Филипче: Нема држава што прави втор ребаланс на буџетот тоа е најголем доказ за лошото менаџирање на државата
2Филипче: Нема држава што прави втор ребаланс на буџетот тоа е најголем доказ за лошото менаџирање на државата
Препознај ја лажната вест, играј и научи: Јуроп хаус ги повикува младите да ја испробаат „Escape Fake“
2Препознај ја лажната вест, играј и научи: Јуроп хаус ги повикува младите да ја испробаат „Escape Fake“
БалканВучиќ го информирал Борел за разговорите со Ковачевски и Рама за присуство на Самитот на ЕУ-ЗБВучиќ го информираше високиот претставник Борел дека утринава разговарал со премиерите на Албанија и Македонија, Еди Рама и Димитар Ковачевски.Српскиот претседател Александар Вучиќ телефонски разговараше со високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, при што го информирал за денешниот негов разговор со премиерите на Македонија и Албанија, Димитар Ковачевски и Еди Рама посветен на претстојниот Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел, јави дописникот на МИА од Белград. – Во пресрет на претстојниот Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел, претседателот Вучиќ го информираше високиот претставник Борел дека утринава разговарал со премиерите на Албанија и Македонија, Еди Рама и Димитар Ковачевски и дека е постигнат договор по консултациите со владите и советниците, утре напладне да ја соопштиме заедничката одлука за евентуално учество на овој собир, се наведува во соопштението на Прес-службата на Кабинетот на српскиот претседател. Според соопштението, Борел изразил задоволство од напредокот постигнат во дијалогот Белград – Приштина на состанокот на главните преговарачи и специјалниот пратеник на ЕУ Мирослав Лајчак, кои заедно го усвоија Патоказот за спроведување на енергетскиот договор. Вучиќ на разговорот порачал дека Србија е посветена на дијалогот како единствен начин за решавање на отворените прашања и постигнување одржлив договор во корист на секојдневниот живот на Србите и Албанците, како и на мирот и стабилноста во регионот. Претходно, Вучиќ преку Инстаграм информира за неговиот денешен видео конференциски разговор со Ковачевски и Рама посветен на претстојниот Самит ЕУ – Западен Балкан, нагласувајќи дека одлуката за тоа дали ќе присуствуваат на средбата сите тројца ќе ја објават утре. Вучиќ додаде дека со Рама и Ковачевски размениле мислења за идните чекори на заедничката иницијатива Отворен Балкан, пред се за Саемот на вино кој ќе ги собере најдобрите винари од регионот, како и за следната средба на која треба да се разговара „за бројни прашања од интерес на граѓаните од трите земји". – Заедно се бориме за јасна перспектива на Западен Балкан, уште посилна соработка и подобро поврзување, наведе Вучиќ во објавата на Инстаграм. Самитот ЕУ – Западен Балкан, на кој се очекува учество на претставници на ЕУ и на лидерите од земјите од Западниот Балкан, треба да се одржи во четврток во Брисел, пред јунското заседание на Европскиот совет. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски до стипендистите: Верувајте во себе, Центар е покрај васГрадоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска им додели стипендии на осум ученици од социјално загрозени семејства од општинските основни училишта.На средбата во кабинетот, Герасимовски со децата разговараше за училиштето, предметите што ги сакаат и нивните желби и интереси. Стипендиите годинава изнесуваат по 4.500 денари месечно и ќе се исплаќаат осум месеци, од октомври 2026 до мај 2027 година. „Кога ги гледам овие деца, гледам талент, желба и храброст, кои не зависат од околностите во кои растат. Наша обврска е да им дадеме поддршка и да им покажеме дека не се сами. Овие стипендии се помош за нивните училишни потреби, но и поттик да веруваат во себе. Секое дете заслужува можност да напредува и да го оствари својот потенцијал“, порача градоначалникот Герасимовски. Тој им посака на учениците многу успеси и одлични оценки, охрабрувајќи ги да останат љубопитни, трудољубиви и упорни во учењето. Општина Центар стипендиите ги доделува секоја година, по една за ученик од секое од осумте општински основни училишта, со цел да им помогне на децата од семејства во социјален ризик и да обезбеди подобри услови за образование. За оваа намена, од Буџетот на Општина Центар за тековната учебна година се обезбедени вкупно 330.000 денари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизПејачката Теа Таировиќ проговори по итна операција: „Стомакот ми беше полн со крв“ Младата и атрактивна српска пејачка Теа Таировиќ откри дека ја игнорирала болката, а сега ги предупредува другите да го слушаат своето тело.Теа Таировиќ се јави од болница по операцијата, откривајќи дека во неделата, на 25 октомври, ѝ пукнал крвен сад во стомакот. Пејачката призна дека ја игнорирала болката и одбила хоспитализација по концертот во Франкфурт, убедена дека не ѝ е потребна медицинска помош. – Драги мои, голем поздрав до сите вас – за жал, од болнички кревет. Сакам да ве известам дека, за жал – веројатно повеќе за мене отколку за вас – нема да се дружиме во наредниот период поради моите здравствени проблеми – изјави Теа Таировиќ, додека во позадина случајно свиреше „тажна музика“, на што таа се пошегува и се насмеа. „Имав операција и се чувствувам добро; се надевам на што е можно побрзо закрепнување. Значи, ќе бидам добро – закрепнувам – и ќе објаснам што се случи, за да спречам какви било измислици или конструирање дополнителни дијагнози. Пред сè, сакам да кажам дека ова за мене претставува сериозен повик за будење; исто така, ова може да биде порака и за сите што го гледаат ова: мора да го слушате своето тело и да се грижите за него“, изјави пејачката, а потоа додаде: „По концертот во Франкфурт, стомачната празнина ми се наполни со крв. Дури и одбив хоспитализација во Франкфурт, верувајќи дека не ми е потребна и дека сум добро.“ Таа додаде дека се чувствува добро по операцијата и се надева на брзо закрепнување, а своето искуство го опиша како одличен потсетник. – Морате да го слушате своето тело и да се грижите за него – рече пејачката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФилипче: Нема држава што прави втор ребаланс на буџетот тоа е најголем доказ за лошото менаџирање на државатаНема држава што прави втор ребаланс на буџетот ова утринава го изјави пратеникот и лидер на СДСМ Венко Филипче.Според него тоа е најголем доказ за лошото менаџирање на државата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter