Вучиќ по разговорот со Лајчак во Брисел: Не сум оптимист - Канал 5

Вучиќ по разговорот со Лајчак во Брисел: Не сум оптимист

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска во Брисел се сретна со специјалниот пратеник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, и рече дека не е оптимист.

Вучиќ по разговорот со Лајчак во Брисел: Не сум оптимист

Вучиќ денеска во Брисел се сретна со специјалниот пратеник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, и рече дека не е оптимист, бидејќи Приштина не сака да направи ништо за деескалација на конфликтот, јави дописникот на МИА од Белград.

- Разговарав со Лајчак, не сум оптимист. Имам причини. Како што реков, Приштина не сака на каков било сериозен начин да направи било што за деескалација на конфликтот и тоа за нас станува се поголем политички проблем. Затоа сакам да разговарам со генералниот секретар на НАТО, изјави Вучиќ по разговорот со Лајчак во Брисел.

Вучиќ оваа средба со Лајчак ја одржа во пресрет на неговите разговори со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

- Зборував со Лајчак за последната рунда технички разговори меѓу Белград и Приштина и начините за смирување на тензиите на теренот. Србија продолжува да инсистира на конкретни чекори за заштита на животите на Србите на Косово и Метохија, како и за спроведување на досега постигнатите договори“, напиша Вучиќ на инстаграм-профилот „будуќностсрбијеав“.

Во текот на денешниот ден во Брисел се одржаа разговори на ниво на главните преговарачи на Белград и Приштина, но тие завршија без директна средба на делегациите.

Делегацијата од Белград учествуваше на разговорите со европскиот пратеник Мирослав Лајчак, а со него одделно разговараше и шефот на делегацијата Петар Петковиќ.

За овие разговори Лајчак на Твитер соопшти дека се „разговарало за бројни прашања поврзани со дијалогот, почнувајќи од спроведувањето на договорот постигнат на 27 февруари и за деескалацијата на северот на Косово“.

Разговорите ќе продолжат и во наредниот период, додаде тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бездомник отвори куфер полн со пари и почна да им ги дели на минувачите- мислеле дека е шега, се вмеша и полицијата

Тој им е познат на властите и живее во близина на железничката станица во италијанскиот град Белуно, каде што поставил шатор. 

Бездомник отвори куфер полн со пари и почна да им ги дели на минувачите- мислеле дека е шега, се вмеша и полицијата

Сепак, во последните денови се најде во центарот на вниманието од многу необична причина.

Бездомник од Ирак, познат на граѓаните како Хајдер, се појавил со куфер полн со пари и почнал да им ги дели на минувачите, објавува „Кориере дел Венето“.

Не зборува италијански

„Некои ги зедоа банкнотите и ги ставија во џебовите, додека други мислеа дека е шега“, вели Марко Дал Понт, градски советник за социјални прашања.

Други реагираа поинаку - со тоа што ја повикаа полицијата, која кај бездомникот пронашла 4.390 евра. Парите биле предадени на градската администрација, во исчекување на деталите од необичната приказна.

Хајдер е познат на социјалните служби и живее во Белуно веќе неколку месеци. Тој не зборува италијански и не одговара на луѓето што му пристапуваат.

Локалните медиуми објавуваат дека не можел или не сакал да објасни од каде се парите што ги носел во куферот. По краток разговор со властите, тој се вратил во својот шатор.

„Целиот случај е необичен“

„Сите го познаваат и морам да кажам дека е добро примен од луѓето. Многумина се обиделе да му помогнат, нудејќи му храна и сместување, што тој го одбил“, додаде Дал Понт.

Социјалните служби го познаваат и ги следат неговите движења и постапки.

„Сепак, целиот случај е навистина необичен“, рече градскиот советник.

Банкноти од 50 евра беа пронајдени во куферот и на улицата, а засега се шпекулира од каде доаѓаат.

„Мора да одлучиме што да правиме со парите што ги најдовме, но само по консултација со властите“, заклучи Дал Понт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

10 исчезнати при судир на два трговски брода во Мраморното море

Турските спасувачи трагаат по 10-член екипаж, откако два трговски брода се судрија во Мраморното море, во близина на Истанбул.

10 исчезнати при судир на два трговски брода во Мраморното море

Инцидентот се случил рано утрината кај истанбулската крајбрежна општина Сили-Ври, кога надлежните целосно го изгубиле радио и техничкиот контакт со еден од двата брода, кој потонал во морето. На еден од танкерите немало видливи оштетувања и екипажот бил безбедно евакуиран, но судбината на десетте морнари од вториот товарен брод засега останува непозната. Веднаш по поморскиот инцидент, турската крајбрежна стража упати спасувачки патролни бродови и специјални хеликоптерски екипи.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Со помош од државата, винарските визби ќе го откупат целото винско грозје

Девет години сум градоначалник и деветта година учествувам во преговорите за откуп на грозјето. 

Јанчев: Со помош од државата, винарските визби ќе го откупат целото винско грозје

„Од утре ќе почне уште поинтензивно со откуп на грозјето, пред сѐ смедеревка и вранец.“, рече градоначалникот Митко Јанчев. „Оваа година покрај тоа што се реши законот за цени на винското грозје не е ништо полоша од претходните години.“

„Оваа Влада, односно министерот кој е дојден пред само два месеци им аат план за натамошен развој и на лозарството и на винарството. Таа параноја и луѓето кои сакаат да ја наметнат , а се надвор од лозарството и винарството ,сакам да демантирам и да кажам дека оваа година организацијата е на ниво, откупот е отпочнат.“ рече градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер