Вучиќ: Односите меѓу Србија, Македонија и Албанија никогаш не биле подобри

Односите меѓу Србија, Македонија и Албанија никогаш не биле подобри, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ

Задоволни сме со она што го имаме. Односите меѓу Србија, Македонија и Албанија никогаш не биле подобри, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ на Светскиот економски форум во Давос, говорејќи за иницијативата „Отворен Балкан", јави дописникот на МИА од Белград.

– Луѓето мислат дека треба да бркаме некого за да го оправдаме своето постоење. Не мораме. Ги поканивме сите. Среќни сме со тоа што го имаме, би сакале да имаме повеќе, но задоволни сме. Имаме добра соработка со сите, изјави српскиот претседател за ТВ Пинк од Давос.

Според Вучиќ, кој сака соработка е добредојден во иницијативата.

– Имате голем пад на популарноста на ЕУ не само во Србија, туку и во Македонија. Имате клацкалка, треба да се прашаме како би гласал денес народот. Мора да има вина и на некои земји членки, а не само наша вина, изјави Вучиќ.

Тој порача дека не може во секое време да се бара од една земја да ја менува својата политика, како што некој ќе мисли дека треба да се менува.

– Србија е на европскиот пат, тоа е единствената политика што ја има Србија, но немојте наместо тоа што го направивте за нас, да слушаме дека треба да воведеме санкции. Србите и граѓаните на Србија се сеќаваат на она што се случи пред повеќе од 20 години. Не можете да се преправате дека се е исто. Треба да се обидете да разберете, да слушнете. Знаеме дека тоа е минато, но барем слушајте не, слушнете ги нашите маки. Не ни повторувајте секој ден што сакате од нас. Ние имаме свој народ, додаде Вучиќ.

На маргините на Светскиот економски форум во Давос, Вучиќ денеска разговараше и со црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ, кого го поканил да присуствува на претстојниот самит на Отворен Балкан во Охрид. /МИА

Сафади: Јордан нема да дозволи да биде вмешан во судирот меѓу Иран и Израел

Јордан нема да дозволи да биде во центарот на конфликтот меѓу Иран и Израел и со тоа да ја загрози безбедноста на своите граѓани.

Јордан нема да дозволи да биде во центарот на конфликтот меѓу Иран и Израел и со тоа да ја загрози безбедноста на своите граѓани, соопшти Министерството за надворешни работи на оваа земја, повикувајќи се на зборовите на јорданскиот министер за надворешни работи Ајман Сафади до неговиот ирански колега Хосеин Амирабдолахијан.

„Сафади нагласи дека сегашната ескалација служи само за одвлекување на вниманието од израелската агресија врз Газа, чие запирање мора да биде приоритет“, се додава во соопштението, пренесува Ал Џезира.

Американски функционер претходно денеска изјави за Си-Ен-Ен дека Израел го нападна иранскиот град Исфахан како одмазда за нападот на Иран врз Израел на 13 април, а иранските медиуми објавија дека три беспилотни летала биле соборени над Исфахан.

Иран го нападна Израел на 13 април со околу 300 беспилотни летала и проектили како одмазда за нападот на Израел врз конзулатот во Дамаск на 1 април, во кој загинаа командантот на иранската револуционерна гарда во Сирија и Либан, Мохамад Реза Захеди и неговиот заменик, како и пет полицајци кои ги придружувале.

Иранските власти, исто така, претходно оваа недела го критикуваа Јордан за отворање на воздушниот простор во одбрана на Израел за време на иранскиот беспилотен и ракетен напад.

Танцува на покрив на Ламборџини, реакцијата кога пука шофершајбната е хит (ВИДЕО)

Во ерата на социјалните медиуми, инфлуенсерите и креаторите на содржини сакаат да ги изненадат/шокираат корисниците, па често ги поместуваат границите.

Подготвени се да изведуваат разни подвизи и акробации, а едно такво видео веќе некое време кружи на интернет.

Прво беше објавено на Редит и прикажува девојка како се качува на покривот на скапо Ламборџини и почнува да танцува.

Веруваме дека љубителите на автомобили, особено на егзотичните, не гледаат со одобрување на оваа сцена. Да не зборуваме дека таа ја скрши шофершајбната газејќи на покривот.

MC dances on top of car and breaks the windshield 🤦‍♂️
byu/EthanthegamerGD inImTheMainCharacter

Таа и самата изгледа е шокирана од последиците, но не престанува да се смее и да танцува, пренесува NDTV.

„Што луѓето нема да прават за лајкови и кликови“, напишал еден корисник.

Времето и местото каде е снимено видеото не се откриени, а претпоставуваме дека сопственикот морал да издвои значителна сума за поправка на шофершајбната.

Реал пронајде замена за капитенот

Начо Фернандез, 34-годишниот капитен на Реал Мадрид, на крајот од сезоната го напушта Кралскиот клуб.

На Начо му истекува договорот и нема да го продолжи, пишува италијанскиот новинар Фабрицио Романо. Заминувањето на легендата на Реал значи дека клубот ќе мора да најде некој кој ќе го замени.

Романо тврди дека тоа е Лени Јоро, 18-годишниот централен дефанзивец на францускиот прволигаш Лил. Јоро покажал голем потенцијал оваа сезона играјќи за Лил на 39 натпревари. Тој постигнал три гола. Реал веќе некое време го следи овој млад човек, но тој не е единствениот. Го сака и ПСЖ. Трансфермаркт го проценува на 40 милиони евра.

притисни ентер