Вучиќ видно нервозен по средбата со Макрон, откри за што разговарале - Канал 5

Вучиќ видно нервозен по средбата со Макрон, откри за што разговарале

Српскиот претседател Александар Вучиќ ѝ се обрати на јавноста по средбата со францускиот претседател Емануел Макрон.

Вучиќ видно нервозен по средбата со Макрон, откри за што разговарале

Тој изјавил дека најверојатно нема да се сретне со косовскиот премиер Албин Курти, пренесува Нова.рс. Со Макрон разговарал за сериозноста на пристапот кон решавање на проблемите на Косово и Метохија, но и за луѓето кои се фрустрирани бидејќи таму ништо не е решено 10 години.

„Макрон е претседател на Франција, втората по големина земја во Европа, а јас сум претседател на мала, но горда земја. Се знаеме долго време, верувам дека има уште многу пред нас. Има повеќе детали, но денес не е ден за сите“, рече Вучиќ.

Вучиќ беше видно нервозен речиси цело време откако ѝ се обрати на јавноста. Во неколку наврати го крена гласот, што укажува дека разговорот не бил цело време позитивен. Вучиќ додаде дека најверојатно нема да се сретне со Курти.

„Србите јасно кажаа кои се нашите барања. Никогаш не сум оптимист, имав добра средба во однос на билатералните односи, зборувам за Франција. А кога е во прашање Приштина, не сум оптимист. Донесов документи за табличките и му ги покажав на Макрон.Нема да го дозволат затоа што еднострано го откажаа во 2020. Само барам она што пишува“, рече Вучиќ.

На новинарско прашање како ја коментира изјавата на претседателот на движењето Срце, Здравко Понош, дека повеќе ја подигнал борбената готовност од Тито, тој изјави дека е „лековито“. „Зголемувањето на борбената готовност е корисно, речиси лековито. А оние што ги потопија тенковите, зборуваа за зголемување на борбената готовност“, рече тој.

„Не ми треба никој да ми објаснува како го загрозив ова или она, и колку е студено овде во Париз. Да ја водиме државата на одговорен начин, ние сме слободна земја. Се бориме за независност на Србија и почитување на ставовите“, рече Вучиќ, а потоа зборуваше за некои одлуки што наскоро ќе ги донесе.

„Ќе излезам пред народот и ќе кажам, ако треба да кажам, ајде сега одам на работа“, заклучи Вучиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Изборните анкети во Србија без конкретен фаворит- предвидуваат победа и за Вучиќ и за студентската листа

Мртва трка со само неколку проценти предност за партијата на Вучиќ, односно за Студентската листа, предвидуваат изборните анкети на ден пред изборите во Србија. 

Изборните анкети во Србија без конкретен фаворит- предвидуваат победа и за Вучиќ и за студентската листа

Според „Нова српска политичка мисла“ , Студентската листа е во предност за 2 процента пред Вучиќ или 44,5 наспрема 42,7 проценти. ИПСОС , пак предвидува победа на Вучиќ со предност од 7,4 проценти пред Студентската листа или 47,4 наспрема 40 проценти.

Вонредните парламентарни избори во Србија, кои ќе се одржат на 25 октомври, ќе бидат 15-ти парламентарни избори во таа земја од 1990 година, а воедно и јубилејни, десетти вонредни избори. Право на глас имаат околу шест и пол милиони гласачи, кои ќе изберат 250 претставници во српскиот Парламент.

Според политичките проценки, ова се најважните парламентарни избори во Србија од падот на Слободан Милошевиќ во октомври 2000 година.

Главната битка се води помеѓу две листи - онаа на Александар Вучиќ и студентската листа, која во моментов е негов најголем противник.

Вучиќ се обидува со овие избори да ја врати премиерската функција и на тој начин да остане на власт, која ја држи од 2012 година. Ова се и првите избори на кои Вучиќ не е фаворит и на кои студентската листа има големи шанси за победа.

Секако, конечната пресуда ќе ја дадат гласачите, а многу ќе биде познато веќе во недела навечер, по 20 часот, кога ќе бидат објавени првите резултати. Доколку по овие избори во Србија се формира нова влада, тоа ќе биде 21-ва влада по ред од 1990 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 12 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, 10 возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ .

Лишени од слобода 12 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, 10 возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Од нив, 10 управувале возило без положен возачки испит и тоа: Д.Г.(20) и К.Д.(23), И.Ш.(28), С.Т.(20) сите од Скопје, Р.Ш.(22) од с.Морани, скопско, А.В.(20) од с.Радишани, скопско, Љ.М.(59) од с.Ресава, кавадаречко, Н.Ј.(35) од с.Слупчане, Општина Липково, и А.А.(18) од Прилеп и Д.К.(18) од с.Тополчани, прилепско. Со активна мерка - забрана возило управувале Д.Ќ.(47) од Велес и М.Б.(30) од Крушево. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, соопшти МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голема рација во Италија- полицијата врши претреси во повеќе градови поради насилните протести

Италијанската полиција изврши повеќе од 150 претреси во Милано, Монца и уште 20 градови, главно во Ломбардија, како дел од истрагата започната по немирите од минатиот викенд со кои се бори Италија, објави Анса.

Голема рација  во Италија- полицијата врши претреси во повеќе градови поради насилните протести

Италија се соочува со голем тест - за денес се планирани десетици протести.

Италијанската влада во среда усвои декрет за итни мерки за зачувување на јавната безбедност и борба против малолетничкиот криминал, по неодамнешните демонстрации и насилни судири во Милано.

Мерките предвидуваат превентивно притворање на малолетници, построги казни за организирано насилство и распоредување на дополнителни 500 војници на улиците на градот.

Според новите правила, се воведува претпоставка за здрав разум за малолетници кои наполниле 14 години, што значи дека ќе се сметаат за способни да го разберат значењето на своите постапки и да ги управуваат, освен ако не се докаже спротивното.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер