Вучиќ: „Мини Шенген" ќе ги промени работите на Балканот - Канал 5

Вучиќ: „Мини Шенген" ќе ги промени работите на Балканот

„Мини Шенген" ќе ги промени работите на Балканот и потврдува дека сме способни самите да одлучуваме за себе.

Вучиќ: „Мини Шенген" ќе ги промени работите на Балканот

Регионалната иницијатив што досега беше позната како „Мини Шенген" е победа за иднината, нешто што ќе ги промени работите на Балканот и потврда дека сме способни самите да ослучуваме за себе, да го подобруваме животот на нашите граѓани, изјави пртетседателот на Србија Александар Вучиќ во воведното обраќање на Економскиот форум во Скопје.

-Кога започнавме со оваа иницијатива на сите нам тројца ни се причини дека оваа иницијатива е нешто што е добро, што е победа за идинината и нешто што ќе ги промени работите на Балканот. Сите оние работи за коишто многу лесно ги наоѓавме недостатоците едни на други, со многу леснотија наоѓавме причини за меѓусебни кавги. И кога разговаравме за ова сметавме дека би било многу добро за сите оние кои што ни се најблиски, а Србија и Албанија никогаш не биле толку многу блиски, но сите имавме различни проблеми, меѓутоа решивме од гледање во минатото, доаѓаат, на нашите деца. Во минатите две години развиваме една искрена доверба помеѓу нас во смисла на развивање на односите кон регионот, кон ЕУ и кон светот. Ние сите сме на европскиот пат, меѓутоа не сме ниту глупави ниту наивни да веруваме дека некој ќе работи во полза на нашите земји доколку ние тоа самите не го правиме. Затоа е особено важно за луѓето во нашите земји да им покажеме како во Албанија, така и во Македонија и во Србија дека сме во можност и способни сме самите да одлучуваме за себе, да го подобруваме животот на нашите граѓани, да одиме на нашиот европски пат, да работиме со сите, но да не чекаме дека некој ќе не води и насочува. Спремни сме да ја земеме судбината во свои раце и да работиме во интерес на нашите граѓани, посочи Вучиќ.

Нагласи дека е многу важна полната доверба која веќе се случи меѓу тројцата, затоа што сето она што стои зад овој предлог е за добробит на сите и нема скриена агенда. Укажа на предностите кои ќе ги донесе олеснето движење на луѓето, капиталот, добра и услуги, камо и во однос на привлекувањето на странски инвестиции.

-Ни се отвараат големи, бескрајни можности и се од полза за сите три земји. Нашите три земји ќе ја завршат годината со вкупно 76 милијарди евра БДП, тоа е БДП помал од една Словачка. Колку години ни се потребни да го стигнеме. Десетина години?. Не, за само 5-6 години максимум и ги престигнуваме. Тогаш почнуваме во потполност да ги менуваме позициите и силите и може да работиме на развојот и да ја покренеме машинеријата на развојот на овој регион. За тоа ни се потребни бизнисмените, деловните луѓе кои ќе можат да ги резинсвестираат своите пари, рече Вучиќ.

Мораме да го оставиме минатото зад нас и да гледаме иднината, напредокот на животниот стандард на обичните граѓани, порача српскиот претседател.

-Ова не е насочено кон никого, а тоа е единствената цел нашите граѓаните да живеат подобри, нешто што е свето. Секогаш ќе имаме противници на оваа идеја, кои не размислуваат на економијата на нешто долгорочно, кои размислуваат на следните избори и кои во се бараат некој недостаток…Ние ќе се обидеме и ќе дадеме се од себе. Едниот услов е довербата што ја имаме, а другиот е трите земји или влади да можат брзо да постигнат резултати, дали ќе можеме да ги надминеме сите слабости на нашата администрација или нема да можеме. Ако можеме да го сториме тоа на 1 јануари 2023 година – веќе нема да имаме граници меѓу нашите земји. Има граници, но нема граници за нашите граѓани. Одите од Белград до Тирана и никој нема да ве запре никаде, рече Вучиќ во своето обраќање на Форумот во Скопје.

Следната средба во рамки на иницијативата Вучиќ ја најави за два три месеци во Белград

„Поврзан Балкан" е насловен главниот панелот кој следи на Регионалниот економски форум во Скопје на кој се приутни претставници на повеќе од 300 компании од регионот и од меѓународни институции. На настанот ќе биде објавено новото име на регионалната иницијатива што досега беше неформално нарекувана како „Мал шенген" и ќе бидат потпишани трилатерални договори што, според најавите, ќе го подобрат животот на граѓаните и на бизнис заедницата од Западен Балкан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција со пресврт до убедлива победа над Белгија

Најдобрата фудбалска репрезентација на Франција, синоќа по резулатски пресврт ја победи Белгија со 4–1 во Париз, во натпревар од 4. коло на групата А1 во Лигата на нации.

Франција со пресврт до убедлива победа над Белгија

Белгија поведе во 35. минута со голот на Доди Лукебакио, по асистенција на Ромео Лавија. Франција направи голем пресврт во продолжението од натпреварот, предводена од клучниот придонес на Мајкл Олисе, Дезире Дуе и Рајан Шерки, кои влегоа во игра во второто полувреме. Дуе израмни во 77. минута, а само четири минути подоцна Шерки постигна гол за водство на Франција, по асистенција на Олисе. Потоа, Олисе постигна уште два гола – во 88. минута и во судиското надополнување (90+1).

На вториот натпревар од групата А1, Италија ја победи Турција со 3–1 во Болоња.

По вчерашните средби Франција е на чело на групата со 10 бода, Италија има седум, а Белгија шест, додека Турција е без бодови.

На другите натпревари од Лигата на нациите синоќа: Босна и Херцеговина – Полска 1–0, Романија – Шведска 0–1, Северна Ирска – Грузија 0–0, Украина – Унгарија 1–2, Црна Гора – Ерменија 0–0 и Кипар – Латвија 2–1.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НУ Народен Театар Битола со две награди на Денови на комедија во Куманово

Со доделувањето на наградите на најдобрите, заврши годинешното 29.издание на Фестивалот „Денови на комедија“ во Куманово, кој оваа година се одржуваше од 23 септември до 5 октомври.

НУ Народен Театар Битола со две награди на Денови на комедија во Куманово

НУ Народен Театар Битола доби две награди и тоа за најдобра режија: Марјан Георгиевски и за најдобра костимографија: Андреј Георгиевски, за претставата „Секстет“.

Со својата изведба екипата на оваа претстава повторно ја воодушеви и ја насмеа до солзи публиката која ја исполни салата до последното столче. „Секстет“, комедијата од Марк Камолети, и овојпат покажа дека добрата комедија не познава граници – се игра, се чувствува и се споделува со публиката.

Во претставата играат: Бернар -Николче Пројчевски, Жаклина-Катерина Аневска Дранговска, Роберт -Александар Димитровски, Сузан-Сандра Грибовска Илиевска, Сузет -Анастасија Чипуровска, Џорџ-Борче Ѓаковски. Сценографијата е на Влатко Чачоровски, музика -Александар Димовски.

Во текот на фестивалските денови, публиката имаше можност да проследи театарски претстави исполнети со хумор, квалитетна актерска игра и препознатлива фестивалска атмосфера преку изведбата на театрите од Македонија и земјите од регионот. Фестивалот беше затворен со претставата надвор од конкуренција, „Не можам да платам, не сакам да платам“ на Театар Куманово, посветена на годинешниот лауреат Игор Џамбазов,

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и туризам и од Општина Куманово.

Честитки за целата екипа, да се множат успеси и убави претстави!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Руски дрон погоди мост на реката Днепар во Запорожје

Пет лица се повредени, а сообраќајот беше привремено запрен по рускиот напад врз мост на реката Днепар во Запорожје.

Руски дрон погоди мост на реката Днепар во Запорожје

Оваа информација на „Телеграм“ ја соопшти Михајло Семикин, вршител на должноста началник на Регионалната воена управа на Запорожје.

Според најновите информации, во нападот се повредени две жени на возраст од 24 и 59 години и тројца мажи на возраст од 36, 43 и 54 години. Двајца од мажите – на возраст од 43 и 54 години – се вработени во Црвениот крст кои биле нападнати додека оделе на работа.

Првичните извештаи укажуваат дека тие биле хоспитализирани со полесни повреди. Сите повредени добиваат медицинска помош.

Семикин потврди дека сообраќајот на мостот е ограничен. „Непријателот нападна еден од мостовите преку реката Днепар во Запорожје.

Поради нападот, сообраќајот на мостот е привремено ограничен“, се наведува во соопштението. Жителите на Запорожје се повикани да ги прилагодат своите планови за патување со оглед на сообраќајните ограничувања и да ги следат официјалните соопштенија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер