Вучиќ: Ќе имаме две фабрики за вакцини со 30-40 милиони дози годишно - Канал 5

Вучиќ: Ќе имаме две фабрики за вакцини со 30-40 милиони дози годишно

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва посочи дека имал добри разговори со Метју Палмер и Мирослав Лајчак и дека тие не понудиле никаков нон-пејпер за решавање на косовското прашање.

Вучиќ: Ќе имаме две фабрики за вакцини со 30-40 милиони дози годишно

"Нема нон-пејпер. Суштината е дека Палмер не крие дека тие бараат заемно признавање во согласност со она што го напиша претседателот Џо Бајден, ЕУ бара нормализирање, што го објасни Лајчак, ние бараме компромис, и не сум сигурен дека Албанците се подготвени за компромис и тоа е тоа “, рече Вучиќ во интервју за РТС.

Претседателот на Србија, вечерва објави дека Србија ќе има две фабрики за вакцини и дека ќе произведува од 30 до 40 милиони дози годишно.

„Вакцината сега е моќно оружје, вакцината е живот“, рече Вучиќ за РТС, додавајќи дека една фабрика ќе биде на Торлак, а другата ќе се гради.

Српскиот претседател изјави дека Србија не може да издржи уште една година во пандемија, но верува дека ќе ја преживееме економската криза полесно од 90 проценти од другите.

„Не е утешно, но морам да ја кажам вистината“, истакнал Вучиќ во интервјуто за РТС, потсетувајќи дека нема туристи, но за среќа во земјата се отвораат фабрики и се привлекуваат инвеститори.

Вучиќ изјави и дека е горд на помошта на Србија и нејзините граѓани со вакцини за земјите од регионот, како и дека Србија сака да има најдобри односи со соседите.

Тој на ова одговори како гостин во РТС на прашањето како ги толкува реакциите во регионот на неговата силна дипломатска иницијатива во регионот со вакцините од Србија и како што ги нарекле „вакцините на Вучиќ“ во БиХ.

Вакцинацијата почнува да дава резултати, изјави Вучиќ.

„За прв пат, гледаме како вакцинацијата дава резултати, но мора да поминеме половина милион ревакцинирани и да поминат три недели“, објасни тој за РТС.

Претседателот на Србија, објави и дека државата ќе им помогне на економијата и граѓаните и невработените во рамките на пакетот, со добивање на дополнителни 60 евра во јуни.

Вучиќ, како гостин во РТС, рече дека невработените, како и сите возрасни граѓани, ќе добијат по 30 евра двапати, во мај и ноември, но и уште 60 евра во јуни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Амал Клуни блесна во златен фустан

Сопругата на холивудската ѕвезда Џорџ Клуни убавата Амал привлече внимание во златен фустан.

Фото: Амал Клуни блесна во златен фустан

Амал Клуни блесна синоќа на еден настан во Лондон. Може да се каже дека вниманието овој пат беше насочено кон нејзината неверојатна креација.

Синоќа во Лондон се одржаа наградите „Албис“ (Albies Awards), а на гала-настанот присуствуваа бројни славни личности. Вниманието на јавноста го привлече еден пар кој повеќепати се нашол во центарот на вниманието поради своите модни комбинации.

Џорџ и Амал Клуни беа добредојдени гости на овој настан, а познатата адвокатка не се двоумеше да блесне во гламурозно издание на црвениот тепих.

Таа избра златен фустан од модната куќа „Гучи“, кој ја следи линијата на телото и ја истакнува нејзината витка фигура. Станува збор за креација со спуштени раменици што ги спојува модерниот гламур и класичната елеганција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Дилета Леота е повторно во топ форма

Уште едно заводливо издание на најубавата спосртска новинарка во Италија.

Фото: Дилета Леота е повторно во топ форма

Дилета Леота привлече многу погледи од целиот свет. Овој пат, таа едноставно ја откопча кошулата.

Леота уште еднаш покажа зошто важи за една од најатрактивните спортски новинарки на светот.

Русокосата убавица често избира комбинации што ја истакнуваат нејзината витка фигура, а особено бујните гради.

На Инстаграм, каде што редовно објавува фотографии од својот деловен и приватен живот, таа сподели компилација од фотографии од Рим.

Покрај прекрасните кадри од градот, вниманието го привлече и со својот сведен, а сепак шик изглед. За обична прошетка, таа облече бела кошула со длабоко деколте, која ја искомбинира со златни модни додатоци.

Ја пушти косата слободно да паѓа, а шминката беше во дискретни, земјени тонови што ја истакнуваа нејзината убавина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Баерн Минхен му нуди на Олисе годишна плата од 25 милиони евра

Германскиот гигант Баерн Минхен подготвува понуда за продолжување на договорот на Мајкл Олисе, со што тој би станал најплатениот играч во тимот и би се спречил неговиот трансфер во Реал Мадрид. 

Баерн Минхен му нуди на Олисе годишна плата од 25 милиони евра

Според информациите на германскиот „Скај“, францускиот напаѓач би можел да потпише договор до 2032 година, а неговата годишна плата би се зголемила на над 25 милиони евра.

Токму толку заработуваат Хари Кејн и Џамал ​​Мусиала, додека моменталната плата на Олисе изнесува 14 милиони евра.

Овој потег на баварскиот клуб е директна реакција на интересот од Реал, кој сè уште будно ја следи ситуацијата, пишува шпанскиот весник „АС“.

Раководството на Баерн има намера да ги забрза преговорите со Олисе веднаш штом ќе се финализира потпишувањето на новиот договор со Хари Кејн.

Сепак, Олисе поставува јасен услов за продолжување на соработката: Бара во договорот да биде вклучена откупна клаузула.

Таквата одредба му овозможи да се пресели од „Кристал Палас“ во Минхен за 53 милиони евра во 2024 година, а тој сака да ја задржи контролата врз својата иднина.

Иако Баерн вообичаено избегнува вакви договори, агентот на Олисе, Глен Твенебоа, инсистира дека клаузулата е неопходен дел од новиот договор.

„Мајкл неверојатно напредуваше кај нас и сега е еден од најдобрите играчи во светот. Многу сме среќни што е со нас. Неговиот договор важи до 2029 година, така што нема притисок. Тој се чувствува одлично во Баерн и во редовен контакт сме. Како што реков, не брзаме“, изјави спортскиот директор Кристоф Фројнд.

Вклучувањето на откупна клаузула значително би ја зајакнало преговарачката позиција на францускиот фудбалер. Во Баерн се подготвени да му го понудат статусот на најплатен фудбалер, но истовремено се свесни дека времето не работи во нивна корист. Секоја сезона без нов договор теоретски би можела да ја намали цената на неговиот иден трансфер. Се спомнува дека износот на клаузулата би бил поголем од 200 милиони евра. Во Реал Мадрид проценуваат дека Олисе веројатно ќе остане во Минхен, но исто така признаваат дека нивниот интерес значително ја зголемил цената за продолжување на неговиот договор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер