За Чулев проблемот е наследен, Спасовски му порачува подобро да го менаџира МВР

Седумдесет и седум барања биле разгледани на првиот состанок на Комисијата во Министерството за внатрешни работи завчера, формирана од техничкиот министер Наќе Чулев, за решавање на проблемот со недостиг на обрасци за пасоши.

Ова е едно од привремените решенија за издавање на патни исправи за пријавените околу 15 илјади граѓани. Преостанати се околу 4.900 обрасци за пасоши, а се чека новата пратка од 100 илјади обрасци од Веридос, која Чулев ја најави за 24 март.

Чулев предложи Владата да усвои методологија со која со печат и со испраќање нота до државите во светот ќе се пролонгира важењето на пасошите се до моментот на пристигнување на нови патни исправи. Спасовски нема ништо против ова решение, но бара од Чулев предлогот официјално да го достави до Владата. Додава и дека во Владата се размислува во повеќе насоки, а деталите ќе се објават кога ќе биде извесно решението односно кога ќе има одржливо решение.

Како наследена ситуација го оценува проблемот со недостиг на обрасци техничкиот министер за внатрешни работи Чулев и за тоа го обвинува Спасовски, додека, пак техничкиот премиер, кој претходно го раководеше Министерство му порачува дека сега тој е на чело на МВР и оти треба да го реши проблемот.

-Јас сум министер еден месец и сите овие ситуации ги наследив како резултат на непланско, несовесно и нестручно работење на Оливер Спасовски за што е извршена интерна истрага и произлезе кривична пријава, рече вчера Чулев на прес-конференција и го повика Спасовски да свика владина седница за да се реши проблемот со пасошите.

Чулев уште истакна дека овој период мора да се распише меѓународен тендер за 10-годишно решавање на проблемот со издавање лични доклументи. Уште еднаш повтори дека на 24 март или порано треба да пристигнат 100 илјади обрасци за пасоши, а другата пратка се очекува да пристигне септември или октомври годинава.

– Најверојатно нема да бидат веднаш со новото уставно име на РС Македонија заради тоа што не се утврдени техничките спецификации околу изгледот на новата патна исправа и новите лични документи. Моментално работат работни групи од МВР и од компанијата „Веридос" затоа што и тоа не е направено, склучуваме нов рамковен договор за две дгодини со истата фирма, порачуваме, а не се специфицирани изгледот и содржината на новите лични документи, појасни министерот Чулев.

За премиерот Спасовски, ставот на министерот Чулев дека во Владата недостасува политичка волја да се реши прашањето со пасошите, е најблаго речено, несреќна изјава што може да биде дадена.

– Остварување на тие овластувања што ги има МВР, а е дел од Владата не може да стане збор за немање политичка волја, рече Спасовски.

Според него, веќе месец и пол функционира оваа Влада, а само пред една недела добила информација дека има проблем со издавање на пасошите. Проблемот, истакна, е некаде на друго место, меѓутоа се бара одредено решение за кое се надева дека ќе биде најдено.

– Пред една недела беше доставена информација до Владата во однос на состојбата со пасошите. Мислам дека подоброто менаџирање, начинот на функционирање внатре во институцијата, повеќе бавење со суштински работи отколку со неважни прашања, немаше да доведе до една вакна криза, изјави премиерот Спасовски.

На барање на новинарите да одговори кој е надлежен за јавните набавки во МВР, каде може да се лоцира одговорноста за пасошите, кои служби затаиле во набавката на обрасците, Спасовски одговори дека за функционирањето внатре во МВР надлежен е министерот, а секако има механизми и начини да се утврди кој има, ако има одговорност.

– Сум имал и јас такви ситуации неколку пати во целиот тој период, но немаше проблем во јавноста во делот на пасошите или во делот на издавање на други лични документи, потенцира премиерот и поранешен министер за внатрешни работи Спасовски.

Појасни дека нарачките на обрасци за патни исправи се прават секоја година врз основа на постојана анализа за фреквенцијата односно за нивното побарување и потрошеноста.

Што се однесува до најавената кривична пријава за него, Спасовски нагласи дека има истражни органи и слободно нека ги проверат сите аспекти, а тој не бега од одговорност.

Од МВР информират дека барањата за издавање патни исправи, поткрепени со соодветна документација, треба да бидат доставени до подрачните единици на Одделот за граѓански работи, со назнака дека се работи за ИТНИ барања за патни исправи кои се во надлежност на Комисијата. Барањата неопходно е да содржат телефонски број на лицето-подносител.

Чулев минатата недела излезе на прес-конференција на која кажа дека поранешниот министер за внатрешни работи Спасовски четири години не презел конкретни мерки и активности за долгорочно решавање на проблемот со набавка на обрасци за лични документи.

– МВР се соочува со сериозно проблем и застој во издавање на лични документи особено на патните исправи што е последица на несовесно работење во минатото, но воедно и отвора сомнежи за прекршување на законски процедури и норми. Се работи за свесно или несвесно заобиколување на законски утврдените процедури кои отстапки само го потврдуваат недомакинкото и непланско работење од Спасовски со што се предизвикани негативни фискални импликации на буџетот на МВР. Постојат индиции подкрепени со материјални докази кои велат дека се спроведувале постапки спротивно на законот и за истите се склучувале договори, рече тогаш Чулев./МИА

Фото: Британска манекенка ужива на одмор во Дубровник

Британската манекенка Ферне МекКан веќе одлучила да замине на одмор. Деновиве таа ги покажа своите фотографии од Хрватска. Како што откри таа е на одмор во Дубровник и околината.

„Верувајте си дека ќе го изберете она што е соодветно за вас. Најубавиот ресторан на островот. Каков прекрасен, посебен ден во Хрватска“, напиша таа во описот на фотографијата на која позира во црн костим за капење.

Дејли мејл известуваше за нејзиниот летен одмор во Хрватска. „Ферне МекКан ја истакнува својата неверојатна фигура во црно бикини додека се сонча во Хрватска“, гласи насловот на нивната статија.

Ферне неодамна изјави дека ослабела многу откако ја родила ќерката Финти, а многумина ја фалат затоа што покажала реален поглед на нејзиното тело. „Сакам да гледам реални фотографии, сите имаме целулит и маани кои попрво би ги немале, но добро е да ги славиме. Благодарам Ферне за искрената објава“, гласи пофалбата на еден следбеник.

Од 2022 година, Ферне е во врска со бизнисменот Лори Хејнс, со кој ја има ќерката Финти. Тој има уште една ќерка, од претходната врска.

Бајден настапи пред дипломците на Морхаус колеџот во Џорџија

За време на церемонијата со врачувањето на дипломи некои студенти носеа црно-бели палестински шалови во знак на солидарност со Палестинците.

Претседателот на САД, Џо Бајден во денешното обраќање пред дипломците во Морхаус, високообразовна установа од Џорџија каде мнозинството студенти се афроамериканци, прати пораки од неговата предизборна кампања за зацврстување на врските со младите од етничките малцинства.

За време на церемонијата со врачувањето на дипломи некои студенти носеа црно-бели палестински шалови во знак на солидарност со Палестинците.

- Сакам сите да запаметите, кога не избраа први ни велеа дека нема да направиме ништо значајно. Но ние направивме се. Благодарејќи вам … Мошне многу ценам што ми дадовте можност за повторен настап тука, изјави претседателот во обраќањето до дипломците на Морхаус.

Тој говореше и за својот соперник на претстојните избор – поранешниот претседател Доналд Трамп.

- На овие избори многу е ставено на коцка, мошне многу. Станува збор не за мене, туку за алтернативата … Работата е во тоа што тој (Трамп) изложи што имено планира да прави (ако биде избран). И републиканците во Претставничкиот дом ќе кажат и моите колеги ќе кажат, што тие имено ќе прават ако победат, рече Бајден.

Колеџот Морхаус е основан во 1867 година како машки колеџ за школување на црномурести кои скоро биле ослободени од ропство. Еден од они кои дипломирале тука е и Мартин Лутер Кинг помладиот.

Морхаоус е голем град во Џорџија со има значајна улога во претседателската трка во 2024 година. Бајден овде во 2020 година стана првиот кандидат за претседател од Демократската партија кој доби поддршка од оваа држава по Бил Клинтон во 1992 година.

Бајден денеска попладне патува во посета на Мичиген, каде ќе учествува на настан организиран од Детроитски фонд за борба за слобода. /МИА

Алкалоид го освои трофејот во ракометниот Куп на Македонија

Ракометарите на Алкалоид се победници во Купот на Македонија, откако вечерва во финалето одиграно во СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје го совладаа фаворитот Еурофарм Пелистер со 25:23 по изведувањето пенали.

Ова е прв трофеј во својата куса историја за младиот тим на Алкалоид кој на завршниот турнир ги совлада најголемите две имиња во македонскиот ракомет, Вардар и Еурофарм Пелистер.

Во финалето двете екипи во повеќе наврати се менуваа во водство, највисокото беше четири голови разлика, за на крај победникот да биде решен по пенал-рулетот во кој се истакна голманот на скопскиот тим Иван Галевски.

Токму Галевски беше прогласен за најдобар голман на завршниот турнир, наградата за најдобар стрелец отиде кај Богдан Радивојевиќ, а за МВП Филип Кузмановски (двајцата од Еурофарм Пелистер).

Претходно во текот на денот, во женското финале, Ѓорче Петров го победи Чаир со 36:24. /МИА

притисни ентер