Вучиќ: Денеска во Брисел всушност уште еднаш ништо не се случи - Канал 5

Вучиќ: Денеска во Брисел всушност уште еднаш ништо не се случи

Денеска всушност уште еднаш ништо не се случи, верувам дека нашите пријатели од Скопје и Тирана заслужуваат да добијат отворање на почетокот на преговорите со ЕУ.

Вучиќ: Денеска во Брисел всушност уште еднаш ништо не се случи

„Верувам и дека до тоа ќе дојде што е можно поскоро, што не е прашање на молба, оти и двете земји сработеа се што е побарано од нив и навистина треба да го добијат заслуженото, изјави српскиот претседател на прес-конференцијата во Брисел по завршување на состанокот на лидерите на Западен Балкан и ЕУ, јави дописникот на МИА од Белград.

Тој им се заблагодари на премиерите на Македонија, Димитар Ковачевски и на Албанија, Еди Рама за фер односот кон Србија на денешниот состанок и изјави дека е неопходно да се прифати предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон за Европската политичка заедница.

– Само така може да се слушне нашиот глас и почесто да ги слушаме другите, европски колеги.-Верувам дека заедно со Европската политичка заедница која може да биде многу значајна за нас, ќе можеме сите заедно да решиме одредени прашања, особено тешките прашања за Македонија и Албанија, а во меѓувреме ќе се обидеме да го зголемиме нивото на соработка меѓу нашите земји, да ги подобриме односите и да видиме што може да направиме повеќе за нашите граѓани, за меѓусебните туристички посети, за работните дозволи и останатото од иницијативата на Отворен Балкан, што е идеја пред се на овие три земји, што секако дека не е забрането, изјави Вучиќ.

Според него, на состанокот имало добра дискусија и немало конкретни резултати за Западен Балкан.

– Ако можам да преведам она што ни беше важно денеска и ако анализирате, немаше конкретни резултати за Западниот Балкан и имавме добра дискусија. Никогаш не би потценил такво нешто. Ако ме прашате дали Македонија и Албанија добија датуми за почеток на преговори – не, Приштина не доби визна либерализација, БиХ не доби кандидатски статус… Бевме критикувани од многу членки за санкциите и тоа е тоа. Тоа е она што се случи ако сето тоа се сумира во конкретни ставки. Но, во политиката не секогаш се работи за конкретни работи. Сакаме да изградиме доверба, од таа гледна точка, мислам дека ова е важен состанок и дека Самитот беше добар, оцени Вучиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вардар против Мт Мелсунген на домашен терен ја завршува сезоната во ЕХФ Лигата на шампионите

Македонскиот ракометен шампион Вардар вечерва од 18-45 часот во Јане Сандански  ја затвара сезоната на европската сцена. противник на црвено црните е силниот германски преставник Мт Мелсунген.

Вардар против Мт Мелсунген на домашен терен ја завршува сезоната во ЕХФ Лигата на шампионите

Црвено-црните пред домашната публика ја затвораат европската сезона.

РК Вардар 1961 денес, 28 октомври, од 18:45 часот, во СЦ „Јане Сандански“ го пречекува германскиот МТ Мелсунген во натпреварот од шестото, последно коло од групната фаза на ЕХФ Лигата на шампионите.

Црвено-црните ќе се борат за втора победа во европската елита, со желба сезоната да ја заокружат со триумф пред своите навивачи. Поддршката од трибините ќе биде дополнителен мотив за Вардарци да го дадат максимумот и да се обидат да му се реваншираат на германскиот тим за поразот од 33:31 на првиот меѓусебен дуел во Касел, кога Вардар до самиот крај беше во игра за позитивен резултат.

Како горд партнер и силен поддржувач на РК Вардар 1961, Видеолотарија Касинос Австрија е повторно со црвено-црните и во овој нивен европски предизвик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција

Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција.Вкупно 187 обвинители со право на глас ќе избираат меѓу петмина кандидати.

Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција

Во трката се Фатон Азизи, Трајче Пеливанов, Лидија Раичевиќ, Искра Хаџи Василева и Јован Цветановски.

Гласањето е тајно и ќе трае од 8 до 16 часот. По завршувањето, резултатите ќе бидат сумирани на јавна седница.

Кандидатите во своите програми најавија борба против корупцијата и перењето пари.Меѓу приоритетите се и зајакнување на истражните капацитети и финансиските истраги.

Се најавуваат и поголема ефикасност и независност на Обвинителството. Изборот се спроведува поради истекот на мандатот на актуелниот шеф Ислам Абази.

Тој беше избран на функцијата во октомври 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро по неговиот пораз на претседателските избори

Американскиот претседател Доналд Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро.Одлуката доаѓа по неговиот пораз на претседателските избори во Бразил, пренесува Си-Ен -Ен.

Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро по неговиот пораз на претседателските избори

Според американски извори, визи добиле членовите на неговото семејство.Болсонаро, според медиумските извештаи, веќе пристигнал во Соединетите држави.не е познато каде слетал, ниту дали директно разговарал со Трамп.

Во Бразил тој е под истрага за сомневања за корупција и перење пари.Врховниот суд му наредил да ги предаде пасошите во рок од 24 часа.Болсонаро претходно негираше дека има намера да избега од земјата.Трамп изјави дека би го одобрил неговото доаѓање, критикувајќи го изборниот процес.

На изборите Болсонаро загуби од левичарскиот претседател Луис Да Силва кој освои повеќе гласови во вториот круг од гласањето.

Заминувањето на Болсонаро предизвика политички реакции и шпекулации за неговата иднина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер