Вратата на ЕУ е широко отворена – потребно е спроведување на реформите, порача евроамбасадорот Рокас - Канал 5

Вратата на ЕУ е широко отворена – потребно е спроведување на реформите, порача евроамбасадорот Рокас

Вратата на Европската Унија за членство е отворена, но земјава мора да работи на реформите – вели евроамбасадорот Михалис Рокас. 

Вратата на ЕУ е широко отворена – потребно е спроведување на реформите, порача евроамбасадорот Рокас

Во обраќањето во законодавниот дом по презентацијата на анализите за јавното мислењето кај македонските граѓани за евроинтеграциите, Рокас ги повика сите општествени чинители да се обединат и да бидат како што кажа, прагматични на патот кон членство. Според него, на овој начин и со спроведување на реформите ќе се надминат и пречките кои Македонија на европскиот пат.

-Вратата на ЕУ е широко отворена. Сметам дека во овој момент е неопходно земјата да се обедини, владата, опозицијата, собранието и граѓанското општество да бидат прагматични и да ги забрзааат реформите, и ви гарантирам дека ако ова се случува, без оглед на тоа што мислат граѓаните за пречките кон пристапувањето, дека ќе се надминат тие проблеми. Тоа не е само шанса што треба да се искористи, туку такво е времето, таков е историскиот период,- - Михалис Рокас – Евроамбасадор.

Според истражувањето на Институтот за демократија Социетас Цивилис, по неколку години пад, минатата 2025 забележано е зголемување на поддршката кај граѓаните за влез во ЕУ. 71 процент од нив сметаат дека местото на Македонија е во Унијата, а значително зголемување од 15 проценти има кај етничките Македонци. Сепак, податоците покажуваат дека и натаму има отпор кон уставните измени, односно само 11 проценти од етничките Македонци сметаат дека треба да има промена на уставот, наспроти 57% од Албанците. Најголемиот дел од испитаниците претпочитаат и повторно репреговарање на реговарачката рамка, нешто што од првиот човек на институтот Марко Трошановски го оцени како нереално.

-За прв пат оваа година по неколку години пад, поддршката за ЕУ бележи значителен пораст и надминува 70 проценти или 71 процент на луѓе го поддржуваат членството во ЕУ доколку утре се одржи референдум. / Токму геополитичката несигурност придонесува за тоа граѓаните да се наклонуваат кон опцијата која ја сметаат за најдобра, а тоа е ЕУ. / Околу една четвртина граѓани сметаат дека Македонија треба да работи на промена на преговарачката рамка, нешто што е резултат на претходните насоки од политичктие партии, но нешто што за жал е прилично невозможно да се случи,- - Марко Трошановски – ИНститут за демократија „Социетас Цивилис“.

Податоците според претседателот на комисијата за еворпски прашања Антонио Милошоски се доказ дека нема дилема за членството во Унијата како цел, но прашањето било како да се стигне до тоа со како што кажа, менливите услови. Лидерот на опозицијата Филипче пак, како загрижувачка ја оцени како што кажа, антиевропската реорика на владата и лоцирањето на вина воБрисел, додека домашната работа не е завршена. Истражувањето инаку како што информираа од институтот било спроведено преку теренска работа во периодот од 22 октомври до 5 ноември минатата година, на примерок од 1003 испитаници.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре облачно и постудено време со температура до 18 степени- разведрување за викендот

Утре времето ќе биде променливо облачно и постудено, информира УХМР.

Утре облачно и постудено време со температура до 18 степени- разведрување за викендот

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

4 Попова Шапка, 5 Крушево, Маврови Анови, 9 Берово, Прилеп, 10 Претор, Крива Паланка, Битола, 11 Охрид, 12 Тетово, Зајчев Рид, Виница, Кавадарци, Штип, 13 Демир Капија, Струмица, Велес, Скопје Петровец, 15 Гевгелија.

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 9 часа во (l/m2)

8 Кавадарци, 6 Берово, Прилеп, 5 Битола, Демир Капија, 4 Виница, 3 Штип, Гевгелија, Претор, Охрид, 2 Велес, Крушево, 1 Маврови Анови, Крива Паланка.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес беше променливо облачно и посвежо. Наместа имаше повремени локални врнежи од дожд. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Променливо облачно и постудено. Ќе дува засилен до силен ветер од северен правец, кој наместа ќе надминува брзина од 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.

Во Скопје, променливо облачно и постудено. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 15 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До петок ќе преовладува променливо облачно и постудено време. Денес и во петок ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои на некои од повисоките планини ќе преминат во снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец, кој наместа ќе биде силен со брзина над 60 km/h. За време на викендот ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Итно се повлекуваат возила на Форд- причината е ризик од пожар

Патничкото возило Ford, Transit Custom, Tourneo Custom е предмет на отповикување поради идентификуван ризик за потрошувачите.

Итно се повлекуваат возила на Форд- причината е ризик од пожар

Повлекувањето се однесува на Transit Custom, Tourneo Custom модел или модели, а видот на ризик е: Ризик од пожар.

Овој случај е заведен под отповикување број 130/2026, од 13.10.2026 година. Категоријата на случај е отповикување на производи за потрошувачи.

На потрошувачите кои го поседуваат овој производ им се препорачува да проверат дали нивната копија е покриена со повлекувањето и да ги следат упатствата на производителот, дистрибутерот на Форд или надлежните органи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Распишана централна и меѓународна потерница по Михаилова Ива

Министерството за внатрешни работи распиша потерница по Михаилова Ива (23) од Кочани, од татко Симеон и мајка Христина двајцата од Кочани. 

Распишана централна и меѓународна потерница по Михаилова Ива

Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на Основен суд Кочани за кривично дело по член 300 став 4 и член 297 став 3 од Кривичниот законик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер