СветВрховниот суд на Хонг Конг го одби барањето за поништување на пресудите на Џими ЛаиВрховниот суд на Хонг Конг едногласно го отфрли барањето за укинување на пресудите на медиумскиот магнат Џими Лаи и шест други продемократски активисти за неовластени јавни демонстрации во 2019 година, објавија британските медиуми.Лаи (76), основач на продемократскиот весник „Епл Дејли“, и уште шестмина беа прогласени за виновни за организирање и учество во неовластено собрание во август 2019 година за време на повеќемесечните продемократски протести во градот под кинеска власт. Понискиот суд ја поништи нивната пресуда за организирање неовластени демонстрации, но таа беше потврдена од Врховниот суд. Нивната жалба се фокусираше на тоа дали казната е пропорционална со заштитата на основните човекови права - принцип утврден во две необврзувачки одлуки на Вишиот суд на ОК, познати како „оперативна пропорционалност“. Главниот судија, Ендрју Чунг и судијата Роберто Рибеиро напишаа во главната пресуда дека двете одлуки на британскиот суд не треба да бидат потврдени во Хонг Конг поради разликите меѓу правните системи за човекови права на Хонг Конг и на Велика Британија. Пекинг го принуди Хонг Конг да донесе закон за национална безбедност во 2020 година по неколкумесечни продемократски протести во 2019 година, а во март Законодавниот совет на Хонг Конг донесе нов закон за национална безбедност, познат и како член 23. За учество во неовластен собир во 2019 година, Лаи и тројца поранешни пратеници, на возраст меѓу 67 и 70 години, беа осудени на затвор од осум до 18 месеци. 86-годишниот Мартин Ли, претседател и основач на Демократската партија на Хонг Конг, адвокатката Маргарет Нг (76) и продемократскиот политичар Алберт Хо (72) добија условни казни. Лаи е во самица повеќе од три години. Тој во моментов се соочува со одвоено судење за националната безбедност и отслужува казна од пет години и девет месеци откако беше осуден за прекршување на договорот за закуп на седиштето на неговиот сега веќе непостоечки весник. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
ЕвропаУкраинци урнаа дел од Кримскиот мост по руското бомбардирање на мостовите во Киев (ВИДЕО)Украинските сили погодија и уништија дел од Кримскиот мост, само неколку часа откако Русија започна масивен напад врз Киев, насочен кон два клучни моста над реката Дњепар во украинскиот главен град.Руската акција беше проследена со жесток украински одговор со напади со беспилотни летала врз Кримскиот мост и голема рафинерија во Башкортостан, длабоко на руска територија, објавува Би-Би-Си. Според најновите информации, засновани на фотографии од Крим, централниот сообраќаен дел од мостот се чини дека се срушил по нападот. At least one direct missile impact seen earlier on the archway of the Kerch Strait Bridge, as Ukraine tonight launched its second night of major drone and missile attacks against the key link connecting the Crimean Peninsula to Mainland Russia. For the first time since the start of Russia’s full-scale invasion of Ukraine, the Ukrainian Armed Forces appear intent on destroying the bridge, possibly with the goal of further isolating Crimea and gaining additional leverage over Russia in the upcoming round of peace talks led by the United States. — OSINTdefender (@sentdefender) November 17, 2026 Украинските сили го нападнаа Кримскиот мост, кој го поврзува Крим со руското копно, втора ноќ по ред, предизвикувајќи прекин на сообраќајот. Украинските канали за следење на фронтовската линија објавија снимки од експлозии над мостот, но обемот на штетата сè уште не е официјално потврден. Објавени се неколку видеа на кои наводно се гледа урнатиот главен лак на Кримскиот мост, со тврдења дека бил уништен од украински беспилотни летала или крстосувачки ракети. Ukrainian forces deployed a version of the FP-5 Flamingo cruise missile with a datalink and man-in-the-loop control, using it to hit the Crimean Bridge. https://t.co/UDDHZBsA20 — OSINTtechnical (@Osinttechnical) November 17, 2026 Тагови: Киев Кримскиот мост Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
МакедонијаОпштина Ѓорче Петров инвестира во зелена иднина преку нови енергетски иницијативиОпштина Ѓорче Петров продолжува да ги зајакнува своите активности за енергетска ефикасност, зелена мобилност и одржлив локален развој, потврдувајќи ја својата определба за создавање современа и еколошки одговорна општина.На настанот „Енергетски заедници во локалната самоуправа: Од соларна енергија до зелена мобилност - II“, Општина Ѓорче Петров го претстави својот придонес во развојот на енергетските заедници и успешната соработка со граѓанскиот сектор и стручните организации. Во рамки на иницијативата се издвојуваат два значајни проекти кои претставуваат конкретен чекор кон поодржлива иднина. Првиот проект се однесува на унапредување на зелената мобилност, преку поставување полнач за електрични возила на паркингот на Општина Ѓорче Петров, во партнерство со здружението „Go Green“. Вториот проект предвидува воспоставување иновативен агри-фотоволтаичен систем во ООУ „Димитар Поп-Георгиев Беровски“, преку проектот „Community Solar Garden“, во соработка со здружението „Изгрејсонце“. Со оваа иницијатива се отвораат нови можности за користење на сончевата енергија и примена на современи одржливи решенија во образовните установи. Посебно признание беше упатено до здруженијата „Go Green“ и „Изгрејсонце“, како и до SmartAP - Лабораторијата за социјални иновации и сите партнери кои со својата стручност, посветеност и иницијативност придонесуваат за реализација на овие проекти. На настанот беа доделени и благодарници како знак на признание за нивниот придонес и успешната соработка. Ваквите партнерства се особено важни за креирање и спроведување проекти кои носат конкретни придобивки за граѓаните. Локалната самоуправа останува посветена на поддршка на иновативни идеи, здружување на капацитетите и воспоставување соработки кои создаваат долгорочни вредности.Тагови: Општина Ѓорче Петров Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСерафимовски: Започна откупот на тутун по цена од 435 денари за килограм прва класаТутунот од втора класа се откупува по цена од 370 денари, додека, пак, од трета класа по 305 денари за килограм.Започна откупот на годинешната реколта по цена од 435 денари за килограм тутун од прва класа, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски при посетата на откупниот пункт на Тутунскиот комбинат во Прилеп, кој денес има отворено 34 откупни пункта, а на кои досега се откупени повеќе од шест тони тутун. „Очекуваме повеќе од 96 отсто од тутунот да биде откупен во прва класа, што значи дека ќе успееме да ја задржиме цената. Оваа цена е и по барање на самите тутунари“, рече министерот Серафимовски. Тој информираше дека површините под тутун годинава се зголемени во однос на лани и изнесуваат околу 15.100 хектари, при што посочи дека се очекува род од 26 до 30 милиони килограми, кој ќе се откупува според претходно склучените договори. „Во разговор со Сојузот на тутунари и со останатите тутунари ќе предложиме ново решение, односно зголемување на субвенцијата од 80 на 90 денари, од причина што сакаме да излеземе во пресрет на поголем дел од тутунарите и земјоделците што го предаваат својот тутун“, најави министерот Серафимовски, појаснувајќи дека ќе се предложат измени во самата програма, основната мерка и зелената нафта да бидат укинати, но затоа да добијат дополнително 10 денари субвенција на тутун. Тутунот од втора класа се откупува по цена од 370 денари, додека, пак, од трета класа по 305 денари за килограм. Државниот инспекторат за земјоделство е на терен од првиот ден на откупот, во наредните денови контролите ќе ги опфатат сите 317 пунктови на десетте регистрирани откупувачи во земјата. Тагови: Борче Серафимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook