Поплавени домови, паднати дрвја и прекини на електрична енергија по силното невреме на истокот на Македонија
1Поплавени домови, паднати дрвја и прекини на електрична енергија по силното невреме на истокот на Македонија
Македонија со најбројна делегација досега – околу 130 учесници во 19 спортови на Медитеранските игри во Таранто
2Македонија со најбројна делегација досега – околу 130 учесници во 19 спортови на Медитеранските игри во Таранто
Клековски: Продолжува намалувањето на бројот на новопрегледани пациенти во болницата и во здравствениот дом во Гостивар
1Клековски: Продолжува намалувањето на бројот на новопрегледани пациенти во болницата и во здравствениот дом во Гостивар
3Нова ера во хирургијата: Првата роботски асистирана операција успешно изведена во „Аџибадем Систина“
МакедонијаВрховен ја укина пресудата против Васил Јованов за поседување и трговија со наркотици Врховен ја укина пресудата против Васил Јованов за поседување и трговија со наркотици и предметот го врати на повторно постапување.Врховниот суд ја укина пресудата на Апелациониот суд Скопје против Васил Јованов со која тој беше осуден на три години и 10 месеци затвор за кривичното дело поседување и трговија со наркотици и предметот го врати на второстепениот суд на повторно постапување и одлучување. Пресудата за ова дело Кривичниот суд ја зема како отежнителна околност при одмерувањето на висината на казната на Јованов при вчерашното изрекување на казна затвор од 12 години, врз основа на признание на вина за делото „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката во која ја прегази Фросина Кулакова. Советот за казниви дела при Врховниот суд одлуката ја донел на седница одржана на 7 мај годинава, една недела пред објавувањето на пресудата на Основниот кривичен суд Скопје за прегазувањето на Фросина Кулакова во јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. -Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија, на седницата одржана на ден 07.05.2025 година, донесе пресуда КВП2-43/25, со која го уважи барањето на осудениот В.Ј. од Скопје, за вонредно преиспитување на правосилната пресуда поднесено преку бранителот Панче Нефтенов, адвокат од Скопје, ја укина пресудата на Апелациониот суд Скопје КЖ-1047/24 од 05.02.2025 година и предметот го врати на второстепениот суд на повторно постапување и одлучување, објави Врховниот суд. [Казна затвор од 12 години му одреди Судот на Васил Јованов, врз основа на признание на вина за делото „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за прегазувањето на Фр] Апелациониот суд Скопје во февруари годинава ја одби како неоснована жалбата на Васил Јованов за претходното дело, а жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје ја уважи и го преиначи во делот на одлуката за кривичната санкција – изречената заводска мерка Упатување во воспитно-поправен дом и го осуди на единствена казна затвор во траење од три години и десет месеци. Дваесет и едногодишниот Васил Јованов на 29 јануари годинава, управувал возило „Пежо 207“ без возачка дозвола и под дејство на алкохол, при што удрил во 22-годишната Фросина Кулакова на булевар „Партизански Одреди“, која починала на лице место.Тагови: Фросина Кулакова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПоплавени домови, паднати дрвја и прекини на електрична енергија по силното невреме на истокот на МакедонијаУрнати дрва, паднати бандери, оштетени електрични водови и уништени возила – ова е епилогот од силното невреме кое синоќа го зафати источниот и југоисточниот дел на земјава. Најпогодени беа Струмица, Радовиш, Делчево, Дојран и Куманово, каде покрај материјални штети, беа предизвикани и сериозни проблеми во сообраќајот. Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски во изјава за Канал 5 вели дека освен материјална штета, нема повредени граѓани, а во расчистувањето на последиците од невремето се вклучила и Територијалната противпожарна единица, Центарот за управување со кризи, како и екипи со специјализирана механизација“. Невремето во Стар Дојран оштети натстрешници, урбана опрема на плажата, неколку возила, а откорна и десетици повеќегодишни дрвја на повеќе локации. Градоначалникот Илија Тентов вели дека од рано утринава се работи на расчистување на последиците од невремето, а животот во Дојран денеска нормално се одвива. Краткотрајна појава на невреме од УХМР најавуваат и за следните денови. Од таму сепак, велат дека за викендот се очекува стабилно и топло време. И додека се санираат последиците од синоќешното невреме, надлежните повторно апелираат на внимателност, граѓаните да ги следат предупредувањата и да избегнуваат непотребни движења на отворено за време на силен ветер и невреме. Тагови: невремето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОбвинителството бара 30 дена притвор за раководството на гостиварски „Комуналец“15:16Гостивар и натаму останува без вода за пиење15:00Обвинителство: Истрага против три лица, водата во Гостивар е многу загадена08:47Уапсена е директорката на гостиварски Комуналец, Артана Асани и двајца раководители- гостиварци бараат одговорност17:50Приведена директорката на Комуналец од Гостивар и уште двајца раководители 15:27
Уапсена е директорката на гостиварски Комуналец, Артана Асани и двајца раководители- гостиварци бараат одговорност17:50
МакедонијаНоќен пожар во Чаир: Целосно изгоре еден автомобил, оштетени уште две возила и локалОва се остатоците од ,пожарот кој сведочат за тоа што се случуваше на ова место во 4 часот изутрина. Пукање на стаклата на запелените возила ги разбуди жителите на улицата Џон Кенеди во скопски Чаир. Сведоците на настанот велат дека во помош да се изгасне пожарот истрчале и локалните жители кои со ПП апарат се обиделе да ги изгаснат запалените возила. Се чистат остатоците од опожарените возила кои предизвикале материјална штета врз станбената зграда зад мене а во воздухот се уште се чувствува мирисот на чад. Локалните жители зад камерата велат дека не паметат ваков инцидент на оваа улица. Според официјалните информации опожарени се три, а пожарот предизвикал оштетување и на фасадата на станбена зграда до која биле паркирани возилата. Сведок на настанот чиј идентитет е познат на редакцијата, за Канал 5 тврди дека палењето на возилото настанало откако по меѓусебна расправија две лица фрлиле молотови коктели, а пожарот набргу и се проширил. Од МВР пак информираат дека се истражуваат причините за пожарот. -Околу 04:15 часот во СВР Скопје пријавено е дека на ул.„Џ.Кенеди“, целосно е опожарено патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.С.(34). Од пожарот зафатени биле и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки сопственост на С.Х.(34) и патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.С.(50). Од пожарот оштетен е дел од фасада на зградата и прозорци од угостителски објект во близина. Пожарот е изгаснат од екипа од Бригадата за противпожарна заштита. Се преземаат мерки за утврдување на причините за пожарот и за расчистување на случајот.- МВР Инаку, ова не е прв случај на опожарувањето на возила низ главниот град. за последниот сучај истрага ќе ги покаже точните мотиви. Тагови: пожар Чаир Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОбвинителството бара 30 дена притвор за раководството на гостиварски „Комуналец“15:16Гостивар и натаму останува без вода за пиење15:00Обвинителство: Истрага против три лица, водата во Гостивар е многу загадена08:47Уапсена е директорката на гостиварски Комуналец, Артана Асани и двајца раководители- гостиварци бараат одговорност17:50Приведена директорката на Комуналец од Гостивар и уште двајца раководители 15:27
Уапсена е директорката на гостиварски Комуналец, Артана Асани и двајца раководители- гостиварци бараат одговорност17:50
МакедонијаСиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката на ИндијаБилатералните односи да се кренат на повисоко ниво, да се продлабочат политичкиот дијалог, економската соработка и трговската размена од 133 милиони да порасне на 500 милиони долариБилатералните односи да се кренат на повисоко ниво, да се продлабочат политичкиот дијалог, економската соработка и трговската размена од 133 милиони да порасне на 500 милиони долари- ова било во фокусот на средбата меѓу македонската и индиската претседателка, Гордана Сиљановска Давкова и Друпади Мурму во Скопје. На првата официјална посета на земјава откако се воспоставени дипломатски односи меѓу двете држави, претседателката на Индија беше пречекана со највисоки државни и воени почести, тет-а-тет и билатерален состанок меѓу делегациите. На прес конференција со Сиљановска ги кажаа амбиционзните цели за во иднина, нашата претседателка добила покана за во Њу Делхи, а изразија надеж и дека пријателските односи ќе бидат потврдени со отворање на резидентна амбасада на Индија во Скопје. -Нашите две нации ги поврзува исклучителната врска преку една од најголемите хуманитарки што светот ги познавал – Света Мајка Тереза. Родена во Скопје, таа го посвети својот живот на народот на Индија и стана универзален симбол на човечноста. / Со претседателката Мурму го споделив моето уверување дека треба да си поставиме заедничка, поамбициозна, но остварлива цел – во следните пет години билатералната трговска размена да достигне барем 500 милиони американски долари,- Гордана Сиљановска Давкова – претседателка на Македонија. -Со оваа посета се потврдени пријателските врски, споделените вредности и взаемната почит меѓу двете нации. Целта е да се промовира поинтензивна трговска размена и инвестиции, како и да се охрабри соработката меѓу бизнис заедниците. Исто така, се согласивме да ја прошириме билатералната трговија на двојно од сегашниот обем,- Друпади Мурму – претседателка на Индија. По средбите во претседателската вила, Мурму го посети и гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата Св. Спас кадешто положи цвеќе. Индиската претседателка попладнево учествува и на македонско-индискиот бизнис форум, а утре заедно со Сиљановска ќе ја посетат спомен куќата на Мајка Тереза и Музејот на Град Скопје кадешто ќе ја откријат новата биста на Махатма Ганди. Тагови: Сиљановска – Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОбвинителството бара 30 дена притвор за раководството на гостиварски „Комуналец“15:16Гостивар и натаму останува без вода за пиење15:00Обвинителство: Истрага против три лица, водата во Гостивар е многу загадена08:47Уапсена е директорката на гостиварски Комуналец, Артана Асани и двајца раководители- гостиварци бараат одговорност17:50Приведена директорката на Комуналец од Гостивар и уште двајца раководители 15:27
Уапсена е директорката на гостиварски Комуналец, Артана Асани и двајца раководители- гостиварци бараат одговорност17:50