Времето денеска сончево и многу топло до 42 степена, продолжува портокаловата фаза - Канал 5

Времето денеска сончево и многу топло до 42 степена, продолжува портокаловата фаза

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе се движи од 14 до 23, а максималната од 35 до 43 степени. УВ индексот 9.

Времето денеска сончево и многу топло до 42 степена, продолжува портокаловата фаза

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде 20, а максималната ќе достигне до 42 степена.

Во наредните денови ќе продолжи периодот на стабилно и многу топло време со натпросечни температури за овој период од годината. Максималните температурни вредности вдолж Повардарието за 2 до 3 степени ќе го надминуваат 40-иот степен.

И во наредните денови насекаде ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури.

Канал 5 дознава: Македонија евакуира меѓу првите во Европа, авионот од Египет тргнува назад

Авионот испратен за евакуација на првата група од осум македонски државјани кои се евакурани од Израел, од Шарм Ел Шеик во Египет, тргнува назад кон Македонија.

Канал 5 дознава: Македонија евакуира меѓу првите во Европа, авионот од Египет тргнува назад

Се очекува групата од осум лица да пристигне вечерва на скопскиот аеродром

Како што дознава Канал 5, Македонија ги евакуираше своите државјани меѓу првите земји во Европа, пред Унгарија и Грција.

Албанските и словенечките државјани се враќаат во своите земји со помош на Грција.

„Бетcast" со Александра Каранфиловска

Вечерва во 21:30ч премиерно на YouTube, и во 23:30ч на Канал 5 ТВ.

„Бетcast" со Александра Каранфиловска

Колку длабоко во човековата психа може да допре психичката траума?

Што доведе една млада личност да посегне по сопствениот живот, кои се тајните знаци на патот до амбисот?

Александра Каранфиловска во Беткаст во 21:30ч премиерно на YouTube, и во 23:30ч на Канал 5 ТВ.

YouTube video

Вахиди: Иран сè уште не ја искористил најновата генерација проектили

Поранешниот командант на силите Кудс на иранскиот корпус на револуционерната гарда (ИРГЦ), Ахмад Вахиди, изјави дека Иран сè уште не ја распоредил својата најнова генерација ракети и наскоро ќе претстави нови иновации на бојното поле.

Вахиди: Иран сè уште не ја искористил најновата генерација проектили

Во меѓувреме, шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи го обвини Израел за напад врз иранските нафтени постројки во Персиски Залив.

Тој истакна дека нападите се дел од поширока стратегија за ескалација на судирите и вклучување на други регионални и глобални актери во судирот.

притисни ентер