3ВМРО-ДПМНЕ: Фактите ја демантираат СДС, за две години ВМРО-ДПМНЕ исплаќа повеќе субвенции отколку СДС и ДУИ за три години
Норвежаните дојдоа на Светското првенство со многу храна: Имаат готвачи за Халанд и другарите, спакувале 300 кг риба во авионот
Видео-фото: Светот ја чекаше нивната реакција, погледнете што направија фудбалерите на Иран за време на пеење на химната
1Норвежаните дојдоа на Светското првенство со многу храна: Имаат готвачи за Халанд и другарите, спакувале 300 кг риба во авионот
2Видео-фото: Светот ја чекаше нивната реакција, погледнете што направија фудбалерите на Иран за време на пеење на химната
3 Стресот го уништува организмот, а повеќето тоа не го забележуваат: Стручни лица откриваат 3 едноставни начини да го победите
МакедонијаВРЕДИ: Автопатот не поминува низ нивните земјишта, затоа вриштат!Пискотниците на ДУИ за автопатот Скопје-Блаце имаат само една причина: трасата не поминува таму каде што со години се правеле пресметки и се купувале земјишта со надеж за милионски профити од експропријација.За прв пат добиваат граѓаните, а не партиските интереси. Ова е вистинската причина за нивната врева. Обидот автопатот да служи за индивидуални интереси, а не за интерес на граѓаните, пропадна. Трасата се реализира според професионално решение и во корист на граѓаните, а не според плановите на оние што мислеа дека ќе се збогатат од овој пат. Со години овој стратешки проект беше одложуван и држен како заложник на тесни интереси. Денес, кога конечно напредува, корисници нема да бидат привилегирани поединци, туку граѓаните, бизнисите, економијата и стратешкото поврзување со Косово. ВРЕДИ не е во Владата за да штити приватни интереси, туку за да реализира проекти кои со децении се користеле само за политичка пропаганда. Автопатот Скопје-Блаце е еден од проектите што ја покажува разликата меѓу оние што зборуваа за развој и оние што го реализираат во пракса. Автопатот Скопје-Блаце е најдобар доказ за разликата меѓу два политички пристапи: 24 години празни ветувања и 24 месеци ангажман што го водат проектот кон завршување. ВРЕДИ на дело!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалНорвежаните дојдоа на Светското првенство со многу храна: Имаат готвачи за Халанд и другарите, спакувале 300 кг риба во авионотНеверојатно е со каква експедиција Норвежаните пристигнаа на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Тимот на Норвешка донесе еден тон храна на Мундијалот. Норвешка сè уште не играла на Светското првенство, но нивната експедиција е во Америка долго време и пристигнала таму подготвена. Како што објавија норвешките медиуми, Фудбалската асоцијација одлучила да се погрижи за исхраната на фудбалерите на импресивен начин. Норвежаните пристигнаа во САД со 300 килограми риба, 116 килограми сирење и дури 6.000 портокали. Тие ги донесоа најпознатите норвешки готвачи со себе за да се грижат за тимот. Норвешка го започнува својот настап на Светскиот шампионат вечерва со дуел против Ирак и, а по тој натпревар во кој се големи фаворити, започнуваат тешките ривали. Првиот е Сенегал на 22 јуни, а вториот е дуел со Франција на 26 јуни.Тагови: Халанд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМФ:Исплатени над 2 милијарди денари субвенции за тутун на 15.144 тутунопроизводителиМинистерство за финансии денеска исплати 2.028.714.243 денари субвенции за произведен и предаден тутун од реколта 2025 година, средства наменети за 15.144 тутунопроизводители.Со исплатата се потврдува определбата на Владата за континуирана и навремена поддршка на земјоделството како една од клучните стопански гранки во државата, со посебен фокус на тутунарството како стратешка и традиционално значајна земјоделска дејност. Преку редовна и навремена исплата на субвенциите, се создаваат услови за поголема финансиска стабилност на земјоделците, одржување на производството и понатамошен развој на руралните средини. Владата и Министерството за финансии остануваат посветени на политики кои ќе придонесат за поголема конкурентност на домашното земјоделство, повисоки приходи за земјоделците и одржлив развој на аграрниот сектор.Тагови: Министерство за финансии Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРаботна посета на министерот Муцунски на Лондон08:35Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38Опожарени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје18:13Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје15:16Опожарени две возила со дипломатски таблички пред бугарската амбасада во Скопје14:10
Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38
МакедонијаЛДП: Правната држава бара доследност, а не различни толкувања на јавниот интересЛиберално-демократската партија (ЛДП) останува на ставот дека секоја правосилна судска одлука мора да се почитува и дека никој не смее да биде над законот. Истовремено, сметаме дека довербата во правосудството и институциите се гради преку еднакви критериуми, правна сигурност и доследност во примената на принципите. Во јавноста неизбежно се отвора прашањето како се толкува поимот „јавен интерес“ и дали за сите важат истите стандарди. Во случајот со Стевчо Јакимовски, јавноста со право го поставува прашањето: како е можно постапки за кои денес некој се осудува, истовремено да бидат претставувани од актуелната власт како пример за „ефикасност“, „надминување на административни блокади“ и „заштита на јавниот интерес“? Да потсетиме само пред неколку месеци актуелната власт предложи законски измени кои беа образложени како механизам за побрза реализација на објекти од јавен интерес и надминување на административните блокади. Според образложението, целта беше да се олесни изградбата на училишта, градинки, болници, амбуланти и други капитални проекти преку поедноставени процедури. Токму затоа денес граѓаните со право бараат одговор на едно суштинско прашање: Ако заобиколувањето на одредени административни процедури е оправдано кога се повикува на јавен интерес, тогаш по кој принцип слични постапки во други случаи се третираат како криминал? Кога институциите испраќаат различни пораки за слични постапки, неизбежно се создава чувство на нееднаквост и селективност. А токму таквата перцепција ја поткопува довербата во системот повеќе од која било политичка дебата. ЛДП не навлегува во судски постапки и не пресудува наместо судовите. Но, сметаме дека државата има обврска да обезбеди јасни, предвидливи и еднакви правила за сите. Она што е недозволиво во еден случај не смее да биде претставено како доблест во друг, а она што се оправдува со јавен интерес денес не смее утре да биде предмет на различен аршин. Само преку доследна примена на законите, независни институции и еднаков третман за сите граѓани може да се врати довербата во правната држава. Со почит, Либерално-демократска партијаТагови: ЛДП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter