Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
2Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
Шоу бизВуди Ален се прости од Дајана Китон, актерката со која некогаш беше во врска (ВИДЕО)Американскиот актер и режисер Вуди Ален (89) ѝ оддаде долга и емотивна почит на Дајана Китон, која почина на 80-годишна возраст.Во есеј за „The Free Press“, Ален ја опиша Китон како уникатен феномен, забележувајќи како „нејзиното лице и смеа го осветлуваа секој простор во кој влегуваше“. „За разлика од сè што планетата некогаш го доживеала“ Во својот колумна, Ален ја опиша Китон како „за разлика од секој што планетата некогаш го доживеала или веројатно некогаш ќе го види повторно“. Во долг личен есеј, тој се присети на нивната прва средба во 1969 година на пробите за неговата претстава „Пушти го повторно, Сем“, по што заедно снимија осум филмови, вклучувајќи го и легендарниот Ени Хол. За таа улога, Китон го освои Оскарот за најдобра актерка во 1977 година. Ален откри колку многу му значеше мислењето на Дајана Китон во текот на неговата кариера. „Со текот на времето, почнав да снимам филмови само за неа. Не ме интересираа критичарите или публиката, единственото нешто што ми беше важно беше што ќе каже Дајана“, искрено призна тој. Почетокот на соработката и врската Во филмот „Ени Хол“, Китон го играше необичниот, несигурен и слободоумен главен лик во кој се вљубува ликот на Ален, Алви Сингер. Двојката во еден момент била романтично поврзана и во реалниот живот. Сеќавајќи се на нивната прва средба, Ален се сетил дека си помислил: „Ако Хаклбери Фин (фиктивен лик од авторот Марк Твен) беше убава млада жена, таа ќе беше Китон“. Тој додаде дека светот сега е „помрачно“ место без неа. „Сепак, постојат нејзините филмови. И нејзиниот прекрасен смеа сè уште ми одѕвонува во главата“. Китон глумеше и во други класици на Ален, како што се „Менхетен“, „Спие“, „Љубов и смрт“ и „Радио денови“. Поддршка во тешки времиња Китон остана многу голем поддржувач на Ален дури и кога беше обвинет за злоупотреба на неговата ќерка Дилан, што тој секогаш го негираше. Никогаш не беа покренати обвиненија против режисерот. Во интервју за „Гардијан“ во 2023 година, таа рече: „Тој ми даде сè. Навистина ми даде. Вуди одржуваше сè опуштено. Тоа ми помогна многу“. Френсис Форд Копола, исто така, ѝ оддаде почит Освен Ален, режисерот на „Кум“, Френсис Форд Копола, исто така, се збогува со актерката. Во објава на социјалните мрежи, тој ја опиша како „извонредна“ актерка. „Зборовите не можат да го искажат чудото и талентот на Дајана Китон. Бесконечно интелигентна, толку убава“, напиша тој. „Од нејзините најрани појавувања во „Коса“ и во текот на нејзината неверојатна кариера, таа беше извонредна актерка“. Копола откри дека откако ја видел во филмот „Љубовници и други странци“, „знаел“ дека мора да ја има за улогата на Кеј во „Кум“. Тој додаде дека Китон подоцна му рекла дека таа го базира своето толкување на неговата сопруга, режисерката на документарни филмови Елеонор Копола, која почина минатата година. Тој, исто така, ја истакна нејзината „прекрасна работа во „Ени Хол“ и нагласи како таа истовремено „постави нов моден тренд“. „Сè во врска со Дајана беше олицетворение на креативноста“, заклучи Копола.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаТошковски на „Мото Илинден урбан драјв“Безбедноста мора да биде пред адреналинот - наскоро „Безбеден град“ ќе може да препознава и неносење кацига.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети „Мото Илинден Урбан драјв“ фестивалот, кој од 1 до 4 октомври се одржува на паркингот пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, а чиј фокус, покрај промоцијата на мотоциклизмот, е подигнување на свеста за безбедно учество во сообраќајот. Во рамки на фестивалот се организираат тест-возења, работилници за безбедно управување со мотоцикл, едукација на почетници, правилна употреба на заштитната опрема, како и запознавање на учесниците со законските прописи од областа на сообраќајот. Во едукативниот дел од настанот е вклучен и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Тошковски ја поздрави иницијативата, потенцирајќи дека токму едукацијата, личната одговорност и почитувањето на сообраќајните правила се клучни за поголема безбедност на мотоциклистите, кои се меѓу најранливите учесници во сообраќајот. „Љубовта кон моторите, адреналинот и слободата што ја носи мотоциклизмот секогаш мора да одат заедно со одговорноста. Кацигата и заштитната опрема, почитувањето на ограничувањето на брзината и сообраќајните правила не се формалност – тие спасуваат животи. Затоа ваквите настани се важни, особено за младите и за оние кои првпат влегуваат во светот на мотоциклизмот“, истакна Тошковски. Министерството за внатрешни работи континуирано спроведува засилени акциски контроли во сообраќајот, вклучително и контроли насочени кон возачите на мотоцикли и мопеди, со посебен акцент на брзината, поседувањето соодветна возачка дозвола, употребата на заштитна кацига и почитувањето на останатите сообраќајни правила. Дополнителен исчекор во оваа област е системот „Безбеден град“, кој ги детектира и прекршоците сторени од возачи на мотоцикли, а со помош на вештачката интелигенција системот наскоро ќе може да ги казнува и оние кои не носат кацига и така го загрозуваат својот живот и животот на другите учесници во сообраќајот. Тошковски потенцираше дека резултатите од новиот пристап во сообраќајната безбедност веќе се видливи. Во првите девет месеци од годинава има 33 помалку жртви во сообраќајот во споредба со истиот период минатата година, односно околу 30 проценти помалку загубени човечки животи, додека бројот на повредени лица е намален за околу 19 проценти. Во позитивниот тренд се вклучени и сообраќајните незгоди во кои учествуваат мотоциклисти, а целта е тој тренд дополнително да се засилува. „Овие резултати не се само бројки. Зад секоја бројка стои човечки живот, семејство и нечија иднина. „Безбеден град“, засилените контроли, едукацијата и, пред сè, одговорното однесување на граѓаните покажуваат дека можеме суштински да ја промениме сообраќајната култура. Нашата цел е јасна – помалку незгоди, помалку повредени и што е можно помалку загубени човечки животи“, порача министерот Тошковски. Министерството за внатрешни работи ќе продолжи паралелно со превентивните активности, едукацијата, засилените контроли и примената на современи технологии, со единствена цел – побезбедни улици и патишта за сите учесници во сообраќајот.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаМногу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреваротШкотските навивачи ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи? Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаЦентарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритамСкопје денеска живее во фудбалски ритам. Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка. Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици. Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат. За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија. Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook