Врнежите критични за пчеларството, добредојдени за земјоделските култури - Канал 5

Врнежите критични за пчеларството, добредојдени за земјоделските култури

 Бранот врнежи што ја зафати земјава е добредојден за земјоделството зашто го надополни недостигот на влага во почвата, но „удри" по пчеларството.

Врнежите критични за пчеларството, добредојдени за земјоделските култури

Го оневозможи развојот на пчелните семејства кој е најинтезовен сега, сведувајќи го на минимум излегувањето на пчелите од пчелните сандаци и собирањето нектар.

Според агрометеоролозите, дождот можеби ќе ги одложи пролетната сеидба за неколку дена и полските работи на отворено, како расадувањето на тутунот, окопувањето, обработката меѓу редовите. Од друга страна, позитивно е што ќе ги наполни акумулациите зашто вода допрва ќе биде потребна, за наредниот период.

-Крајно неповолни се временски услови неделава за пчеларството. Четврта година по ред ова се случува. Развојот на пчелните семјества е најинтензивен сега, потребите од внесување нектар се многу големи, а можноста за излегување од сандаците и за внес на храна е сведена на минимум. Тоа не е добро за развојот на малите пчелки, вели агрометеорологот Ангелко Ангелески од УХМР.

Во Битолско, нагласува Ангелески, недостасуваше многу влага. Житните култури беа во критични фази, а сега има доволно и во површинскиот и во подлабоките слоеви. Почвата е обезбедена со вода. Исклучок е Овче Поле ако се земе предвид дека само 12 литри дожд измерила станицата во Штип што е малку.

-Бранот врнежи ќе трае до петок, по што следува стабилизација на времето. Тоа всушност е и потребно за следните фази од развојот на житата – опрашување и оплодување. Се очекува во Пелагонија успешно да завршат овие циклуси. Просечни приноси секако ќе има, нагласува Ангелески.

Ситуацијата во овоштарството е добра. Лошо ќе беше ако врнежите беа проследени со град и олуен ветер. Во таков случај, објаснува Ангелески, ќе страдаа раните сорти. И лозарството е во добра состојба штом нема град. Веќе почнува фазата на пуштање ластари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Кочани, пронајдена дрога, лишени од слобода три лица

На 22.09.2026 во 21:00 часот, полициски службеници од ОВР Кочани ги лишија од слобода С.Д.(30), Р.К.(30) и 24-годишната Д.А., сите од Кочани.

Претрес во Кочани, пронајдена дрога, лишени од слобода три лица

При претрес во домот на С.Д. во кој биле затекнати Р.К. и Д.А., извршен со наредба од Основен суд Кочани, биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, марихуана, бела прашкаста материја, дигитални ваги и пари во различни апоени. Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Напаѓачот кој пукаше кај училиште во Маниса го најавил нападот

По вчерашниот вооружениот инцидент во средно улилиште во Маниса во кое беа повредени 11 ученици, истрагата утврдила дека напаѓачот преходно го најавил нападот не негов роднина, но дека не бил сватен сериозно.

Напаѓачот кој пукаше кај училиште во Маниса го најавил нападот

Истрагата утврдила и дека напаѓачот, кој пукаше со пушка кон учениците, претходно околу еден месец пред нападот вежбал пукање со пушката на неговата баба, муницијата ја купил во продавница за ловна опрема за 600 турски лири што му ги дала неговата баба.

Меѓу приведените се и родителите на осомничениот,неговите баба и дедо, како и сопственикот на продавницата за ловна опрема каде што била купена муницијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Собранието разгледана националната стратегија за спречување на корупцијата

На две собраниски комисии денеска беше разгледана национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026-2030 година. 

Во Собранието разгледана националната стратегија за спречување на корупцијата

Според првиот човек на антикорупциската и дел од рпатениците стратегијата не смее да остане на хартија и порачаа дека е потребна заедничка воља за нејзино спроведување.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер