Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро по неговиот пораз на претседателските избори
2Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро по неговиот пораз на претседателските избори
МетеоПроменливо облачно со сончеви периодиВремето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој наместа долж поширокото Повардарие повремено ќе биде силен (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 14 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Следува период на променливо облачно време. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во петок и во деновите од викендот ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТерористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39
МакедонијаЈавните обвинители денеска избираат нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупцијаЈавните обвинители денеска избираат нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција.Вкупно 187 обвинители со право на глас ќе избираат меѓу петмина кандидати.Во трката се Фатон Азизи, Трајче Пеливанов, Лидија Раичевиќ, Искра Хаџи Василева и Јован Цветановски. Гласањето е тајно и ќе трае од 8 до 16 часот. По завршувањето, резултатите ќе бидат сумирани на јавна седница. Кандидатите во своите програми најавија борба против корупцијата и перењето пари.Меѓу приоритетите се и зајакнување на истражните капацитети и финансиските истраги. Се најавуваат и поголема ефикасност и независност на Обвинителството. Изборот се спроведува поради истекот на мандатот на актуелниот шеф Ислам Абази. Тој беше избран на функцијата во октомври 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро по неговиот пораз на претседателските избориАмериканскиот претседател Доналд Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро.Одлуката доаѓа по неговиот пораз на претседателските избори во Бразил, пренесува Си-Ен -Ен.Според американски извори, визи добиле членовите на неговото семејство.Болсонаро, според медиумските извештаи, веќе пристигнал во Соединетите држави.не е познато каде слетал, ниту дали директно разговарал со Трамп. Во Бразил тој е под истрага за сомневања за корупција и перење пари.Врховниот суд му наредил да ги предаде пасошите во рок од 24 часа.Болсонаро претходно негираше дека има намера да избега од земјата.Трамп изјави дека би го одобрил неговото доаѓање, критикувајќи го изборниот процес. На изборите Болсонаро загуби од левичарскиот претседател Луис Да Силва кој освои повеќе гласови во вториот круг од гласањето. Заминувањето на Болсонаро предизвика политички реакции и шпекулации за неговата иднина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАМСМ: Промена на сообраќајниот режим на автопатот Кичево–ОхридНа автопатот Кичево–Охрид, на потегот меѓу Пресека и Песочан, кај клучката Арбиново, од денеска ќе се применува привремена измена на сообраќајниот режим поради работи за санација на левиот коловоз.Од Авто-мото сојузот на Македонија информираат дека на останатите државни патишта сообраќајот се одвива без пречки, при претежно суви коловози. Сообраќајот надвор од населените места е со умерен интензитет, додека на граничните премини од македонска страна засега нема подолги задржувања.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТерористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39