Над 350 загинати и 1.500 исчезнати во поплавите во Непал- снимен е почетокот на разорниот порој (ВИДЕО)
1Над 350 загинати и 1.500 исчезнати во поплавите во Непал- снимен е почетокот на разорниот порој (ВИДЕО)
БалканВучевиќ: Српската напредна странка е подготвена за избори-Тоа мора да го знаат сите во партијата и да бидат свесни за тоа. Нема однапред добиени избори. Ќе биде тешко, ќе има голема конкуренција, но ќе се бориме, рече Вучевиќ.Претседателот на владејачката Српска напредна партија (СНС), Милош Вучевиќ, денеска изјави дека оваа партија очекува покана од претседателот на Србија, Александар Вучиќ за разговори за распишување предвремени избори, јави дописникот на МИА од Белград. Вучевиќ во гостувањето на ТВ Хепи истакна дека СНС е подготвена за избори кои, како што рече, сигурно нема да бидат лесни. -Тоа мора да го знаат сите во партијата и да бидат свесни за тоа. Нема однапред добиени избори. Ќе биде тешко, ќе има голема конкуренција, но ќе се бориме, рече Вучевиќ. Тој додаде дека СНС ќе биде нападната и од левицата и од десницата, но дека оваа партија стоички ќе ги поднесе сите овие напади. -Доколку има договор за одржување избори до крајот на годината, ние сме подготвени. Сакаме да го провериме нашиот политички легитимитет, заклучи Вучевиќ. Вчера претседателот Александар Вучиќ во Скопје на прес-конференција по одржување на Самитот Брдо-Бриони на прес-конференција најави дека на барањето на опозицијата за одржување на вонредни парламентарни и избори за градот Белград ќе одговори, во писмена и усна форма, до крајот на септември.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотНорвешка: Здравствената состојба на кралот Харалд е исклучително сериознаЗдравствената состојба на норвешкиот крал Харалд, кој е хоспитализиран во Националната болница во Осло од 17 август поради компликации од крвна болест, се смета за „исклучително сериозна“.Здравствената состојба на норвешкиот крал Харалд, кој е хоспитализиран во Националната болница во Осло од 17 август поради компликации од крвна болест, се смета за „исклучително сериозна“, се вели во соопштението на кралската палата. Харалд (89), најстариот жив монарх во Европа, седна на престолот во 1991 година. Тој со години страда од сериозни здравствени проблеми, но одбива да абдицира и да му го предаде норвешкиот престол на својот син и наследник, принцот Хакон. Влошувањето на неговата здравствена состојба се совпаѓа со периодот во кој норвешкото кралско семејство е потресено од скандали поврзани со сопругата на Хакон, крунисаната принцеза Мете-Марит. Објавувањето на документите од случајот Џефри Епштајн во Соединетите Држави на крајот на јануари ја извади на виделина нејзината преписка со него од 2011 до 2014 година, кога тој веќе беше осуден за сексуални злосторства. Принцезата се соочи и со правни проблеми со својот син од претходна врска, 29-годишниот Мариус Борг Хеби, кој беше осуден на четири години затвор во јуни за две силувања и 32 други обвиненија за насилство. Тој поднесе жалба на пресудата. Самата Мете-Марит страда од неизлечива белодробна болест и во јули ѝ беше извршена трансплантација на бели дробови.Тагови: Харалд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНад 350 загинати и 1.500 исчезнати во поплавите во Непал- снимен е почетокот на разорниот порој (ВИДЕО)Најмалку 350 луѓе загинаа во катастрофални поплави и лизгање на земјиштето што ги погодија областите долж границата на Непал со Тибет, додека речиси 1.500 луѓе се водат како исчезнати.Една од најразорните сцени е снимена на 26 август во непалскиот округ Расува, кога ненадејни поплави ја зафатија областа околу реката Бхоте Коши. Работниците заглавени на патот на водата и огромната количина остатоци мораа да бегаат на повисоки места за да си го спасат животот. Според Геолошкиот завод на САД, поплавата е предизвикана од уривањето на глечер и протокот на остатоци што потоа ја зафатил областа. Наводно видео циркулира на социјалните мрежи на кое се гледа моментот кога огромна количина вода се упатила кон работниците. View this post on Instagram A post shared by Vivek Shrestha (@vivek357155) Според локалните медиуми, работниците биле спасени откако успеале да стигнат до повисоки места. Многу од исчезнатите се странци кои биле во погодената област планинарејќи или на поклонение на свето хиндуистичко место.Тагови: Непал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести72-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00Почина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
МетеоИ утре пеколно жешко со температура до 39 степениВремето и утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, информиораат од УХМР.МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 24 Попова Шапка, 28 Крушево, 31 Маврови Анови, Берово, 32 Охрид, 33 Претор, 34 Прилеп, 35 Крива Паланка, Битола, 36 Тетово, Виница, Штип, 37 Скопје Петровец, 38 Струмица, Велес, Демир Капија, Кавадарци, 39 Гевгелија. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес беше сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Дуваше слаб до умерен, повремено засилен, ветер од северозападен правец. До крајот на денот времето ќе биде стабилно и топло. ВРЕМЕТО УТРЕ Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за изолирана нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 24, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 22, а максималната ќе достигне до 39 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ За време на викендов претпладне ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter