Мицкоски: Се градат два гасоводни интерконектори со што драматично ќе се зголеми гео-стратешкото значење на Македонија
2Мицкоски: Се градат два гасоводни интерконектори со што драматично ќе се зголеми гео-стратешкото значење на Македонија
БалканВучиќ за изјавата на Стано: Ги повикувам Србите уште повеќе да ги разочараатВучиќ ја коментираше и изјавата на портпаролот на ЕК, Петар Стано, кој рече дека е разочаран од одлуката на Србите да не учествуваат на изборите и им порача на Србите од Косово „уште повеќе да ги разочараат“.Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска, ден пред изборите во општините на северот на Косово, кои се бојкотирани од српските партии, ги повика Србите на Косово да бидат обединети и да покажат дека „не може да не газат“ и дека волјата на српскиот народ на Косово едногласно била да не учествува на тие избори, јави дописникот на МИА од Белград. Вучиќ ја коментираше и изјавата на портпаролот на ЕК, Петар Стано, кој рече дека е разочаран од одлуката на Србите да не учествуваат на изборите и им порача на Србите од Косово „уште повеќе да ги разочараат“. -Бев изненаден и вчудовиден кога ја слушнав изјавата на Стано дека е разочаран од неизлегувањето на Србите. Досега сме учествувале во 4 или 5 различни изборни циклуси на властите во Приштина, а не беше потребно ниту во еден од нив пред да се формира Заедницата на српските општини или евентуално само во една да се знае кои се српските општини. Десет години подоцна, за што не е само Приштина виновна, бидејќи тие од ЕУ се гаранти, Србија ја малтретираат, ја пукаат, и таа кажува- нема да одиме на избори додека не го постигнете тоа што го договоривме, рече Вучиќ и додаде „Дали изборите треба да се одржат во станици и полициски контејнери, со 550 луѓе вооружени до заби кои треба да ги обезбедат оние 1 до 2 отсто што ќе излезат? Ги повикувам Србите уште повеќе да ги разочараат, да видат колку сме обединети и дека не можат да не газат“. Вучиќ праша и дали портпарол на ЕУ има барем малку срам. Тој рече дека одлуката на Србите од Косово е да не учествуваат на изборите и дека тоа не е наметнато од Белград и додаде дека „мене да ме прашаа до последниот ден ќе мерев што е помалку лошо за нас“. -Ние сме во тешка ситуација, но волјата на нашиот народ беше таква што тие речиси едногласно донесоа одлука да не учествуваат. Така одлучи нашиот народ од северот. Утре мирно и одговорно и со презир ќе гледаат на оние кои ќе бидат довлечени од Јужна Митровица да гласаат и да изберат власт во Северна Митровица, Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ, рече тој. На прашањето што ќе се случи откако ќе се одржат изборите и ќе се формира власта во општините на северот на Косово, Вучиќ рече „ништо, целосна окупација на која луѓето се подготвени, навикнати и научени“. -Ќе бидат мирни, ќе плаќаме плати како досега, ќе го подигнеме социо-економскиот стандард и ќе чекаме подобри времиња во кои ќе важи повелбата на ОН, во кои нема да се срамат од договорите што ги потпишаа и во кои не би потпишувале договори само за да и дадат време на другата страна да се справи со првата, а ние не сме ниту прв пример во светот, како што гледате, рече Вучиќ. Српскиот претседател одговарајќи на новинарски прашања во Батајница, и порача на опозицијата да собере доволен број потписи за референдум за негова смена, бидејќи е подготвен за тој референдум, а потоа во исто време ќе се одржат и избори. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСилен земјотрес ја потресе КамчаткаЗемјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран на Камчатка, а во некои области се почувствувани потреси со интензитет до пет степени, соопшти денеска руското Министерство за вонредни ситуации. Во одредени делови на Петропавловск-Камчатски, како и во Уст-Камчатскиот и Алеутскиот округ, се почувствувани потреси со интензитет до четири степени, додека во окрузите Виључинск и Јелизово интензитетот достигнал пет степени, се наведува во соопштението објавено на платформата „Макс“. Според податоците на огранокот на Камчатка при Геофизичката служба на Руската академија на науките, епицентарот на земјотресот бил на копно, во округот Јелизово, на 138 километри југоисточно од селото Уст-Болшерецк, на длабочина од 128 километри. Службите за итни случаи не добиле никакви повици поврзани со земјотресот, а не е издадено ниту предупредување за цунами.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Се градат два гасоводни интерконектори со што драматично ќе се зголеми гео-стратешкото значење на МакедонијаВо овој момент како никогаш до сега, се градат два гасоводни интерконектори, едниот со нашиот јужен сосед, другиот со нашиот северен сосед.Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на гасификацијата до каде е процесот, кој ќе биде бенефитот за граѓаните и кога може да се очекува да заврши, изјави: „Во овој момент како никогаш до сега, се градат два гасоводни интерконектори, едниот со нашиот јужен сосед, другиот со нашиот северен сосед. Едниот очекувам да биде синхронизиран и пуштен во употреба до крајот на првата половина од следната година, а другиот очекувам до крајот на 2028 година да биде целосно синхронизиран. Со што драматично, кога велам драматично, драматично ќе се зголеми гео-стратешкото значење на Македонија како земја, а од друга страна, овие два гасоводи ќе значат можност за инвеститори коишто би сакале да инвестираат во производни капацитети на електрична енергија коишто го користат гасот како погонско гориво. Но тоа ќе значи и можност за нас, кога ќе стане збор за реконструкција и модернизација на термоелектраните коишто користат јаглен како погонско гориво, да можеме да направиме конверзија на гас и така да ги зачуваме работните места и така да ги зачуваме тие објекти да продолжат да произведуваат.“ Во однос на конверзијата, кога ќе се случи тоа, претседателот Мицкоски додаде: „Па тоа веќе трае, АД ЕСМ веќе разговара со Светска банка и мислам дека многу скоро ќе имам многу убави вести за тој проект.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
КултураТрибина „ВИ или автентична филмска креација“ и мастерклас на Емин Алпер денеска на КиненоваТрибина „ВИ или автентична филмска креација“ и мастерклас на Емин Алпер денеска на Киненова: Никогаш не одам неподготвен на снимање.Филмот „Зад ридовите“ на Емин Алпер годинешниот лауреат на МФФ Киненова вчера имаше проекција на фестивалот бидејќи тоа е негов прв филм, а денеска на мастерклас со студентите на ФДУ повторно проговори за него. -Јас филмот не сум го гледал од 2016 година и се сеќавам на секој детал што го снимив и на сите сцени што беа снимени, но од оваа преспектива би сменил нешто во кинематографијата, во ликовите итн. Времето за снимање беше многу кратко и ги снимавме само неопходните кадри и немав време да пробам нови агли на снимање. Со кинематограферот имавме голема караница, бидејќи немаше контраст. Во сите нои други филмови се трудам да го доловам контрастот меѓу денот и ноќта, но во овој го немам бидејќи имав караница со кинематограферот. И токму тоа беше предмет на караницата, рече Алпер. Пред студентите денеска тој говореше за значењето на копродукциите и пичингот на големите фестивали за еден филм и дека и самиот тоа доцна го сфатил бидејќи во минатото сметал дека тоа не му е потребно, но подоцна сфатил дека е корисна секоја сугестија, секоја критика и секој вид на помош кога работите на филм. Поразговара и за снимањето серии на кои работел во Турција и рече дека никогаш не оди не подготвен на сет. Секогаш се подготвува пред снимањето и токму затоа му било тешко кога го снимал „Зад ридовите“ бидејќи бил ограничен и со буџет и со снимачки денови. Во продолжение на програмата на МФФ Киненова денеска се одржа и трибина на тема ВИ или автентична филмска креација? на која студентите разговараа за дилемите по ова прашање со Емин Алпер, Гоце Цветановски и Дејан Илиев.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook