БалканВучиќ: Во јуни следуваат големи промени поради Украина, Американците создаваат блок во Европа Америка ќе биде доминантна, ќе следи договор со Европа, но со барање во иднина да спроведат мерки кон Кина, какви што спроведуваат САД.Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска изјави дека она што се случува во глобалната политика, а пред се во Европа, ќе ја промени динамиката на односот на Србија со ЕУ и дека се одвива паралелен процес под влијание на САД, во кој се создава посебен блок во Европа, кој може да стане најсилен, јави дописиникот на МИА од Белград. -Тоа треба да се случи веќе во јуни, бидејќи Украина нема лесно да победи во воена смисла и очекувам да добие голема динамика на европскиот пат. Следува итно запонување на европски преговори со можност за брз влез во ЕУ затоа што Американците прават посебен блок во Европа кој не е мал. Полска, балтичките земји плус Украина, тие пет земји. Ќе имате земји кои се поголеми од Франција и се приближуваат кон Германија. Тогаш е јасно дека тој квинтет или секстет со Романија станува најсилен во Европа после Германија. Ние сакаме да се позиционираме како централноевропска земја, затоа имаме поблиски односи со Унгарија. Тоа ќе ја промени динамиката на нашиот однос со Европа. Сакам да верувам дека тоа ќе биде во позитивна смисла, но за нас има ограничувачки фактори во однос на санкциите против Русија и Косово, рече Вучиќ на ТВ Пинк. Како што рече, Америка ќе биде доминантна, ќе следи договор со Европа, но со барање во иднина да спроведат мерки кон Кина, какви што спроведуваат САД. - Интересно е што се случи на седницата на Советот на Европа, важна промена кон Кина, до сега таа беше наш економски партнер, наш конкурент и стратешки ривал. За првпат Урсула фон дер Лајен рече - стратешки ривал. Америка ќе биде доминантна во Европа. Кина ја гледа како стратешки противник. Затоа ќе биде интересна посетата на Фон дер Лајен и Макрон на Кина, рече Вучиќ. Вучиќ се осврна на односите со Унгарија, потсетувајќи на изјавата на Виктор Орбан дека, историски гледано, тие се на највисоко ниво. Како што рече, со Орбан има старатешки дијалог и очекува средба меѓу двете влади во мај, која ќе доведе до формирање на ново тело, односно стратешки совет. На прашањето што мисли за потерницата издадена од Меѓународниот кривичен суд (МКС) против рускиот претседател Владимир Путин, Вучиќ одговори дека ја смета за политички многу лоша одлука која ќе чини многу во животот на Русите и Украинците, но и со големо влијание врз економијата на цела Европа. -Ќе треба да седнете со Путин за да разговарате, а како можете да разговарате со него и да му го оставите ова? Како воопшто мислите да направите некаков договор, а ова да остане како Дамаклов меч над главата. Зошто го ограничивте?,праша Вучиќ. Тој посочи дека МКС презел обврска која не знае како ќе ја спроведе. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаДрама на германски аеродром: Откриена дупка во оградата – некои летови откажаниБезбедносната ограда е пробиена на аеродромот во Лајпциг преку ноќ, а полицијата верува дека непознат автомобил влегол на аеродромскиот терен покрај руските товарни авиони „Антонов“ паркирани таму.Дупката во оградата е откриена околу 23 часот во саботата, соопшти полицијата, а портпаролката на полицијата Тереза Леверенц изјави дека летовите на северната страна од аеродромот се откажани по инцидентот, објави „Билд“, забележувајќи дека бројни товарни авиони на „Амазон“ морале да слетаат на јужната писта на аеродромот во Лајпциг. „Многу е веројатно дека возило ја пробило оградата. Сепак, за време на пребарувањето на областа преку ноќ, ниту возилото ниту неовластени лица не се пронајдени во аеродромскиот простор. Пребарувањето ќе продолжи денес, а северната писта останува затворена за воздушен сообраќај“, рече Леверенц. Во август, истражителите открија дрон натоварен со експлозив во близина на аеродромската писта, настан за кој германските власти подоцна ја обвинија Русија, објави „Ројтерс“. Русија ги негираше обвинувањата. Фото: ВИТагови: аеродром Германија драма Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишен од слобода 18 годишен кумановец, при претрес во дом пронајдено оружје, следува пријаваНа 17.10.2026 во 19:15 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Р.Д. (18) од Куманово. При претрес во неговиот дом извршен по судска наредба биле пронајдени автоматска пушка, рамки од автоматска пушка со 44 куршуми, испукана чаура, рачно изработена направа поврзана со тајмер и батерија. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.Тагови: оружје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветГолем пожар во канадска воена база: Има загинати (ВИДЕО)Голем пожар во воена база во канадскиот град Вејнрајт уби непознат број луѓе, објави денес локалната општинска власт во тој град.Беше објавено дека пожарот е предизвикан од „сериозен инцидент“, а надлежните служби сè уште работат на локализирање на пожарот, објавува „CNN“. Пожарот започнал во базата во Вејнрајт, град во источниот дел на покраината Алберта, и брзо се проширил поради силните ветрови, соопшти општината во објава на Фејсбук. Повикот за помош дошол околу 16:00 часот, соопшти Кралската канадска коњичка полиција во Вејнрајт, а канадскиот министер за одбрана Дејвид Мекгинти потврди дека има и смртни случаи и повредени, без да даде детали. NOW - Live firing incident hit gas line at CFB Wainwright in Alberta, Canada causing explosion that killed at least 7 military members and injured dozens more, igniting large fire on base. Hospitals overwhelmed with patients and under code orange. https://t.co/xuQ0lz8H1Z — Confidential Post (@C_Post_News) October 18, 2026 „Пожарот на терен сè уште не е изгаснат и наскоро ќе биде покрената истрага“, додаде тој. Канадската воена база Вејнрајт, која се наоѓа околу 210 километри југоисточно од главниот град на покраината Едмонтон, е една од најпрометните воени бази во земјата, наведено е на веб-страницата на владата. Болниците преполни Лекар во болница во градот Едмонтон, кој се наоѓа 180 километри северозападно од Вејнрајт, изјави за канадскиот национален јавен сервис дека пациентите се носат во болниците низ градот бидејќи здравствените установи во градот се „целосно преоптоварени“ со бројот на луѓе на кои им е потребна нега, објави Скај њуз. 🔥At least seven people died and dozens more were injured in an explosion and fire at the Wainwright military base in Canada. The incident occurred during a live-fire exercise, in the course of which a gas pipeline at the base was damaged. This triggered an explosion. https://t.co/JUC1bcjm8V — Abraracursix abdala (@Abraracurs64713) October 18, 2026 „Овој број на пациенти би го преоптоварил градот Едмонтон“, изјави за „CBC News“ д-р Ворен Тирск, лекар од итна помош во болницата Ројал Александра. „Ова е повеќе пациенти отколку што би сакал да изброи кој било од нас во овој момент. Тоа е катастрофа. Ова е катастрофа што се случува еднаш на секои 15 до 25 години.“Тагови: канада пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБрвеница избира нов градоначалник: Право на глас имаат 16.256 граѓани10:10Светски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42