Вучиќ по средбата со Столтенберг: Им здодеавме на сите во Брисел со нашите поплаки

По средбата во Брисел пред јавноста се обратија претседателот на Србија, Александар Вучиќ и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Столтенберг рече дека „конструктивниот дијалог е единствениот начин за решавање на тензиите на Косово“.

„Ги повикувам сите страни да покажат воздржаност и да избегнуваат насилство“, додаде шефот на НАТО.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека за Србија е важна улогата на КФОР, која тој ја почитува, улогата на НАТО, која ја почитува. „Веруваме дека секогаш ќе можеме да најдеме разбирање меѓу Столтенберг и НАТО за да обезбедиме мир и стабилност. Не сакам да ја префрлам вината на никого“, рече Вучиќ.

„Сакаме да избегнеме каква било можност за ескалација или конфликт“, додаде тој. Во одговор на новинарски прашања, тој посочи дека српската војска и полиција „никогаш не ја преминале административната линија“.

„Поднесов список со сите напади врз Србите. Благодарен сум на НАТО што не излезе со такви невистини, за разлика од некои други“, рече Вучиќ. Српскиот претседател уште еднаш повтори дека неговата земја ќе остане воено неутрална.

„Србија е воено неутрална земја и така ќе остане. Нашата историја не е лесна, но сакаме да ја зајакнеме соработката со КФОР и НАТО и да избегнеме ескалација на конфликтот. Не мислиме дека сме предизвикале некаква провокација, но јас разбирам дека ние од Балканот сме им преку глава на сите во Брисел“, рече Вучиќ.

„Земјите на НАТО и нашите имаат поинаков поглед на ситуацијата на Косово. Она што го потпишавме е дека нивните специјални единици имаат ограничена можност да влезат на север. Тие тоа го оправдуваат со борба против криминалот. Ние сме во многу тешка позиција за тоа. Многу е тешко кога си во ќош и немаш каде друго да одиш, тоа му реков на Јенс.

Не очекувајте Србите да уживаат и да кажат колку им е убаво. Има нова генерација Срби кои нема да толерираат терор. Тие не го доживуваат Косово како независна територија, туку како територија на Србија и тоа нема да го толерираат“, рече Вучиќ и заклучи дека „за народот на Србија е важно што го објаснивме нашиот став“ во Брисел.

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер