За најголем дел од родителите најдобро е наставата да е комбинирана со физичко присуство и онлајн

Повеќе од две третини од родителите/старателите или 68,7 од нив прифаќаат, односно би избрале паралелен пристап-комбинирана настава со физичко присуство и онлајн-настава на децата.

При тоа, секој од родителите/старателите истакнува дека независно од тоа дали е за комбиниран пристап или за онлајн настава, во никој случај не би поддржале настава со физичко присуство на нивните деца ако има голем број на заразени, покажуваат резултатите од истражувањето на Првата детска амбасада во светот Меѓаши.

– Цел на анализата е да се согледаат ставовите, мислењата и препораките на родителите, бидејќи сметаме дека е клучно истите да бидат земени предвид при носење било какви одлуки во однос на одвивањето на образовниот процес на децата од септември, 2020 година. Генерално земено, резултатите покажуваат дека иако родителите/старателите имаат различни ставови по прашањето за каков тип на настава се од септември, карактеристична е заедничката грижа за здравјето на децата. На сите, без оглед дали наставата ќе биде онлајн или во училиште или комбинирана… најважно им е децата да се здрави и сигурни, рече на денешната прес-конференција Драги Змијанац од Меѓаши.

Тој потенцира дека анализата на резултатите од истражувањето покажала дека најважно на родителите им е здравјето и безбедноста на децата, што како услов го истакнале 26 отсто од испитаниците, понатаму хигиената и дезинфекцијата на училишните простории, (23,4 отсто од испитаниците), како и помал број на ученици во една просторија и држење на дистанца/мерки на заштита, услов за кој се изјасниле 22,3 отсто од испитаниците.

– Како најбезбеден услов за спроведување на образовниот процес е рангиран „Онлајн – настава, доколку Владата забрани одржување настава во училиштата поради зголемен број на заразени" од страна на половина или 50,8 отсто од испитаниците. „Комбинирана настава со онлајн – настава и настава во училиште со намален број присутни ученици и со сите запазени протоколи за безбедност во училиштата" е најчесто второ рангиран услов и тоа од 44,7 отсто од испитаниците, а најчесто како трето-рангиран услов е условот „настава во училиште за сите деца распределени во помали групи, кои ќе одат во смени со сите запазени протоколи за безбедност во училиштата" и тоа од 35,3 отсто од испитаниците, рече Змијанац.

Во однос на можностите да им помогнат на своите деца во совладувањето на наставните содржини, половина од испитаниците ичи 49,9 отсто се произнеле дека делумно имаат време и можност да им помогнат на своите деца во совладување на наставните содржини. Една третина од испитаниците или 33 отсто се изјасниле дека имаат време и можност да им помогнат на своите деца во совладувањето на наставните содржини. Од вкупниот број испитаници, 16,7 отсто се произнеле дека не можат односно немаат време и можност да им помогнат на своите деца во совладувањето на наставните содржини

Најголема загриженост доколку се започне со физичко одење во училиште за 39,7 отсто од испитаниците претставуваат опасности на патот до училиште и враќање дома – автобус, дружење после часовите…, а голема загриженост за 30,7 отсто од испитаниците предизивикува и несоодветен број деца во една училница.

Речиси половина од родителите или старателите – 47,3 отсто, сметаат дека досегашната онлајн или настава од далечина делумно ги задоволила потребите на учениците. За речиси приближно исто од испитаниците – 43,6 отсто овој метод на настава воопшто не ги задоволил потребите на учениците. За само 9,2 отсто од испитаниците, онлајн т.е. наставата од далечина во целост ги задоволила потребите на учениците. Поголем дел од испитаниците или 58,2 отсто сметаат дека нивните деца преку онлајн наставата се стекнале со подобри оцени, но, со помалку знаења.

Речиси две третини или 64,3 отсто од испитаниците имаат соодветни просторни технички услови за следење на онлајн настава, 28,7 отсто од нив се изјасниле дека делумно располагаат со соодветни просторни и технички услови за следење на онлајн наставта, а 6,4 отсто од испитаниците одговориле дена не располагаат со соодветни просторни и технички услови за следење на онлајн настава.

Истражувањето било реализирано врз основа на Анкета – спроведена на национален репрезентативен примерок, по случаен избор, преку интернет, во периодот од 22 јули до 3 август со опфат на 1003 испитаници. /МИА.

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите - затоа да гласаме за бројот 1

Не смееме да ја изгубиме слободата која ја градевме овие 7 години. Денес сте слободни и гласно може да се изразите, да критикувате, да не се согласувате. Тоа е ваше право за кое заеднички се изборивме.“

„Тешко го спечаливме, но сега на 8-ми мај треба заеднички да го сочуваме“, им порача на жителите на скопската општина Гази Баба, Фатмир Битиќи потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборната единица 2.

На граѓаните со кои се сретна попладнево, тој им посочи дека потврда за слободата во Македонија денес пристигна од „Репортери без граници“, според чиј индекс нашата држава е рангирана на 36-тото место во однос на слободата на медиумите во светот, а први сме во регионот.

„Во 2016 година бевме на дното, рангирани на 118-то место. Тогаш слободно кажаниот збор се казнуваше, медиумите беа цензурирани, граѓаните беа манипулирани. Зошто? Затоа што никој не смееше да ги праша како од една „жолта куќичка“ успеаја да изградат Бела палата, зграда од седум ката вредна 40 милиони евра. Затоа потребен им е медиумскиот мрак, за криминалот, корупцијата и личното богатење да не го гледаат граѓаните“, рече Битиќи.

Потпретседателот на СДСМ, им нагласи на граѓаните дека слободата им го отвора патот кон квалитетен живот, им дава можност да бидат иновативни и креативни во животот.

„Слободата е во темелите на праведното и правично општество. Затоа на 8-ми мај треба да размислите дали ќе гласате за Коалицијата за европска иднина, за бројот 1 или пак, казнувајќи не' нас, ќе го дадете својот глас за тие кои 11 години не' држеа сите нас во мрак додека си ги полнеа џебовите со нашите пари. Затоа, не казнувајте ги вашите деца, заедно со нас бидете чувари и промотори на слободата во европска Македонија“, порача потпретседателот на СДСМ, Битиќи, се наведува во партиското соопштение.

Ја нарекуваа „Чудо од Чандигар“ – на 101 година истрчала спринт за една минута (ВИДЕО)

Ќе очекувате стогодишник да ги поминува деновите тивко, но Ман Каур имала поинакви планови.

Подобро ѝ било да фрла копје или ѓуле, да тренира и да победува, отколку да седи пред телевизор.

Дали некогаш сте слушнале за „Чудото од Чандигар“? Ако не, прочитајте ги следните редови.

Ман Каур е родена на 1 март 1916 година. Таа водеше тивок, обичен живот, а потоа се се промени кога го прослави својот 93-ти роденден.

На убедување на нејзиниот син Гурдев Синг, кој учествувал на меѓународни трки, таа започнала да тренира. Таа претходно посетила лекар и добила дозвола да биде физички активна во подоцнежните години.

Редовно вежбала, менувајќи го режимот на работа од ден на ден, под будното око на Гурдев.

„Некои денови трча, а на други вежба копје и фрлање ѓуле. Одиме и во теретана, каде што тренира со тегови“, открил нејзиниот син.

Во времето кога Ман почнала да тренира, Гурдев имал 79 години, а заедно учествувале на десетици атлетски средби ширум светот.

Таа го освоила еден од првите медали во родниот град, а славата ја стекнала по Светското Мастерс првенство во Нов Зеланд во 2017 година, каде победи на трката на 100 метри.

Таа го истрча делот за нешто повеќе од една минута, што е неверојатно достигнување. Дали спомнавме дека во тоа време имала 101 година!

Така стана најстарата и најбрзата (стогодишна) спортистка, а беше номинирана и за престижната награда „Лауреус“, во категоријата Најдобар спортски момент на годината.

Во својата кариера освоила 31 златен медал на меѓународни натпревари (за ветерани). Треба да се спомене и Светскиот шампионат на Мастерс во Полска, во 2019 година, каде таа ги освои најдобрите почести во четири дисциплини - фрлање ѓуле, фрлање копје, трки на 60 и 200 метри.

„Вежбањето и учеството на натпревари ме прават среќна“, изјавила таа во едно од интервјуата.

Новинарите се интересираа како ја одржува физичката кондиција и како поднесува напор во подоцнежните години.

„Редовно вежбајте и хранете се здраво. Избегнувајте брза храна. Бидете вистински пријател и дружете се со добри луѓе“, одговорила таа.

Ман Каур била вегетаријанец, пиела кефир и јадела житарки секое утро. Редовно трчала, а особено работела на зајакнување на горниот дел од телото.

Нејзините успеси не останаа незабележани во Индија, па на почетокот на 2020 година ѝ била врачена престижната награда Нари Шакти Пураскар.

Признанието го доделува Владата на Индија на поединци или институции кои се борат за зајакнување на жените.

По некое време таа починала од здравствени компликации. Доживеала 105 години, а зад себе оставила два сина и ќерка.

Нејзината неверојатна приказна служи како инспирација и доказ дека „годините се само бројка“, односно дека ниту една цел не е недостижна ако се вложи доволно труд.

Уапсени се тинејџери во Германија- на мобилните имале упатства за составување бомби

Четворица тинејџери биле уапсени за католички Велигден во Германија под обвинение дека подготвувале напади со исламистичко потекло, информирајќи се за склопување на експлозивни направи, објавија денеска германските медиуми.

„Обвинетите се подготвувале за напади со експлозивни направи кои првенствено служат за ширење оган и за напади со мачети“, известува јавниот сервис WDR, повикувајќи се на извори во истражните кругови.

При анализата на податоците на мобилните телефони на четворицара малолетници, уапсени во април под сомнение дека подготвувале напад со исламистичка позадина, пронајдени се упатства за составување експлозивни направи.

При претресот во станот на еден од осомничените биле пронајдени нож и мачета. Во исто време, како што се наведува, не се пронајдени информации за можни конкретни цели, туку како места на можни напади се споменуваат само градови како Келн, Дизелдорф, Дортмунд и Штутгарт.

Четири малолетници на возраст од 15 и 16 години, од кои три се момчиња и едно девојче, се уапсени во сојузните покраини Северна Рајна-Вестфалија и Баден Виртемберг откако Канцеларијата за заштита на уставниот поредок ги следела активностите на еден од осомничените на форуми каде што се собрани од исламистите и поддржувачите на т.н исламски држави.

Во последно време исламистите, меѓу другото, поради зголемениот број на пропалестински протести кои често ги организираат забранети организации поврзани со Хамас, повторно станаа во центарот на вниманието на истражните органи.

Минатиот викенд во Хамбург се одржа протест на кој отворено се повика на воведување шеријат во Германија, поради што на удар е министерката за внатрешни работи Ненси Фезер.

притисни ентер