Превентивна активност на СВР Куманово за зголемување на свеста кај возачите да не управуваат возило под дејство на алкохол
2Превентивна активност на СВР Куманово за зголемување на свеста кај возачите да не управуваат возило под дејство на алкохол
3Лишени од слобода 16 лица на различни локации во државата, при преглед кај нив пронајдена е дрога, следуваат пријави
БалканВучиќ: Очекуваме и во иднина поддршка од Германија Претседателот на Србија изјави дека многумина што сакале да и пријдат, при првата прилика ќе кажат нешто против нејзините 16 години на власт, но дека Меркел за тоа време успеала да го сочува мирот и да се грижи за Западен Балкан.Вечерва, во заедничкото обраќање со германската канцеларка Ангела Меркел, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, уште еднаш ја изрази својата голема благодарност за нејзината посета на Белград, што, како што рече, е голем дел за нашата земја, како и за се` тоа го направи за Србија и Западен Балкан. Вучиќ рече дека Србија ќе се обиде да има најдобри можни односи со новиот канцелар на Германија, но дека ќе има само пофални зборови за Ангела Меркел. „Верувам дека со поддршка на Германија и во иднина, со поддршка на канцеларката Меркел, можеме да очекуваме само добри работи за Србија и регионот“, рече Вучиќ на заедничката прес -конференција. Меркел денеска рече дека прашањето за Косово нема да исчезне и мора да се реши, но дека некои прашања ќе бидат решени на крајот на еден процес, а српскиот претседател Александар Вучиќ истакна дека Србија е свесна за условот за влез во ЕУ. На прашањето на германска новинарка, дека пред 10 години, кога канцеларката Меркел била во Белград, на дневен ред било дека Србија мора да го признае Косово доколку сака да влезе во ЕУ, и дали тоа е неизбежен услов, таа нагласила дека некои прашања ќе да се решат на крајот на тој процес. Претседателот на Србија вечерва, на крајот од заедничкото обраќање до медиумите со Ангела Меркел, рече дека Србија е нејзиниот втор дом. Со благодарност за посетата, тој им рече на новинарите дека последните две години „ја молел“ германската канцеларка да го посети Белград. Претседателот на Србија вечерва изјави дека не можел да претпостави како ќе се одвиваат работите по прашањето за европската интеграција по политичката пензија на Ангела Меркел, но дека останува на Србија да ги спроведе реформите за сопствениот напредок. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва изјави дека Србија дури ја зголемила својата трговска размена со Германија три пати во последните 10 години и дека на нејзиниот економски развој и должи голема благодарност кон таа земја. Вучиќ потсети дека 17.000 луѓе работеле во германски компании во Србија во 2014 година, кога тој станал премиер, и дека денес таа бројка е 72.684. „За разлика од многу други, нашата благодарност не трае кратко, и кога таа не е тука како канцелар, ќе зборуваме на ист начин за она што таа го направи“, рече Вучиќ и истакна дека е горд што имал можност по многу години соработка,да биде еден од оние кои ја поздравуваат Меркел на крајот од нејзиниот мандат. Говорејќи денеска за важноста на Берлинскиот процес, инициран од германската канцеларка Ангела Меркел за земјите од Западен Балкан, Вучиќ рече дека претходно последната средба меѓу претставниците на Србија и Албанија била во 1947 година, додека сега тој и Еди Рама се гледаат меѓусебно секој месец за да градат автопати и отворени граници. Одговарајќи на прашањето на новинарите какви перспективи има во Берлинскиот процес откако Меркел ја напушта политиката, Вучиќ рече дека тој и Рама за првпат се сретнале со германската канцеларка како премиери на двете земји, што доволно зборува за важноста на Берлинскиот процесот и неговиот придонес. Претседателот на Србија претходно подготви свечен прием пред Палатата на Србија за германската канцеларка Ангела Меркел, заедно со наредената гарда и интонирање на химните на двете земји. За време на интонирањето на химната, која внимателно ја слушаше, канцеларката Меркел седна, што не е прв пат кога станува збор за официјални посети, со оглед на нејзината здравствена состојба, објави Танјуг. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
МетеоУтре сончево и релативно топлоУтрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 27 степени. Во следните денови времето ќе биде релативно топло. До среда утрата ќе бидат ведри и студени, а во текот на денот ќе преовладува сончево време. Од четврток ќе има зголемување на облачноста и утринските температури ќе бидат во пораст. Услови за локален дожд ќе има во петок.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
МакедонијаПревентивна активност на СВР Куманово за зголемување на свеста кај возачите да не управуваат возило под дејство на алкохолВо рамки на активноста беа користени специјални наочари, кои им овозможуваат на граѓаните да ја увидат намалената способност за управување возило доколку се под дејство на алкохол.Вчера (03.10.2026), полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово и Општинскиот совет за превенција во Куманово реализираа сообраќајна превентивна активност за подигање на свеста на граѓаните и степенот на сообраќајна култура, а посебен акцент беше ставен на свесноста кај возачите да не управуваат возила под дејство на алкохол, со оглед на тоа дека алкохолот сериозно ги намалува возачките вештини, ги нарушува психомоторните способности и претставува сериозна закана по нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. Во рамки на активноста беа користени специјални наочари, кои им овозможуваат на граѓаните да ја увидат намалената способност за управување возило доколку се под дејство на алкохол.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваКучето кое влета на стадионот стана „славно“ (ФОТО)Во дуелот со Шкотска кој донесе разочарување за македонските навивачи, куче кое влета на теренот и заради кое имаше прекин во првото полувреме, се чини стана голем хит.Моментот кога овој натрапник влета на теренот беше реристриран на видео снимките а дел од светските спортски портали и списанија буквално го врамија на насловните страници. Кучето кратко беше на теренот по што го напушти стадионот. Scotland lead against North Macedonia thanks to Kieron Bowie's goal, but one home supporter in particular was not happy about it... A dog invaded the pitch at the Toše Proeski Arena in Skopje shortly afterwards and took a liking to left-back Sebastian Herrera. https://t.co/mSLelPsqCl — The Athletic | Football (@TheAthleticFC) October 3, 2026 Тагови: куче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05