Врањеш во телефонот има порно снимка со Карлеуша: Јелена е подготвена да му исплати 300.000 евра за експлицитното видео

Огњен Врањеш и Јелена Карлеуша долго време држеле експлицитно видео во своите телефони, а кога Душко дознал дека таа го изневерува, ЈК ја избришала снимката.

Меѓутоа фудбалерот и понатаму ја има нивната снимка во телефонот и ја чува како последен адут во аферата која веќе со денови го тресе целиот Балкан. ЈК го знае тоа и спремна е да исплати голема количина на пари за да ја откупи снимката која може да и го уништи животот.

„Додека имаа афера, Јелена и Огњен често разменуваа смешни видео и фотографии. Со оглед на тоа дека живееја во различни држави и не можеа често да се гледаат, мораа некако да ја одржуваат разгорената страст. Во една прилика, кога го посетила во Атина додека тој играл за грчки АЕК, заедно се снимале во текот на сексот. Тоа било во август 2017 година. Тогаш е направен еден од најдобрите домашни филмови за возрасни, тоа ви го тврдам“ – изјавил извор близок до босанскиот репрезентативец.

Во понатамошниот текст се наведува: Се снимале кај него во станот во различни пози. Клипот трае нешто подолго од три минути и многу е експлицитен. Го зачувале во своите телефони на кои и двајцата имаат шифри, па така не се грижеле дека некој некогаш би можел да го погледне. Огњен го покажал на неколку свои колеги од босанската репрезентација и на најблиските пријатели.

Јелена е во страв дека поранешниот нејзин љубовник би можел да ги злоупотреби нивните најинтимни моменти и тоа токму сега кога нејзиниот брак со Душко Тошиќ е на стаклени нозе. Затоа на Огњен му понудила вистинско богатство за да го откупи неговото видео.

„Таа знае дека постои опасност експлицитното видео секој момент да се најде во јавност и не жали пари за тоа да го спречи. Веднаш го повикала Врањеш и му понудила 300.000 евра за нивната заедничка снимка. Тој не сакал ни да слушне за тоа, само ја прекинал врската. Свесен е дека ја држи во рака, а парите никогаш не му биле мотив да ги објави пикантните детали од нивната врска“ – заклучува соговорникот.

Предизборни калкулации околу составот на идната влада

Откако ги прозваа дека за да му се допаднат на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се откажале и од условот за уставни измени, албанските опозиционери ги повторија нивните барања за  учество во новата влада. 

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши порача дека коалицијата „Вреди“ е доследна на ставот за усвојување на уставните измени и тоа во конкретен рок, како и дека претседателот на државата треба да се избира во Собранието. Според Гаши, тие се обврзани да бидат дел од идната влада во која ќе водат важни институции од секторот за внатрешни работи. Со ВМРО-ДПМНЕ, вели, се уште не разговарале за темата уставни измени, но оти за тоа е потребен поширок консензус и дебата.

Позициите од кои не планираат да се откажат ги повтори и потпретседателот на ДУИ, Османи - усвојување на уставните измени, почитување на договорите како и ветинг, се условите за коалицирање на „интегративците“. На Мицкоски му одговори дека тој не одлучува кој ќе биде претставник на Албанците во новата влада туку народот, а скандирањето „УЧК“ од лидерот на ДУИ Ахмети на митинг среде Скопје, според Османи, е реакција на националистичката реторика од Мицкоски која ги иритирала Албанците.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на митинг синоќа од Битола упати порака до Мала Речица, како што рече, да не праќаат емисари да го премислат, бидејќи партнерот за новата влада ќе го бара во албанската опозиција, а на ДУИ време и е за опозиција и одговорност.

Отворена врата за коалицирање Мицкоски остави и за движењето ЗНАМ на Максим Димитриевски и во партиите со кои ќе споделуваат исти принципи и вредности и чии гласови ги очекува на контото на Силјановска Давкова во вториот круг од претседателските избори.

Бербок повика на брзо прифаќање во ЕУ на земјите кандидати за членство од Западен Балкан

Шефицата на германската дипломатија, Аналена Бербок повика на брзо прифаќање во Европската унија на земјите кандидати од Западен Балкан по повод прославата на 20-годишнината од проширувањето на Европската унија со десет земји во 2004 година.

-Политичките и географските „сиви зони“ на Балканот или во источниот дел на ЕУ се крајно опасни. Не можеме да си дозволиме такви „сиви зони“, бидејќи за (рускиот претседател Владимир) Путин тие се покана за интервенција, за дестабилизација, напиша Бербок во авторскиот текст објавен по повод годишнината.

ЕУ го заостри визниот режим со Етиопија поради „несоработка“ во реадмисијата на азиланти

Советот на ЕУ денеска реши времено да суспендира одредени одредби од одлуката со кој се регулира издавањето визи за државјаните на Етиопија.  

Со денешната одлука се укинува ослободувањето од обврската за поднесување на доказите што треба да ги достават апликантите за виза, се забранува издавањето на повеќекратни визи и се укинува ослободувањето од обврската за плаќање визната такса за имателите на дипломатски и службени пасоши.

Дополнително, како што јави дописникот на МИА од Брисел, рокот за одговор на поднесената апликација за виза се продолжува од досегашните 15 на 45 календарски дена.

Ваквата одлука на Советот на ЕУ е донесена врз основа на оценката на Еврокомисијата дека „соработката на Етиопија на полето на реадмисија на нејзините државјани кои илегално престојуваат во ЕУ е недоволна“.

Според ЕК, има недостиг на одговори од страна на етиопските власти во однос на барањата за реадмисија и постојат потешкотии со издавањето на итни патни документи и со организација на враќањето на одбиените баратели на азил.

Одлуката за суспензија е привремена, но нема конкретен краен рок на нејзината важност, туку тој ќе зависи од понатамошната оценка на Комисијата за постигнатиот напредок во соработката за реадмисија од страна на Етиопија.

Европската комисија редовно ја оценува соработката на трети земји во процесот на реадмисија на илегалните мигранти и одбиените баратели на азил. Врз основа на овие оценки, ЕК може да заклучи дека соработката на одредена трета земја при реадмисијата е „недоволна“ и може да ја суспендира одлуката за визна либерализација или да го заостри постојниот режим за издавање визи.

Во случајот на Етиопија, Еврокомисијата процени дека има „особено ниска стапка на реадмисија“ и се издадени мал бројот на патни документи врз основа на барањата за враќање на етиопските државјани во нивната матична земји, што во целост е оценето како „ниско ниво на соработка“. /МИА

притисни ентер