За присуството на овој настан потребно е да бидете целосно голи

Доколку се појавите некаде без облека скоро сигурно ќе се случат две работи – или ќе биде исфрлени надвор или по вас ќе дојде Брзата помош.

Сепак, на еден мајски ден нудистите во еден париски музеј ќе бидат добредојдени.

Музејот „Palais de Tokyo”, 5 мај го прогласи за ден на нудистите. Во организација на Париската асоцијација на нудисти, влезот во музејот нема да се наплатува, но пред влегувањето ќе морате да покажете членска карта на нудистичкото друштво. Откако тоа ќе го направите, на вас останува само да влезете во музејот и бесплатно да го разгледате.

Пред разгледувањето морате да ја оставите целата облека во гардеробата.

Настанот почнува во 9:30, а разгледувањето би требало да заврши во 12 часот. Разгледувањето е организирано, а уметничките експонати ќе ги претставуваат стручни лица, кои исто така ќе бидат голи.

Минатата година Парижаните можеа да уживаат во “нудистичкиот ресторан“, како и во јавниот парк за нудисти.

СДСМ: На 8 ми мај граѓаните масовно да излезат на изборите, се одлучува за иднината на државата

Граѓаните треба масовно да излезат на изборите на 8-ми мај и да гласаат. Се одлучува за иднината на државата.

Прашањето е каква држава сакаме да изградиме?

Дали ќе следи уште една лоша реприза од тоталитарното владеење на Груевски и неговата криминална екипа, или заедно со СДСМ ќе имаме слободна, просперитетна и европска иднина.

Изборот е во рацете на граѓаните но тоа може да има сериозни негативни последици кон иднината на Македонија.

СДСМ ги повикува сите граѓани, да излезат на гласање во среда, да го заокружат бројот 1 и да гласаат ЗА, за европска иднина, за европски стандарди и вредности, за држава во која децата ќе сакаат да останат, се наведува во партиското соопштение.

Генералштаб на Украина: Руските сили ги интензивираа нападите кон Авдејево

Русија ги засилила нападите во правец кон Авдејево, соопшти утринава Генералштабот на вооружените сили на Украина, наведувајќи дека украинските сили во изминатите 24 часа одбиле 50 руски напади на тој дел од фронтот.

Руските сили се фокусираа на неколку сектори на фронтот во Донбас, пренесува Униан.

Во правец кон Бахмут, украинските сили одбиле 22 руски напади, а во изминатите 24 часа на линијата на фронтот се случиле 134 судири.

Кина во историска мисија- лансира сонда на темната страна на Месечината

Кина денеска ќе ја лансира лунарната сонда Чанге-6, соопшти кинеската Национална вселенска администрација.

Сондата ќе собира примероци од темната страна на Месечината. Тоа ќе биде прва ваква мисија во историјата на човештвото, јавуваат кинеските медиуми.

Во тек се последните подготовки за мисијата, која ќе започне од местото за лансирање Венчанг во кинеската провинција Хејнан.


притисни ентер