3ВМРО-ДПМНЕ: Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард
БалканВучевиќ: Србија разочарана од реакцијата на КФОР-Од 1999 година Србија нема де факто власт на Косово, и на нашите власти им е потешко да ги соберат сите факти. Не велам дека е невозможно, но бара одредена доза на претпазливост, изјави Вучевиќ.Србија е разочарана од реакцијата на КФОР, изјави српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ и оцени дека „многумина избрзуваат со заклучоци“ за она што се случи во неделата во селото Бањска на Косово, јави дописникот на МИА од Белград. Тој за Радио телевизија на Србија додаде дека она што се знае е дека има мртви, ранети, уапсени и оти сега треба да се утврди што точно се случило. -Од 1999 година Србија нема де факто власт на Косово, и на нашите власти им е потешко да ги соберат сите факти. Не велам дека е невозможно, но бара одредена доза на претпазливост, изјави Вучевиќ. Тој додаде дека е лесно да се даваат изјави и да се натпреварува во медиумската активност, но посочи дека „мораме да ги заштитиме животите на Србите во Косово и Србија“. -Сценариото од неделата наутро до вчера водеше во насока дека Србија е иницијатор и спонзор на некакви терористички акции. Се подготвуваше сценарио дека ние сме лошите момци и ни беше наменета улога како во деведесеттите, а најмногу сме загрижени за положбата на Србите на Косово, особено на северот, изјави Вучевиќ. Според него, косовскиот премиер Албин Курти „го прогласил целиот север за зона на антитерористичка операција, што им овозможува да го прави она што го прави без правила и процедури“. Вучевиќ, кој е и лидер на СНС, рече дека Србија е разочарана од реакцијата на Кфор, за кој тврди дека требало веднаш да реагира. -Кој му дозволи на Курти косовската полиција да биде на север, кој му дозволи да гради бази, праша Вучевиќ и истакна дека Белград го осудува убиството на албанскиот полицаец, но дека „тоа што се случи потоа беше ужас – Србите беа прогонувани како ѕверови во шумите“. „Треба да носиме одлуки со ладна глава, да не се срамиме од нашите емоции, и треба да ги зачуваме Србите на Косово и во земјата“, рече Вучевиќ и посочи дека пред Србија се многу тешки времиња. Сите факти што треба да ни покажат што се случувало ноќта меѓу саботата и неделата се кај државните органи, со ограничувачки фактор дека не можеме да пристапиме на терен, повтори тој. -Многу е чуден моментот да се распоредат толку многу албански полицајци. Снимките од дрон покажуваат дека некој следел и чекал да дојде до размена на оган, рече Вучевиќ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?Дали Бугарија го даде конечниот одговор за идејата за вклучување европски претставници како посредници во дијалогот меѓу Скопје и Софија? Дали Бугарија го даде својот конечен одговор по предлогот европски претставници да се вклучат како посредници во дијалогот меѓу Скопје и Софија? Оваа дилема се отвори по вчерашната изјава на шефицата на бугарската дипломатија Петрова-Чамова, која како нетипични ги квалификуваше сите предлози да своевидно посредништо меѓу Македонија и Бугарија. Според Претседателот на Институтот за демократија, Марко Трошановски, ваквата изјава е јасен индикатор дека можат „да пропадне во вода“ нашиот обид да се вклулчиу директно Брисел во дијалогот. Вели Бугарија во овој случај има многу по комотна улога и може да ја диктира динамиката и форматот на разговорите. На сличен став е и аналитичарпт Петар Арсовски, кој смета дека и покрај ваквиот став на официјална Софија, напорите за дијалог да продолжат и ова да не предизвика никакво разочарување во Македонија. Инаку, вчера одговорајќи на новинарско прашање, бугарскта министерка за нодворешни работи.. кажа дека Бугарија не гледа потреба од посредник во разговорите со Македонија и дека прашањата поврзани со евроинтегративниот процес веќе се утврдени на европско ниво.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУХМР: Променливо време за викендот, од вторник затоплувањеПроменливо облачно за викендот и во понеделник, а од вторник затоплување – покажуваат прогновите на УХМР. Облачно време со сончеви периоди се очекува денеска утре и во понеделник, кога се очекуваат и локални врнежи од дожд. Од вторник пак следува стабилизирање на времето и пораст на температурите, а нови врнежи од дожд се најавуваат од петок. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеВременски шокови и во ноември: Просекот на колапси на јавни места ист како во летните месециНаглите температурни промени земаат сериозен данок, па така во ноември просекот на колапси на јавни места останува висок со пет до шест лица дневно. Времето не бира кого ќе кутне, наглите температурни разлики земаат данок во здравје, па колапс на улица повеќе не е слика само за летните горештини, бидејќи и во ноември просекот на колабирања е ист како во август – пет до шест лица губат свест на јавни места во текот на 24 часовната смена на службата за Итна помош. И овој период, атмосферскиот притисок и влажноста на воздухот влијаат врз здравјето, па најчесто на удар се хронично болните, за нив наглите промени знаат да имаат посилни последици, вели д-р Елена Карева Пиловска. Од Итната медицинска помош нотираат дека освен за колапси, имаат повеќе интервенции за случаи на срцев удар, но и повици кога граѓаните се жалат на слабост, вртоглавица, тресење и конфузија, што се симптоми на хипогликемија, или „паѓање на шеќерот“. При нагло заладување се стеснуваат крвни садови што може да доведе до покачен крвен притисок и оптоварување на срцето, објаснуваат лекарите и апелираат дека хронично болните кои секако се почувствителни на промените на време да ја земаат својата терапија, а претходно редовно да го мерат притисокот. Сепак, главната препораката до сите граѓани е да се води поголема грижа за општата состојба, бидејќи само со здрави навики, спортувања и грижа за себе може да се влијае организмот полесно да ги поднесува временските шокови. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28