Вселенската сонда на НАСА со неочекувано откритие за крајните граници на Сончевиот систем - Канал 5

Вселенската сонда на НАСА со неочекувано откритие за крајните граници на Сончевиот систем

Кајперовиот појас е огромна и далечна група од карпести и ледени објекти, артефакти од формирањето на Сончевиот систем, кои се протегаат од Нептун и го формираат работ на Сончевиот систем.

Вселенската сонда на НАСА со неочекувано откритие за крајните граници на Сончевиот систем

Сондата New Horizons, која веќе е навлезена во овој граничен регион, сугерира дека е многу поголем отколку што се мислеше, пишува SciTech Daily.

Низ надворешниот дел на Кајперовиот појас на растојание од 60 AU, 60 пати повеќе од растојанието помеѓу Земјата и Сонцето, инструментот Venetia Burney Student Dust Counter (SDC) регистрира повисоки вредности на прашина од очекуваното. Оваа прашина, ситни замрзнати остатоци од карпи, метан и јаглерод моноксид, потекнува од судирот на објектите на Кајперовиот појас (KBO) и честички надвор од Сончевиот систем.

Читањата на овие мерења не се во согласност со научните модели на Кајперовиот појас. Тие мислат дека бројот на тела во појасот и количината на прашина треба да се намалат на околу 1,6 милијарди километри во појасот, но читањата велат дека надворешната граница на Кајперовиот појас може да се помести за неколку милијарди километри, што веројатно ќе не доведе во уште еден прстен од ледени предмети, покрај овој веќе познат.

- New Horizons ги помага првите директни мерења на меѓупланетарна прашина далеку од Нептун и Плутон. Самата идеја дека можеби откривме продолжен Кајперов појас со сосема нова популација на објекти кои се судираат и создаваат повеќе прашина ни дава нови податоци во решавањето на мистериите на најоддалечениот регион на Сончевиот систем - изјави физичарот Алекс Дорнер.

Инструментот SDC е дизајниран и конструиран од студенти на Универзитетот во Колорадо во Лабораторијата за атмосферска и вселенска физика на Болдер, со поддршка и водство на професионални инженери. Овој прецизен инструмент снима микроскопски честички од прашина создадени од судири меѓу астероиди, комети и тела од Кајперовиот појас долж осум милијарди километри долго патување низ Сончевиот систем, кое трае едно полнолетство, 18 години. За време на него, по лансирањето на почетокот на 2006 година, следеше историско прелетување на Плутон во 2015 година и на невообичаено обликуваниот транс-нептунски објект Ultima Thule во 2019 година. Овој инструмент, кој е дизајниран и изграден и управуван од студенти, е првиот уред од ваков тип во меѓупланетарната мисија на НАСА. Ги мери големините на честичките од прашина, давајќи ни податоци за стапката на судир помеѓу CBO.

Најновите, изненадувачки резултати се собрани во текот на три години, за време на кои New Horizons летал од 45 до 55 AU, каде што една AU е приближно 140 милиони километри. Тие се во согласност со телескопските откритија на голем број нови KBO далеку од традиционалната граница на Кајперовиот појас, која беше проценета на 50 AU и каде што бројот на тела треба да се намалува. Денес, врз основа на новите мерења со сонда, се проценува дека границата е најмалку 80 АU.

- Сите овие резултати укажуваат дека New Horizons е првото вселенско летало кое открило нова група транс-нептунски тела во Сончевиот систем. Со нетрпение чекам понатамошни мерења за да видам колку далеку во Кајперовиот појас се протегаат овие покачени нивоа на прашина - вели главниот истражувач на New Horizons, Алан Стерн.

Сега, во вториот дел од својата продолжена мисија, се очекува New Horizons да има доволно гориво и енергија за да работи добро до 2040-тите на растојанија поголеми од 100 AU од Сонцето. Научниците велат дека на тие растојанија, SDC ќе го регистрира преминувањето на леталото во простор во кој доминираат меѓуѕвездени честички во споредба со прашината што потекнува од карпести и ледени објекти. Заедно со придружните телескопски набљудувања на Кајперовиот појас од Земјата, Нови хоризонти е единственото вселенско летало кое собира нови податоци за Кајперовиот појас, давајќи ни единствена можност да дознаеме повеќе за КБО, изворите на прашина во појасот, како и меѓуѕвездениот честички и облаци од прашина слични на Кајперовиот појас откриени околу девет други ѕвезди.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од 15 ноември задолжително поседување на зимска опрема

Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака „MS”, “M+S”, “M & S” и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

Од 15 ноември задолжително поседување на зимска опрема

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од 15 ноември до 15 март, согласно одребите од “Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“(Сл.весник на Р.М. бр. 169/15, 226/15, 55/16, 11/18, 83/18, 191/18, 70/19 и 98/19 и „Службен весник на Република Македонија“бр. 302/20, 122/21, 33/24, 208/24, 193/25, 258/25, 58/26, 79/26 и 148/26), возилата кои учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема.

Согласно одребите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, за безбедно учество во сообраќајот на патиштата. (Службен весник бр. 31 од 2010 година), како зимска опрема на моторните возила се подразбира:

За моторни возила кои не надминува 3.500 кг.:

- зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од четири милиметри;

- пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

За моторни возила со погон на четири тркала (4x4):

- зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм;

- пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег и во случај кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина.

За моторни возила кои надминува 3.500 кг:

- зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм.

- пневматици со летен профил на сите четири тркала, со длабочина на шарите на нагазниот слој, по обем и широчина со минимум 4 мм, ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала;

- автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат - лопата.

Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака „MS”, “M+S”, “M & S” и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

Согласно одредбите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, во патниот сообраќај на возилата е забрането поставување на пневматици со клинци.

Апелираме до возачите да се придржуваат кон законската обврска за поседување на зимска опрема, бидејќи така овозможуваме непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на патиштата во зимски услови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џенифер Лопез „уловена“ со мистериозен маж

Има 57 години, а мажите губат глава по неа, светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез видена со мистериозен маж .

Џенифер Лопез „уловена“ со мистериозен маж

57 годишната Џеј Ло е видена во друштво на мистериозен маж. Иако идентитетот на мажот е непознат, сцените од луксузна јахта поттикнаа шпекулации за нова љубовна врска на славната пејачка

Џенифер Лопез повторно привлече големо внимание во јавноста откако беше забележана на луксузна јахта во Мајами, во друштво на мистериозен маж.

На фотографиите и видеата што кружат на социјалните мрежи се гледа како 57-годишната ѕвезда ужива во слободното време на јахтата, а особено внимание привлекоа кадрите на кои таа разменува нежности со непознатиот маж.

Идентитетот на мажот – како и природата на нивниот однос – засега остануваат непознати, но тоа не ги спречи корисниците на социјалните мрежи да шпекулираат за тоа кој би можел да биде овој нов маж во нејзино друштво.

Со децении, Лопез важи за една од најпознатите музички и филмски ѕвезди во светот, а нејзиниот приватен живот привлекува внимание речиси исто толку често колку и нејзината кариера.

Секојпат кога ќе се појави во јавноста или ќе биде фотографирана со непознат маж, тоа предизвикува бројни реакции – а овој случај не е исклучок.

Додека некои коментираат за нејзината самодоверба и изглед, други се обидуваат да го откријат идентитетот на мажот забележан со неа на јахта. Засега нема потврда дека станува збор за нова љубовна врска, но снимките од Мајами веќе предизвикаа лавина коментари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно време со температура до 19 степени

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди, информираат од УХМР.

Утре променливо облачно време со температура до 19 степени

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

7 Ѓуриште, 9 Попова Шапка, 10 Струмица, 11 Крива Паланка, Лазарополе, Скопје – Зајчев Рид, 12 Крушево, Скопје – Петровец, Охрид, Прилеп, Тетово, Маврови Анови, 13 Битола, Штип, Претор, Демир Капија, Кавадарци, 14 Виница, Берово, Велес, Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес беше променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди. Дуваше слаб ветер од јужен правец. До крајот на денот во западните делови ќе има услови за повремен слаб дожд кои ќе продолжат во текот на ноќта.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Променливо облачно со повремени сончеви периоди. Во западните делови ќе има услови за појава на слаби врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.

Во Скопје, променливо облачно со услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање. Ќе дува слаб до умерен, а во петок силен повремено многу силен ветер од јужен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер