Макрон воведува забрана за социјални мрежи за помлади од 15 години- го бара истото за сите земји во ЕУ
1Макрон воведува забрана за социјални мрежи за помлади од 15 години- го бара истото за сите земји во ЕУ
3Потпишан Договор за соработка меѓу Државниот архив на Македонија и Хрватскиот државен архив во Загреб
ТехнологијаГерманска компанија лансира во вселената ракета на парафински погон (ВИДЕО)Германската компанија HyImpulse денеска успешно лансираше ракета напојувана со парафински восок која ќе може да носи комерцијални сателити.„Ја покажуваме силата на Германија како вселенска нација и го прошируваме пристапот на Европа до вселената“, објави шефот на компанијата Марио Кобалд. Дванаесет метри долгата и 2,5 тони тешка ракета наречена SR75 беше лансирана околу 5 часот по европско време од Куниба, Австралија. At 2.40pm ACST @HyImpulseTech successfully launched their SR75 rocket from @SouthernLaunch's Koonibba Test Range. 🚀 The mission was the inaugural launch attempt of the SR75 rocket, & the first high power rocket permit to be issued under 🇦🇺 Australian law. pic.twitter.com/pmM6t3Uj0v — Australian Space Agency (@AusSpaceAgency) May 3, 2024 Може да носи помали сателити со тежина до 250 килограми до височина до 250 километри, а може да работи на парафински восок или течен кислород. Парафинскиот восок се користи како поевтино и побезбедно алтернативно ракетно гориво. HyImpulse тврди дека заштедиле до 50 проценти. We will be attempting to launch the SR75-1 'Light this Candle!' mission from the Koonibba Test Range tomorrow Friday 3 May from 1430 (ACST)! To view the launch travel to the Koonibba township. The launch is subject to weather and may be delayed or scrubbed on the day. pic.twitter.com/xJiOopzK9n — Southern Launch (@SouthernLaunch) May 2, 2024 Германската компанија со околу 65 вработени објави дека веќе добила преднарачки за лансирање на сателити во вредност од над 100 милиони евра. HyImpulse сака да го прошири својот бизнис бидејќи расте побарувачката за транспорт на комерцијални сателити, па до 2032 година сака да оствари приходи од 700 милиони евра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија одбележува 35 години независност 08:0926-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00Убиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
ЕвропаМакрон воведува забрана за социјални мрежи за помлади од 15 години- го бара истото за сите земји во ЕУ Францускиот претседател Емануел Макрон побара од Европската комисија да ја поддржи забраната на социјалните мрежи за деца под 15 години во ЕУ. Неговата канцеларија објави дека тој се одлучил за тој потег откако Франција не успеа да воведе свој закон, пишува Ројтерс. Писмо до Урсула фон дер Лајен Во писмо до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, од 29 август, Макрон изјави дека воведувањето забрана на ниво на целата Унија станало итно. Тој нагласи дека новото законодавство на ЕУ е неопходно бидејќи францускиот Уставен совет го отфрли националниот закон ова лето, непосредно пред да стапи на сила во септември. „Верувам дека сега е потребно да се оди чекор понатаму и да се воведе единствена забрана за пристап до социјалните мрежи за лица под 15 години преку новата европска законска рамка. На тој начин би ги заштитиле сите деца во Унијата“, напиша Макрон во писмо до кое дошле Ројтерс и други медиуми. Поделени ставови во Европа Откако Австралија воведе таква забрана минатата година, неколку европски земји размислуваат за слични ограничувања. Причината е растечката загриженост за влијанието на овие платформи врз менталното здравје и безбедноста на младите луѓе. Сепак, некои земји, особено оние во Скандинавија, веруваат дека одлуката треба да ја донесат родителите. Приоритетот на Макрон и плановите на Комисијата За Макрон, ова прашање стана приоритет во последната година од неговиот претседателски мандат, пред изборите во 2027 година. Тој веќе некое време лобира кај другите влади на ЕУ да ги поддржат овие ограничувања. Тој исто така најави дека, без оглед на исходот на европско ниво, Франција ќе го финализира законот што Уставниот совет го поништи, иако политичката фрагментација во парламентот и тешките преговори за буџетот би можеле да го отежнат неговото усвојување. Фон дер Лајен уште во јули изјави дека Европската унија ќе преземе чекори за ограничување на пристапот до социјалните мрежи за најмладите во сите 27 земји-членки. Таа се осврна на предлозите на двајца автори кои препорачуваат воведување систем по возрасни групи. Според тој модел, децата под 13 години би имале само ограничен надгледуван пристап, додека ограничувањата постепено би се ублажувале со возраста. Макрон, од друга страна, се залага за построг пристап и повикува на целосна забрана за користење на социјалните мрежи до 15-годишна возраст. Тој го испраќа своето барање пред говорот за состојбата на Унијата што Фон дер Лајен ќе го одржи во Европскиот парламент на крајот од овој месец.Тагови: Емануел Макрон социјални мрежи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканПожар прави пустош низ Црна Гора- од чадот, не се гледа патот (ВИДЕО)Возач кој вчера се враќал од Жабљак испратил на познатата Инстаграм страница „Подгорица Тајм Машин“ загрижувачки информации за пожарите во областа Шавник.Како што наведува, активни пожари може да се видат на неколку локации низ Цена Гора, додека голем дел од теренот веќе е зафатен од пламен и претрпел значителна штета. „Оган гори насекаде. Огромни пожари, а голем дел од областа веќе е изгорен. Она што најмногу ме вознемирува е што не видов ниту едно противпожарно возило по целиот пат, ниту пак некоја сериозна акција за ставање на пожарот под контрола и спречување на уште поголема штета“, наведува читателот. View this post on Instagram A post shared by Подгорички времеплов (@podgoricki_vremeplov) Тој додава дека сцените на кои наишол се многу вознемирувачки и дека е тажно да се гледа како пожарот ги проголтува шумата и природните пејзажи. Апелираме до сите граѓани да бидат внимателни, да не палат оган на отворено и веднаш да пријават секој пожар што ќе го забележат кај надлежните служби.Тагови: пожар Црна Гора Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПотпишан Договор за соработка меѓу Државниот архив на Македонија и Хрватскиот државен архив во ЗагребВчера, во Загреб, директорот на Државниот архив на Македонија, м-р Димитар Богески, и директорот на Хрватскиот државен архив, д-р Динко Чутура, свечено потпишаа Договор за соработка меѓу двете институции. На настанот присуствуваше и амбасадорот на Република Македонија во Република Хрватска, д-р Драган Ѓурчевски. Со овој договор се отвора широк простор за реализација на заеднички изложби, стручни работилници, предавања, како и за непосредна размена на кадри и искуства. Посебен акцент е ставен врз процесите на дигитализација, заштита, обработка, конзервација и реставрација на архивскиот материјал. Размената на искуства во областа на дигитализацијата е од особено значење за модернизација на архивската дејност, овозможувајќи современо чување и поголема достапност на историското и културното наследство за пошироката јавност. Државниот архив упатува посебна благодарност до амбасадорот д-р Драган Ѓурчевски за неговото несебично залагање и поддршка во успешната реализација на оваа значајна иницијатива. Државен Архив на МакедонијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија одбележува 35 години независност 08:0926-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00Убиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12