ВРЕДИ стана една партија: Крај за политичкиот монопол во албанскиот кампус - Канал 5

ВРЕДИ стана една партија: Крај за политичкиот монопол во албанскиот кампус

Коалицијата ВРЕДИ и официјално се обедини во единствена политичка партија со пет субјекти, промовирајќи го европскиот пат како своја главна насока. 

ВРЕДИ стана една партија: Крај за политичкиот монопол во албанскиот кампус

Коалициски партнери, бројни гости и над 850 делегати ја НАПОЛНИЈА Македонската хармонија – ВРЕДИ се обедини во една партија под химната на Европа, како симболика на правецот по кој ќе се движи сега веќе единствениот политички субјект – во салата не одекнаа ниту македонската, ниту албанската химна...

На конгресот присуствуваше премиерот Мицкоски, а имаше и регионални гости, меѓудругите, прешевската градоначалничка Ардита Синани, како и косовскиот шеф на владата Албин Курти, кој го отвори конгресот. Тој во својот говор порача дека Вреди сега треба да даде кредибилитет на државните инстититуции, особено во очите на Албанците.

„Вашиот најголем успех е вашето обединување, ВРЕДИ сега е субјект кој што ги преставува јавните интереси, општествени на сите Албанци во Македонија.“

Монополот во албанскиот кампус заврши – порачаа копретседателите на ВРЕДИ – Изет Меџити и Биљал Касами, кои велат дека сега како едно се легитимни претставници на албанците во Македонија. Според нив, обединувањето на пет политички субјекти во еден е историски момент.

„Досега фокусот ни беше овој конгрес на обединување, што не е секојдневие, народот слуша повеќе за поделби фракции, ние го направивме обратното, имаме програма, консолидиран ВЛЕН, кој мислам дека многу повеќе ќе придонесе. / Тука во Скопје се случува историја, за прв пат пет политички партии и неколку организации се соединуваат во еден субјект, во една политичка партија, во едно тело, не да го сменат само политичкото размислување, туку и да станат реален показател дека политиката соединува, а не да дели. “

Не изостана реакција од нивниот главен политички опонент ДУИ, кои Касами и Меџити ги нарекоа двајца кормилари на еден брод што тоне, предвидувајќи им распаѓање. Според нив, поставувањето на двајца лидери претставува доказ дека во политичкиот состав на ВРЕДИ постојат недоверба и поделби.

„Албанците не заслужуваат политички експерименти. Вчерашниот ден треба да се памети само како почеток на крајот на една групација што ја жртвуваше иднината на сопствениот народ за да ги зачува фотељите – Порачаа од ДУИ.

Обединувањето на ВРЕДИ било очекувано, па сега албанскиот блок кој беше расцепкан, добива консолидиран противник на ДУИ, вели аналитичарот Петар Арсовски. Според него, сепак, проблем ќе биде спојувањето на идеолошките матрици и механизмот на одлучување. Во иднина очекува порадикална реторика и подлабок јазол во албанскиот кампус, особено по онаа Зијадин Села, дека албанците се фактор на стабилност, но можат да војуваат, како и изјавата на Бујар Османи, во „Само интервју“ дека бадентерот ќе се брани и физички. Сепак, дека оваа појава ќе остане само во политички рамки.

Релативната биполарност, односно двонасочност во албанскиот блок, ќе ги врати темите, особено кај опозицијата кои сметале дека се надминати, особено бадентер, рамковен договор. Тоа ќе донесе до извесна радикализација, бидејќи повторно под притисокот од олигополската позиција и од конкуренцијата во албанскиот политички блок, дел од партиите ќе посегнат по еден порадикален наратив, но не гледам суштински капацитет тоа да ја наруши општата поставеност, мислам дека тоа ќе се сведе на политички маневри, а не на некаква суштинска дестабилизација.

Покрај Изет Меџити, кој доаѓа од демократско движење и Билал Касами од БЕСА, кои ќе бидат копретседатели, за генерален секретар беше избран вицепремиерот за европски прашања Беким Сали кој ја водеше Алтернатива. Потпретседателските позиции ги добија пратеничката Мимоза Муса од АА и Беким Ќоку кој доаѓа од Самоопределување.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ФИФПРО тимот на годината без освојувачот на Златната топка Хари Кејн

Добитникот на „Златната топка“  капитенот на Англија, Хари Кејн, изненадувачки го нема во тимот на годината!

ФИФПРО тимот на годината без освојувачот на Златната топка Хари Кејн

Легендарниот Лео Меси повтормно е меѓу најдобрите 11-сетмина.

Добитникот на „Златната топка“, Хари Кејн, на изненадување на сите, не се најде во идеалниот тим на годината според ФИФПРО (FIFPRO).

Од друга страна, Лионел Меси по рекорден 18-ти пат е дел од најдобрите 11 во изборот на професионалните фудбалери.

Овогодинешниот добитник на „Златната топка“ (Ballon d'Or), капитенот на англиската репрезентација Хари Кејн, изненадувачки не се најде во идеалниот тим според изборот на ФИФПРО (FIFPRO).

Во гласањето учествуваа фудбалери од 73 земји, а Лионел Меси се најде меѓу најдобрите 11 по рекорден 18-ти пат.

Аргентинецот повторно е избран во најдобриот тим, откако во 2023 година не беше дел од него.

Во нападот, покрај него, се најдоа Ерлинг Халанд, Килијан Мбапе и Ламин Јамал.

Во идеалниот тим за сезоната 2025/26 се наоѓаат четворица шпански репрезентативци кои летово ја освоија светската шампионска титула: Родри, Пау Кубарси, Давид Раја и Ламин Јамал.

Неочекуван е и изборот на голманот.

Голманот на Арсенал која за време на Светското првенство му беше резерва на Унаи Симон е избран за прв голман во идеалниот тим, иако шпанската единивца, беше прогласена за најдобар голман на годината во изборот на списанието „Франс фудбал“.

FIFPRO Светски тим (World 11) за сезоната 2025/26.

ГОЛМАН: Давид Раја (Арсенал, Шпанија)

ОДБРАНА: Пау Кубарси (Барселона, Шпанија), Ашраф Хакими (Пари Сен Жермен, Мароко), Нуно Мендеш (Пари Сен Жермен, Португалија)

СРЕДЕН РЕД: Џуд Белингам (Реал Мадрид, Англија), Родри (Манчестер Сити/Барселона, Шпанија), Витиња (Пари Сен Жермен, Португалија)

НАПАД: Ерлинг Халанд (Манчестер Сити, Норвешка), Килијан Мбапе (Реал Мадрид, Франција), Лионел Меси (Интер Мајами, Аргентина), Ламин Јамал (Барселона, Шпанија).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Шпагети во сос

Во вторник (03.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Игор Андреевски

„Гответе со Дракче“ - Шпагети во сос

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. шпагети

200 гр. мелено месо

2 главици кромид

2 чешниња лук

400 мл. доматен сос

масло

сол, бибер и др. зачини

малку свежо нане или магдонос

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НАСА бара луѓе кои ќе живеат на Месечината: Конкурсот е отворен, но условите не се за секого

Американската вселенска агенција НАСА бара кандидати со високо образование во научни и технички области, додека договор вреден 10 милијарди долари ги очекува приватните компании.

НАСА бара луѓе кои ќе живеат на Месечината: Конкурсот е отворен, но условите не се за секого

Американската вселенска агенција, НАСА, објави повик за регрутирање нова класа на астронаути. Овој пат, целта е многу поамбициозна од самиот престој во орбитата: се бараат поединци кои ќе живеат и работат на површината на Месечината.

Овој процес на регрутирање е дел од програмата „Артемида“, а избраните кандидати ќе сочинуваат тим задолжен за поставување на темелите за постојана месечева база, како и за подготовка на теренот за првите мисии со екипаж до Марс. Обуката ќе опфаќа движење по предизвикувачкиот терен на Месечината и издржување долготраен престој во екстремни услови. Како што се очекуваше, критериумите за подобност се исклучително строги.

Право на пријавување имаат само државјани на САД кои поседуваат магистерска диплома од областите инженерство, биологија, физика или компјутерски науки.

Нема многу време за размислување, бидејќи крајниот рок за поднесување пријави преку официјалната веб-страница на агенцијата е 3 декември 2026 година, а имињата на новите астронаути ќе бидат објавени кон крајот на 2027 година.

Истовремено, НАСА го решава прашањето за логистиката, без која една база не може да опстане. Распшан е тендер во вредност од дури 10 милијарди долари за втората фаза од програмата „Комерцијални услуги за испорака на товар на Месечината“ (Commercial Lunar Payload Services – CLPS).

Станува збор за десетгодишен договор со приватни компании за изградба и управување со летала за слетување, наменети за испорака на инструменти, залихи и опрема директно на површината на Месечината.

За овие договори се натпреваруваат осум компании, меѓу кои „SpaceX“, „Blue Origin“ и „Lockheed Martin Space“. Впечатливо е отсуството на „Boeing“ од списокот; вселенската програма на оваа компанија, „Starliner“, веќе подолго време се соочува со технички проблеми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер