор на Мицкоски. „Сега, на тоа постепено му доаѓа крајот. Ние го најавивме. И со падот на Орбан, и сега со паѓањето на Александар Вучиќ во Србија. Практично, ВМРО е помалата привезок партија на нивната сестринска СНС од Србија. Александар Вучиќ му беше менторот, командантот, тој кој што даваше насоки како да функционира Христијан Мицкоски, тука, кај нас. И тој систем, многу добро, за жал, го имплементираше во наша земја“, рече Филипче. Претседателот на СДСМ посочи дека зад ваквиот модел стојат бизнис-интереси, особено во енергетиката, трговијата со електрична енергија и финансискиот сектор. Тој потсети на врските со компанијата „Руднап“, министерката Сања Божиновска и Душан Адамовиќ, влезот на Алта банка, поврзаноста на луѓе од српската власт со наркобизнисот и релациите со компании во Македонија блиски до премиерот Мицкоски. „Пет тони дрога во „Скај“ преписките, пред некое време, излезе дека сите од власта во Србија биле вовлечени во наркобизнисот. Од највисокиот врв, преку директорите на БИА и Гашиќ и Вулин. Луѓето кои што тука имаа средби и со Христијан Мицкоски и со Максим Димитриевски. Пет тони дрога кои што директно водат до овие луѓе во Србија, а компаниите овде кај нас имаат директна релација со фирми блиски до премиерот Христијан Мицкоски“, рече Филипче. Во делот на медиумите, Филипче нагласи дека на медиумскиот пазар во Македонија, власта овозможи влез на српските медиуми „Алo“ и „Еуроњуз“, без соодветна регистрација и тие служат за ширење пропаганда и дискредитирање на политичките противници. „Српски медиуми, кои што не се никаде регистрирани, добиле тука, спротивно на законот, дозвола да работат. А кои луѓе? Се знае. Луѓето кои што испорачуваат тука тоа што Александар Вучиќ нарачуваше. Латас и неговата компанија. Дискредитираше, лажеше, ширеше лажни вести. Се служеше со секакви механизми. Мене лично ми дискредитираа. Убиец сум бил на деца, доктор Менгеле, згради во Дубаи и така натаму. Со години на нас ни рушеа кредибилитет, незаслужено, и за тоа да знаат дека ќе одговараат, ќе дојде денот кога ќе одговараат за тоа. Влезот на „Ало“ медиумите, влезот на „Еуроњуз“, тие луѓе работат тука, новинари, а немаат лиценца за работа. Сакаа, како последен чекор, свесни дека им се руши балканскиот октопод, авторитарен и криминален, како последен чекор да ги внесат тие медиуми тука кај нас “, рече Филипче. СДСМТагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦелосно реновирани домовите на култура во Текија, Кадино и МралиноОпштина Илинден го заврши реновирањето и санацијата на домовите на култура во населените места Текија, Кадино и Мралино, во рамки на програмата за обновување и модернизација на јавните објекти. Со реализираните градежни активности значително се подобрени условите за одржување културни, општествени и јавни настани. Во Домот на култура во Текија извршена е санација на кровната конструкција со поставување нов пластифициран лим, поставени се нови ПВЦ-врати и обновена е електричната инсталација. Дополнително, извршено е глетување и молерисување на внатрешните простории, целосна санација на санитарните јазли и обновување на фасадата. Во Домот на култура во Кадино поставени се нови вертикални олуци и пластифициран лим за симс, санирана е фасадата и обновени се внатрешните простории. Поставени се нови ПВЦ-врати и прозорци, заштитна ограда и нови плочки на надворешните скали, а извршена е и санација на електричната инсталација. Во Домот на култура во Мралино целосно е обновена кровната конструкција, поставени се нов пластифициран лим, хоризонтални и вертикални олуци, како и нови ПВЦ-врати и прозорци. Извршена е санација на фасадата, обновени се надворешните скали и терасата со нови плочки и заштитна ограда, додека во внатрешноста се поставени гипс-картон и ново осветлување, а ѕидните површини се глетувани и молерисани. Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека со реновирањето на домовите на култура се обезбедуваат подобри услови за развој на културниот и општествениот живот, како и функционални простори за организирање различни активности и настани за потребите на граѓаните. Општина Илинден продолжува со вложувањата во културната инфраструктура, при што во изминатиот период беа реновирани и санирани домовите на култура и во населените места Ајватовци, Бујковци, Бучинци и Дељадровци. Општина ИлинденТагови: Општина Илинден Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаШасивари на средба со претставникот на Катар: Унапредување на соработката во правосудствотоНа средбата, Шасивари ја истакна важноста од воспоставување директни контакти со Министерството за правда на Катар и неговите специјализирани институции.Министерот за правда, Јетон Шасивари, денеска оствари средба со вршителот на должноста во Амбасадата на Државата Катар, Рашид бин Саед Ал-Хајарин, на која се разговараше за можностите за продлабочување на билатералните односи и отворање ново поглавје во институционалната соработка во областа на правосудството. На средбата, Шасивари ја истакна важноста од воспоставување директни контакти со Министерството за правда на Катар и неговите специјализирани институции, со фокус на обуката на правните професионалци, борбата против корупцијата и финансискиот криминал, како и дигитализацијата на правосудниот систем. Односите меѓу нашата држава и Катар континуирано се развиваат. Политичките консултации одржани во Доха во јули 2026 година и потпишувањето на Меморандумот за соработка во областа на трудот во септември оваа година го потврдуваат потенцијалот за натамошно проширување на соработката. Во таа насока, министерот Шасивари изрази интерес за разгледување на можностите за техничка и финансиска поддршка за приоритетни проекти во рамките на реформите во правосудството, со цел соработката да се преточи во конкретни проекти и мерливи резултати. Добрите дипломатски односи создаваат можности, а институционалната соработка ги претвора во резултати. Министерството за правда има за цел односите со Катар да ги надминат рамките на дипломатскиот дијалог и да донесат конкретни придобивки за институциите и граѓаните на двете земји. Тагови: Јетон Шасивари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНова фекална канализациона мрежа во Пинтија Општина Кисела Вода ја финализираше изградбата на новиот крак од фекалната канализација на улицата „Саса“ во населбата Пинтија. Со овој инфраструктурен проект се надминува повеќегодишниот проблем на жителите од овој дел на општината, кои конечно добиваат соодветно и стандардизирано одведување на отпадните води. Изведена е нова фекална канализација во должина од 320 метри, при што се поставени 15 нови ревизиони шахти. Новата мрежа е директно поврзана со постоечката канализациска инфраструктура на улицата „Саса“. Се работи за проект финансиран од Општина Кисела Вода, додека дел од материјалите беа обезбедени во соработка со ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје. -Реализацијата на овој проект е директен одговор на барањата на граѓаните од овој дел на Пинтија. Моето ветување до нив беше дека ова прашање ќе биде решено во најскоро време, и денес тоа ветување е реалност. Со изградбата на новата мрежа, го надминуваме овој комунален предизвик и обезбедуваме достоинствени услови за живот. Општина Кисела Вода продолжува со континуираните инвестиции во изградба и реконструкција на подземната инфраструктура во секое населено место- истакна градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.Тагови: Пинтија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59