Пукотница, па експлозија во Шпанија- загина полицаец, друг остана без нога, настрада и полициско куче
Стојаноски: Вештачката интелигенција и дигитализацијата ќе ги унапредат јавните набавки и ќе ги намалат ризиците од корупција
1Пукотница, па експлозија во Шпанија- загина полицаец, друг остана без нога, настрада и полициско куче
2Стојаноски: Вештачката интелигенција и дигитализацијата ќе ги унапредат јавните набавки и ќе ги намалат ризиците од корупција
3Повеќе од 1.000 километри со едно полнење! Ова се најдобрите електрични автомобили за патувања на долги релации
МакедонијаСиљановска Давкова на Парискиот мировен форум: Европа не може да биде целосна без стабилен и демократски Западен БалканПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова во рамките на Парискиот мировен форум се обрати на панел дискусијата насловена „Одбрана на линијата: суверенитет во ера на хибридни закани“.. Таа истакна дека светот се наоѓа во период на длабока трансформација, во којшто старите модели се исцрпуваат, а новите сè уште не се оформени. Потсетувајќи на Антонио Грамши за концептот „interregnum“, Сиљановска-Давкова предупреди дека токму во такви периоди се создава простор за политички вакуум и геополитички ризици, бидејќи, како што нагласи, „политичкиот вакуум никогаш не трае долго“, а тоа особено важи за Балканот. Зборувајќи за европската перспектива на регионот, Претседателката порача дека земјите од таканаречениот Западен Балкан не се периферија на Европа, туку нејзин природен географски, историски и културен дел. Сиљановска-Давкова посочи дека земјата 21 година има кандидатски статус и дека зад неа стојат 17 позитивни извештаи, но и покрај тоа сè уште не го започнала преговарачкиот процес. Говорејќи за бројните уставни измени, Сиљановска-Давкова ја отвори и суштинската дилема за суверенитетот и демократскиот легитимитет, потсетувајќи дека Уставот не е само највисок правен акт, туку и општествен договор. „Мојот суверенитет извира од граѓаните и им припаѓа на граѓаните. И мојот легитимитет исто така“, порача Претседателката, повикувајќи на владеењето на правото, како и почитување на човековите права и слободи. Наместо само да бара од земјите од Западен Балкан да бидат поотпорни, Европската Унија треба да ја зајакне нивната отпорност со забрзување на процесот на нивната интеграција во ЕУ. Претседателката предупреди дека во современиот свет, обележан со вештачка интелигенција, дигитализација и нови форми на хибридни закани, одговорот не може да биде само надворешна отпорност, туку и внатрешна демократска и институционална цврстина. Одговарајќи на прашањето за протестите во повеќе европски земји, во кои особено активно учествуваат младите, таа нагласи дека тие не треба се третираат само како иднината, туку како рамноправни учесници во сегашноста и во процесите на одлучување. Според неа, односот кон младите мора да се темели на почит, еднаквост, охрабрување и нивно активно учество во носењето одлуки. За неа, дијалогот меѓу генерациите е предуслов за опстанок во свет кој повеќе не може да се гради врз изолираност. На крајот, таа порача дека Европа не може да биде целосна без стабилен и демократски Западен Балкан, а европската безбедност не може да се одвои од безбедноста на регионот. На панел дискусијата учествуваа и литванскиот претседател, Гитанас Науседа и ерменскиот премиер, Никол Пашинјан. „Ние живееме во интерегнум , така да се изразам, во меѓувластие, кога старото општество е заминато, а новото уште не се појавило и монструми нѐ опкружуваат. Во време на вештачка интелигенција и дигитализација овие насилници се скриени, но многу моќни. Оттаму ние мериме чекори, документи, политики ,а тие не. Она што мислам дека е многу важно, посебно за ЕУ и секако за НАТО нема никогаш политички вакуум, никогаш. Особено нема политички вакуум на Балканот. Секогаш Балканот бил карта за поткусуравање и големите сили си ги мерат своите сили, за несреќа, на Балканот. Затоа според мое мислење ова е многу важно. Не е важно само за да нѐ охрабрите нас во регионот, за да бидете силни, да бидете трпеливи и така натаму. Не, ние треба да ги направиме вистински чекори. Зашто од внатре ние сме 70 проценти поврзани со економијата на ЕУ. Тогаш, ако ние сме економски партнер и ако сме во НАТО, го знам одговорот. Доколку сме корисни, доколку сме кредибилни, доколку толку многу пати сме биле пофалени како одлични тркачи, тогаш имаме право и да го завршиме нашиот пат кон Брисел. И тогаш нема да речам дека нашиот маратон кон Брисел е како „Чекајќи го Годо“. “ , рече претседателката Сиљановска Давкова. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаПукотница, па експлозија во Шпанија- загина полицаец, друг остана без нога, настрада и полициско куче Шпански полицаец и куче трагачи беа убиени денеска, додека друг полицаец изгуби нога откако бомба скриена во ранец експлодираше по пукањето.Полициските службеници беа повикани на локација во северниот град Овиедо по пријави за пукање по семејна расправија, за време на која 17-годишно девојче беше тешко повредено, објави Дејли Меил. Полицијата и членовите на единицата за деактивирање експлозивни направи пристигнаа на местото на настанот, каде што пронајдоа ранец со експлозивна направа, за која се сомневаше дека ја оставил напаѓачот, пред влезот во зградата. Додека полицајците ракуваа со уредот, се случи експлозија, при што загина еден човек, локално идентификуван како Хуан Хозе, член на Специјалната кучешка единица. Тригодишен германски овчар по име Дани, кој му помагал за време на операцијата, исто така загинал во експлозијата, соопшти Националната полиција на Шпанија. Повредениот полицаец беше член на единицата за деактивирање експлозивни направи. Откако ја изгуби едната нога, неговата состојба остана критична. Тинејџерката повредена во пукањето останува во болница, но повеќе не е во критична состојба. Полицијата соопшти дека сè уште се обидува да го пронајде осомничениот, 64-годишен шпански државјанин за кој се вели дека има долго криминално досие, објави шпанскиот весник „Ел Паис“. Властите ја исклучија можноста за терористички мотив. ATENTADO EN ESPAÑA Un tipo le disparo a una piba de 17 años La policia fue a su casa pero ya se habia fugado Encontraron una mochila bomba y Mientras la movian a un lugar seguro explotó, matando a un policía de la unidad canina y a su perro deny Otro perdió la pierna https://t.co/eTqS1ZkMxn — ElBuni (@therealbuni) November 10, 2026 Сопругата на осомничениот веќе е уапсена како дел од полициската истрага. Властите наводно го блокирале подрачјето каде што се случила експлозијата додека се обидуваат да соберат повеќе информации. Националната полиција на Шпанија изрази сочувство за смртта на Хуан Хозе, велејќи во соопштението: „Нашите мисли се со неговото семејство, пријателите, колегите и сите најблиски до него“. Тие додадоа дека му посакуваат на повредениот полицаец „брзо закрепнување“. Шпанскиот премиер Педро Санчез се огласи на социјалните мрежи за да го изрази својот „длабок шок“ поради смртта на службеникот на Националната полиција. „Нема зборови што можат да ја ублажат болката на неговото семејство и колегите“, напиша тој. „Им ја испраќам целата моја љубов и мојата целосна поддршка на тешко повредениот полицаец. Вашата посветеност и храброст заслужуваат благодарност од целата земја“.Тагови: полицаец Шпанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСтојаноски: Вештачката интелигенција и дигитализацијата ќе ги унапредат јавните набавки и ќе ги намалат ризиците од корупција„Имено со овој амандман предлагаме членот 13 да се избрише и амандманот се предлага во врска со укажувањата на претседателката на републиката. “„Овој закон директно се носи заради новонастанатите услови во светот по геополитичката реалност и заради тоа што се нефункционални сегашниве услови на законот. Ова е неколку пати овој закон да се менува од кога ова владеачко мнозинство е во Собранието, и претходниот пат за првпат во историјата беше искористен инструментот антикорупциска проверка и сето она коешто антикорупциската комисија го достави до Собранието ние го прифативме и го внесовме. Така да со бришењето на овој член комплетно ги прифаќаме указите од претседателката и сметаме дека непречено овој закон може да продолжи во својата постапка да биде усвоен и да го олесниме системот и да го направиме попрактичен, позаконски, потранспарентен и поцелоисходен за целата државна управа“, рече Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница во Собранието. Стојаноски истакна дека измените на Законот за јавните набавки се дел од Реформската агенда и имаат за цел унапредување на системот преку воведување дигитални алатки и вештачка интелигенција, со што ќе се подобри процесот на јавни набавки, ќе се намалат ризиците од корупција и злоупотреби и ќе се поттикне реализацијата на инфраструктурните и другите проекти. „Овој закон е дел од Реформската агенда, активност којашто треба да се спроведе. Се дополнуваат надлежностите на бирото за јавни набавки во делот на дигитални алатки и вештачка интелигенција како инструменти за подобрување на процесот на јавни набавки и намалување на ризиците од корупција и други злоупотреби. Зошто на крајот од денот се носи овој закон? За да се поттикне реализацијата на проектите и оваа држава да оди напред. Еве ова е Државен завод за статистика градежништво. Тука можете да видите споредба помеѓу 29 квартали на СДС и 8 на ВМРО-ДПМНЕ, сега да видите која е разликата и зошто овој закон се менува. Кога ќе ги соберете сите 29 квартали на СДС, 14 се негативни, 15 позитивни, ВМРО-ДПМНЕ 8 квартали, 8 позитивни. Плус 14,1 просечен квартален реален раст на градежништво, а СДС во 29 квартали минус 0,2. Има вештачка интелигенција, има усогласување со планот за раст и на крајот од денот има логички работи коишто ќе го подобрат системот на распишување на тендери на јавни набавки“, дециден е Стојаноски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
ФормулаПроговори пилотот, кој го спасувал Шумахер по несреќата- откриени се нови детали за трагедијата Пилотот на хеликоптерот кој помогна во спасувањето на Михаел Шумахер по сериозната несреќа при скијање во француските Алпи, за прв пат јавно проговори за деталите од драматичната операција што се случи на 29 декември во Мерибел.Јаник Даинезе, тогашниот пилот на хеликоптерот за итни случаи на SAF Hélicoptères, откри дека го знаел идентитетот на повредениот човек пред полетувањето. Затоа, од самиот почеток беа воведени посебни мерки на претпазливост, а на членовите на екипажот им беше кажано да ги отстранат микрофоните и GoPro камерите за да избегнат снимање што би можело да ја загрози приватноста на легендарниот возач на Формула 1. Дополнително обезбедување беше присутно и на местото на несреќата. Луѓето што го придружуваа Шумахер се погрижија областа да биде затворена и никој да не може да снима фотографии или видеа што подоцна би можеле да протечат во јавноста. Даинезе ја опиша и атмосферата за време на летот, нагласувајќи дека во хеликоптерот владеела целосна тишина бидејќи сите биле фокусирани на задачите што ги имале. - Секако, го чувствував притисокот внатре. Луѓето го обожаваа како бог, иако не бев фан на Формула 1 - рече пилотот. Летот до Универзитетската болница во Гренобл траел околу 25 минути, по што Шумахер бил предаден на лекарите. Дајнезе открил дека подоцна, за време на вториот лет до истата болница, сфатил колку вниманието на јавноста било насочено кон легендарниот спортист. Кога пристигнал, нашол автобуси, црвени знамиња и голем број луѓе, а болничкиот комплекс го потсетил, како што рекол, на патека од Формула 1. Случајот останал под строга тајност со години. Минатата година, тројца мажи беа осудени во Германија за обид за уцена на семејството Шумахер, користејќи снимки направени по несреќата. Од неговата фатална несреќа на скијање, семејството на легендарниот возач строго ја чува неговата приватност, а информациите за неговата здравствена состојба речиси никогаш не стигнуваат до јавноста.Тагови: Михаел Шумахер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook