Втора титула за Јотовски и Лазов на фјучрс во Скопје

Македонско-бугарската комбинација Томислав Јотовски и Александар Лазов победија во конкуренција на двојки и на вториот фјучрс што се игра во Скопје на терените на „Тенис пак“ во склоп на СЦ „Јане Сандански“.

Тие во финалето синоќа ги совладаа првите носители Либор Сабала (Чешка) и Нино Сердарушиќ (Хрватска).

Првиот сет со 6:2 во гемови го добија Јотовски и Лазов, а во вториот беше 6:3 за противниците, додека решавачкиот заврши со 10:6 на поени. Ова за Јотовски и Лазов е трет заеднички триумф на фјучрс турнири, а за македонскиот тенисер Јотовски е вкупно шеста турнирска победа во конкуренција на двојки.
Поради лошото време и силниот дожд вчера попладне прекината беше програмата од полуфиналните мечеви во сингл. Денеска од 10 часот на теренот први ќе се појават Александар Милер и Александар Лазов да го продолжат мечот, кој е прекинат во првиот сет при резултат 4:4 во гемови, а потоа е дуелот на македонскиот тенисер Димитар Грабул против Кристијан Месарош.

Финалето е закажано за попладне во 17 часот.

Во затвор во Ирак 11 луѓе се обесени поради терористички активности

Единаесет лица беа обесени денеска во затвор во јужен Ирак поради „терористички дејствија“, изјави анонимен претставник на ирачките безбедносни сили.

Тој потврди дека имало „11 егзекуции во затворот Ал-Хут во Насирија“.

Според него, сите „се осудени според член 4 од Законот за борба против тероризмот“.

Ковачевски: Oва е последниот повик за Европа, ние не се откажуваме!

Со испраќање на порака за здружување на силите на патот кон Европската Унија, Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија вечерва го одржа завршниот митинг во Скопје, непосредно пред изборите закажани за среда.

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на присутните граѓани им порача дека двојните избори на 8-ми се последниот повик за Европа и од тоа, нема да се откажат.

„Исто како што не се откажавме изминативе седум години кога се соочивме со многу предизвици. Кога се боревме со сите кризи, со пандемијата, со инфлацијата, со енергетските проблеми! Знаете и самите дека имавме многу подеми и многу падови. Но, во ниту еден момент, ниту се откажавме, ниту се предадовме, ниту се повлековме. Бевме рамо до рамо со граѓаните“, изјави на митингот претседателот Ковачевски.

Ковачевски додава дека во време на СДСМ платите се золемиле за 120% а пензиите за 55%, со антикризни мерки во висина од над 2,6 милијарди евра и 2,5 повеќе странски директни инвестиции со подобри платени работни места.

„ И ова, не е мала работа. Многу поголеми и поразвиени земји од Македонија едвај излегуваа на крај со кризите, а ние единствени од цела Источна европа успеавме да го зголемиме животниот стандард на граѓаните. Тоа го потврди и реномиран виенски економски институт. И горди да бидете сите на тоа, затоа што сите вие дававте поддршка на тие политики кои ги водеше СДСМ, и коалиционите партнери од коалицијата з аевропска иднина. И бидете горди што покажавме на дело дека социјалдемократијата и СДСМ, беа оние кои ги заштитија граѓаните, кои буквално ја спасија земјата од колапс.“, посочи Ковачевски на вечерашниот митинг.

Солидарноста, заедништвото, социјалната држава и правдата, потенцира претседателот Ковачевски, се оние кои помогнаа да се извлечеме од хаосот кои го носеа кризите, но и ни овозможија да одиме напред и да постигнеме одлични резултати.

„ Бидете горди што покажавме јасно дека социјалдемократијата не е само идеологија на хартија, туку е единствен начин како општеството и државата да се подобрат и да обезбедат прогрес и просперитет.

И денес имам уште една можност да порачам дека вистинските социјалдемократи се овде, тука на овој плоштад. ВО моментов се и на плоштадот во Битола, не се вистински социјалдемократи оние лажните кои се ујдисаа со наследниците на Ванчо Михајлов и кои заедно со него планираат да им зададат удар на вистинските социјалдемократи. Ама овие социјалдемократи се направени и настанале 1943 година, а оние социјалдемократи оние кои лажно се претставуваат дека знаат што е социјалдемократија па затоа се крстиле веројтно и ЗНАМ тоа се лажни измислени 2021 година, во БЕлата палата на 200 метри од тука. Бидете горди затоа и што СДСМ е единствената социјалдемократска опција, граѓанска партија, партија со традиција, партија која е длабоко вкоренета во историјата на Македонија.

Бидете горди и затоа што ние никогаш не сме се откажале кога требало да се донесат тешки одлуки за државата да оди напред. “, им порача Ковачевски на скопјани.

Тој ги наведе зачленувањето во Обединетите Нации, добивањето на кандидатски статус на Македонија за влез во Европската Унија и зачленувањето во НАТО како тешки, но исправни одлуки што се донесени во време кога СДСМ била на власт и порача дека исто така СДСМ заедно со граѓаните, ќе ја внесе земјата и во ЕУ.

Ковачевски: За направените грешки, ние ја добивме казната, ако добиеме доверба, грешките ќе ги поправиме

Во обраќање пред присутните на вечерашниот завршен митинг во Скопје, претседателот на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, истакна дека не бегаат од одговорност и свесни се за кадровските, политичките и коалициските грешки и за разлика од Мицкоски и Груевски, СДСМ не бега од одговорност и не се крие.

„За направените грешки, ние ја добивме казната. Потполно сме свесни за тоа и ја примивме пораката со достоинство и со почит. И вие видовте и самите, грешките ги прифативме, лекцијата ја научивме. И затоа, сакам да ви порачам од тука, јасно и гласно: ако ја добиеме довербата од граѓаните, тоа повеќе нема да се случува. Тоа е моето ветување до вас“, изјави претседателот Ковачевски.

Ковачевски додава дека стигнавме многу далеку, од заробена држава со угнетени медиуми, истепани студенти, заробено судство и криминал, денес да бидеме земја-членка на НАТО и со започнати преговори за влез во Европската Унија.

„ И за тоа да продолжи мора да се бориме, да продолжиме да ја менуваме Македонија, и да ја направиме европска држава! Да обезбедиме систем за сите, да можат законите да важат за сите, да има исти права за сите, да има ред и поредок, повисок стандард, безбедна и стабилна земја! И за тоа да се случи, има само еден пат, има само еден начин! Со членството во ЕУ, со поддршката на Европската Унија, со нашите стратешки партнери САД и сите наши сојузници кои треба да ни помогнат да направиме подобро место за живеење во Макеоднија а не нивните места да бидат подобри места за живеење за Македонците. Членството во ЕУ е единствениот начин за суштински промени во државата. “, им порача претседателот Ковачевски на скопјани.

Поради ова, додава Ковачевски, ја креирале Програмата за европска иднина, со зголемени плати и пензии, поголема поддршка на младите, подобри услови во образованието, јавното здравство, бизнисот и други општествени сфери.

Митрески: Да се обединиме против режимската ВМРО-ДПМНЕ, да гласаме за број 1 за концептот за европска иднина на државата

“Граѓаните имаа можност да видат два концепта, едниот, на СДСМ и Коалицијата за европска иднина кој води кон подобра иднина, кон прогрес, кон унапредување на животниот стандард, со конкретни и реални проекти, со визија Македонија да стане држава со европски вредности и конечно членка на ЕУ до 2030 година и оној на ВМРО-ДПМНЕ кој сака да не врати назад, во изолација, во безнадежност, во страв и агонија, во нови поделби и кавги по меѓуетничка основа“, порача носителот на ИЕ 5 Јован Митрески, на вечерашниот митинг во Битола.

Тој нагласи дека во кампањата можеше да се види и понуда на два сосема различни тима, на СДСМ и Коалицијата за европска иднина кои имаат визија, кои имаат одлучност и храброст да носат вистински одлуки во интерес на граѓаните, тимот на ВМРО-ДПМНЕ, истите оние луѓе кои беа послушници и главни извршители на Никола Груевски, кои Македонија ја доведоа до бездна.

„Тоа се истите оние кои со Груевски правеа криминали или ги штитеа неговите криминали и кои и ден денеска не се оградија од криминалите и од злосторството што на Македонија и го направија. И затоа ова се важни избори! Важно е на 8 мај да се направи вистинскиот избор бидејќи одлучуваме по кој правец ќе тргне државата. Немаме веќе време за губење. Нема да дозволиме повторно да ја заробат државата, да ја уназадат државата, ниту па некој да ја уништува иднината на нашите деца“, додаде Митрески.

Тој ги повика граѓаните масовно да излезат на гласање и да гласаат за број 1, за конкретна, реална и осварлива Програма.

„Гласот за ВМРО-ДПМНЕ е глас за неизвесност, за враќање кон минатото, за нови кавги и поделби, за нови проблеми. СДСМ е силна партија, не се откажува и не потклекнува. Мора да се обединиме против режимската ВМРО-ДПМНЕ, која никогаш не работела во интерес на граѓаните“, порача Митрески од Битола.

Скопје, 6 мај 2024

СДСМ

Филипче: Пратениците на СДСМ ќе бидат гласот на граѓаните во парламентот

Доктор Венко Филипче, носител на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, кампањата ја заврши со посета на југоисточна Македонија. 

Доктор Венко Филипче, носител на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, кампањата ја заврши со посета на југоисточна Македонија. За време на посетата оствари средби со многу граѓани на кои им се заблагодари за поддршката во Изборна единица 4.

Филипче им порача на граѓаните на 8 мај да го дадат својот глас за напредок, стабилност и европска иднина на Македонија.

Тој рече дека како иден пратеник заедно со пратеничката група на СДСМ на граѓаните ќе им го олеснат пристапот до законодавниот дом, со отворање на канцеларии каде ќе ги слушаат нивните барања кои ќе се преточат во конкретни политики. Филипче порача дека граѓаните ќе бидат директно вклучени во тие процеси.

Носителот на листата на СДСМ и коалицијата во ИЕ 4, д-р Венко Филипче на граѓаните им вети дека ќе остане достапен за нив како во кампањата и после изборите, а тоа ќе го исполнат и другите пратеници од оваа листа.

Филипче истакна дека СДСМ е партија на граѓаните, а не салонско здружение и затоа секогаш ќе работи и ќе биде меѓу граѓаните.

Костадиновска – Стојчевска ги повика граѓаните на обединување и да гласаат за слобода и демократија

Коносителката на изборната листа на СДСМ во петтата единица, Бисера Костадиновска – Стојчевска од митингот во Битола испрати порака за обединување на граѓаните и прогресивните сили на 8 мај.

„Ве повикувам на обединување околу вистинските демократски вредности, околу слободата, стабилноста и понатамошниот прогрес на државата. Сега е време да покаже секој од нас одговорност и мудрост, да се остават на страна сите разлики и поделби и да ја гледаме големата цел, а тоа е каде и како оди државата после 8 мај.

Да гласаме за број 1, за Стево, СДСМ, за НОБ, за АСНОМ! Да ги продолжиме делата на нашите претци со кои делиме исти вредности“ – порача Костадиновска – Стојчевска пред жителите на Битола.

Според неа, вистинските антифашисти се борат за слобода на говор, слобода на делување, слобода на живот. Потсети на големите резултати на СДСМ, со кои партијата со право се нарекува државотворна и граѓанска.„Вистинска социјалдемократија значи кога се носат одлуки кои не се лесни за поединецот, ама се потребни за државата. И кога ќе кажеме дека СДСМ е државотворна партија, дека секогаш државата ни е пред се, тоа го докажавме и покажавме. И ќе продолжиме да го правиме тоа. Затоа што без разлика дали сме на власт или опозиција, секогаш граѓаните ни се на прво место. Ако не ни беа, немаше да зголемуваме плати, немаше да субвенционираме сметки за електрична енергија, немаше да работиме на привлекување на странски инвестиции и да отвараме нови работни места. Да работиме на мерки кои ке ни ги задржат младите дома“- рече Костадиновска – Стојчевска на митигнот во Битола.

Скопје, 6 мај 2024

СДСМ

притисни ентер