За искачување на Мон Блан треба да се остави депозит од 15000 евра - Канал 5

За искачување на Мон Блан треба да се остави депозит од 15000 евра

Градоначалникот на Сен Жерве воведе необичната мерка за сите заинтересирани планинари кои планираат да го искачат највисокиот европски врв,врвот Мон Блан.

За искачување на Мон Блан треба да се остави депозит од 15000 евра

Пред експедицијата за искачување на највисокиот европски врв ќе мора прво да се плати депозит од 15.000 евра.

Парите би ги покривале трошоците за евентуално спасување или, во најлош случај, погреб.

Жан-Марк Пеле, градоначалникот на Сен Жерве, се одлучи на оваа мерка откако десетици „псевдо-планинари“ ги игнорираа предупредувањата.

Од споменатиот град, главната патека води до највисокиот врв во Европа.

Но, неодамна на ваков потфат се решија многу луѓе кои не се ниту вешти, ниту искусни, ниту опремени, а градоначалникот вели дека ги игнорирале предупредувањата и си играле „руски рулет со живот“.

Водичите од француската страна ги прекинаа своите активности долж трасата во средината на јули поради бројните лизгања на земјиштето, а локалните власти издадоа совети до луѓето да избегнуваат искачување. Интензивниот топлотен бран само ги влоши условите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Граничен полицаец направил масакр во мало место во Србија- си ги убил зетот и внуката, ги ранил мајката и сестрата

Страшно злосторство го потресе денеска Велико Градиште откако граничниот полицаец Б.К. ги убил својот зет и внука. Тој, исто така, ги застрелал мајката на неговата сестра и зет, а потоа извршил самоубиство, дознава Telegraf.rs.

Граничен полицаец направил масакр во мало место во Србија- си ги убил зетот и внуката, ги ранил мајката и сестрата

Тој го убил својот зет и неговата деветнаесетгодишна внука со пиштол, а лекарите се борат за животите на неговата сестра и мајката на неговиот зет, објави Телеграф.

Според информации на Телеграф, ужасното злосторство се случило во семејна куќа на мирна улица во Велико Градиште во Србија, денеска околу 13:30 часот.

Се слушнале истрели, а злосторството го открила девојка која возела велосипед во близина. Таа забележала тело во дворот.

Мажот Б.К., граничен полицаец, со пиштол ги застрелал својата сестра, нејзиниот сопруг, кој е пожарникар-спасувач, нивната ќерка и мајката на пожарникарот.

Внуката и зетот починале на лице место, додека сестрата и нејзината свекрва се борат за живот.

После тоа, полицаецот извршил самоубиство.

Според нашите информации, на ова злосторство му претходел конфликт околу нерешени имотно-правни односи.

На местото на злосторството, моментално се наоѓаат двајца обвинители, заменик-главниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Пожаревац и дежурниот обвинител.

Сè е преполно со полиција.

Истрагата е во тек, а соседите се загрижени.

- Еден сосед правел скара и слушнал два истрели. Бидејќи куче шетало таму со денови и некој го пуштил, прво помислил дека некој всушност го убил тоа куче“, изјавиле мештаните за Telegraf.rs, додавајќи дека во тој момент кучето почнало да лае - рекол соседот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Младински фудбалски турнир во Бардовци

Во рамки на манифестацијата „Карпошово културно лето 2026“, претпладнево,  во организација на ФК „Лепенец“, на фудбалските терени на  клубот , во населеното место Бардовци  започна дводневниот младински  фудбалски  турнир.

Младински  фудбалски  турнир  во Бардовци

Во него учествуваат 32 екипи поделени во две генерации: 2016 (шеснаесет екипи) и 2017-та година (шеснаесет екипи). Овој настан има за цел да ги промовира спортските вредности, фер-плејот, другарството и здравиот развој на младите генерации преку спортот.

На спортскиот турнир, присуствуваше и градоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукровски, кој истакна дека спортот е одлична можност младите да го развиваат својот потенцијал, да се учат на дисциплина, одговорност, правилни животни вредности и да ја насочуваат својата младешка енергија во вистински правец. Како знак на благодарност за поддршката и придонесот кон развојот и промоцијата на спортот, претседателот на ФК „Лепенец“, м-р Игор Божиновски, му врачи благодарница на градоначалникот Лукровски.

Општина Карпош, како локална самоуправа е покровител на овој спортски настан. Општината и во иднина ќе инвестира во промоција на спортски настани, млади спорски таленти и спортски турнири.

Саботното претпладне, градоначалникот Лукровски го искористи и за посета на црквата Св. Троица во Бардовци, каде ќе се одржи последната вечер од Карпошовото културно лето. Имено, во дворот на оваа црква, вечерва настапува фолклорниот ансамбл „Етнос“, а потоа карпошани ќе уживаат во веселите звуци на незаборавните фолк пејачи, Душко Георгиевски, Миле Кузмановски и Зуица Лазова.

Општина Карпош

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Порше го претстави ексклузивниот 911 GT3- ќе се продава само во четири земји (ФОТО)

Porsche подготвува една од најексклузивните верзии на актуелниот 911, која ќе се нуди само во четири европски земји. 

Порше го претстави ексклузивниот 911 GT3- ќе се продава само во четири земји (ФОТО)

Porsche официјално ќе го претстави 911 GT3 Bergsport на 1 септември. Тоа е специјална верзија посветена на возење по кривулести планински патишта и алпски превои.

Проектот е создаден со соработка на претставништвата на Porsche од четири алпски земји: Франција, Италија, Австрија и Швајцарија. Овие четири пазари ќе бидат единствените каде што официјално ќе се нуди Bergsport.

Самото име потсетува на лесните тркачки автомобили на Porsche од 1960-тите, наменети за планински трки и планински патишта.

За разлика од претходните Bergspyder, кои беа дури и без покрив поради намалување на масата, новиот GT3 Bergsport треба да ја задржи класичната, затворена форма на каросеријата со шофершајбна и покрив.

Само 100 примероци

Porsche сè уште не ги откри сите детали за автомобилот, но според досегашните информации, еден од неговите препознатливи елементи треба да биде задниот спојлер во стилот „ducktail“. Исто така, ќе се разликува од стандардниот 911 GT3 по посебни детали во ентериерот, вклучувајќи го и уникатниот кожен тапацир.

Се очекува познатиот 4,0-литарски атмосферски шестцилиндричен боксер мотор од сегашниот 911 GT3 да остане под хаубата, но Porsche сè уште официјално не ги потврди неговите спецификации.

Во исто време, Bergsport не треба да биде сосема одделен модел, туку специјално дизајнирана и подесена верзија на GT3 чиј карактер е фокусиран на возење по кривулести алпски патишта.

Според досегашните информации, ќе се произведуваат само 100 автомобили. Доколку се распределат рамномерно помеѓу четирите пазари, секоја земја би добила само околу 25 примероци, иако Porsche сè уште не објави како ќе изгледа вистинската дистрибуција.

Информациите за автомобилот се појавија дури и пред официјалното објавување, откако деталите беа накратко објавени на австриската веб-страница на Порше, а потоа отстранети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер