АвтомобилизамЗа љубителите на Порше, стигна нова серија патики (ФОТО)Porsche и Puma претставија ограничена серија патики во чест на навистина посебен модел.Porsche 911 Carrera RS 2.7 премиерно беше претставен пред половина век. Тоа беше во 1972 година на саемот за автомобили во Париз за да се оддаде почит на трката Carrera Panamericana, на која Порше победи во 1954 година со 550 Spyder. Кога беше претставен, 911 Carrera RS 2.7 беше најбрзиот германски автомобил, но и еден од најбрзите во светот. Достигнуваше 245 km/h. А сега се и патиките Puma x Porsche Suede RS 2.7 кои го одбележуваат големиот јубилеј. Ќе бидат произведени 500 пара од секоја боја, исто како што Porsche произведе 500 единици од автомобилот за да ги исполни прописите за хомологација за Групата 4. Во продажба се 10 бои кои се идентични со оние во кои се нудеше конкретната Carrera. Од Пума напоменуваат дека 8 од нив ќе бидат достапни на целиот светски пазар, додека портокаловите се резервирани за холандскиот, а црните за јапонскиот пазар. Цената е околу 120 евра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаЕУ го одобри новиот пакет санкции против Русија по неколку недели натегања и преговориНовиот 21 пакет санкции на ЕУ против Москва од Руската инвазија на Украина во 2022 година, вклучува одржување на сегашното ниво на горната граница на цената на руската нафта. Преговорите за новите економски санкции воведени поради војната во Украина се одолговлекуваа откако неколку земји инсистираа на ублажување на поединечните елементи од пакетот. На 22 јули беше објавено дека 27-те земји-членки на ЕУ донеле привремена одлука да го задржат горната граница на цената на руската нафта на 44 долари за барел во текот на една недела за да се спречи нејзиното автоматско зголемување. Мерката има за цел да ги ограничи приходите на Москва од глобалниот извоз на сурова нафта.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпштина Аеродром со јавен повик за пријавување штети од силното невремеОпштина Аеродром започнува постапка за обесштетување на граѓаните што претрпеа материјална штета предизвикана од силното невреме што го зафати подрачјето на Град Скопје на 21 јули 2026 година.По одржаниот координативен состанок во Град Скопје, Општина Аеродром веднаш формира Комисија за утврдување на фактичката состојба и ја започна постапката за прием на барања, како предуслов за обесштетување на граѓаните, што ќе се реализира во соработка со Владата и со Градот Скопје. Образецот за пријавување штета е достапен во просториите на Општина Аеродром, а може да се преземе и од официјалната веб-страница на следниов линк: https://shorturl.at/L3rcJ Образецот, заедно со потребната документација, се доставува во Архивата на Општина Аеродром секој работен ден од 8:00 до 15:00 часот, во рок од 30 дена од денот на настанување на штетата. Кон барањето задолжително да се приложат и следниве документи: Важешка лична карта или патна исправа (фотокопија); Доказ за сопственост (фотокопија од имотен лист); Фотографии од локацијата по претрпената штета; Записник од МВР за настанатата штета; Општина Аеродром ги повикува граѓаните навремено да ги поднесат своите барања, со цел постапката за утврдување на штетите да се реализира ефикасно и во најкраток можен рок. Сите поднесени пријави ќе бидат разгледани во согласност со законските процедури.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканПаѓа довербата во владата на РадевСамо два месеца по преземањето на власта, бугарскиот премиер Румен Радев се соочува со првиот посериозен пад на довербата.Новото истражување на „Маркет линкс“ покажува дека поддршката за него и за неговата влада се намалува додека расте бројот на граѓани кои сметаат дека кабинетот не ги исполнува високите очекувања. Во мај Радев имал доверба од 56 проценти, а 22 проценти од испитаниците изразувале недоверба. Во јули неговиот позитивен рејтинг се намалил на 50 проценти, додека негативниот се зголемил на 33 проценти. Меѓу главните причини за падот се реакциите на предложениот буџет за 2026 година, недостигот од убедливи резултати во домашната политика и слабеењето на пораките за решителна борба против корупцијата и стариот модел на управување.Тагови: Бугарија Румен Радев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter