Селин Дион прв пат се појави во јавност по две години- во Париз ја пречекаа толпи обожуватели (ВИДЕО)
Европската комисија го принуди Гугл да ги смени правилата- што ќе значи тоа за медиумите и издавачите
1Селин Дион прв пат се појави во јавност по две години- во Париз ја пречекаа толпи обожуватели (ВИДЕО)
2Европската комисија го принуди Гугл да ги смени правилата- што ќе значи тоа за медиумите и издавачите
АвтомобилизамВраќање на легендата, пристигна „Alfa Romeo Giulia GTA“На 110 годишнината од своето основање, италијанскиот произведувач се враќа на корените и на една од легендите во својата историја а и општо во автомобилизмот.Наместо на саемот за автомобили во Женева, кој во меѓувреме е откажан заради коронавирусот, „Alfa Romeo Giulia GTA“ имаше онлајн светска премиера. Освен регуларната верзија, претставена е и „Alfa Romeo Giulia GTAm“, автомобил ориентиран кон купувачите кој уживаат во возењето по тркачките патеки. Од технички аспект, и во смисла на концепција, новиот модел „Giulia GTA“ е инспириран од моделот „Giulia GTA“ од 1965 година, кој го развила компанијата Аутоделта врз основа на моделот „Giulia Sprint GT“. „GTA“ е скратеница од „Gran Turismo Alleggerita“ и се појави во 1965 токмуи со моделот „Giulia Sprint GTA“, посебна верзија која произлегла од моделот „Sprint GT“ а која е дизајнирана како спортски автомобил и е претставена на саемот за автомобили во Амстердам таа година. Современата верзија на моделот „Alfa Romeo Giulia GTA“ е заснована врз моделот „Giulia Quadrifoglio “ и доаѓа со помоќна варијанта на 2.9 литарскиот V6 Би-Турбо бензинец. Иако овие денови се шпекулираше дека новата „GTA“ би можела да располага со 600, па и повеќе коњски сили, модифицираниот агрегат произведува 540 коњски сили, односно 30 коњски сили повеќе од моделот „Giulia Quadrifoglio“. Користејќи многу лесни материјали, овој автомобил има предност во вид на намелена тежина за 100 килограми во споредба со моделот „Giulia Quadrifoglio“, постигнуивајќо одличен однос на силата и тежината. Кога станува збор за перформанските, „Alfa Romeo Giulia GTA “ забрзува од 0 до 100км/ч за вкупно 3,6 секунди. За новата „GTA“, инженерите на брендот „Alfa Romeo“ имале за цел унапредување на аеродинамиката и управувањето, но пред се намалување на масата на возилото. Активната аеродинамика е посебно проучувана, а од „Alfa Romeo“ велат дека применетите решенија содржат техничко знаење преземено од Формула 1 благодарение на синергијата со компанијата „Sauber Engineering“ и користењето на „Sauber Aerokit“ пакетот. Титаниумскиот централен издувен систем Акраповиќ, интегриран во дифузорот од јаглени влакна, е исто така нов, како и тркалата од 20 инчи со централно заклучување, кои по прв пат се појавуваат на моделот „Giulia“. Во моделот „GTAm“, предниот аеродинамичен дел е додатно оптимизиран со додавање на поголем преден спојлер, додека одзади се наоѓа крило од спојлер изработено од крабон. „GTAm“ се разликува и по тоа што внатре има заштитен кафез, нема внатрешни панели на вратите, а вратите се отвораат со каиш наместо со рачка. Моделот „Alfa Romeo Giulia GTA“ и неговата тркачка верзија „Alfa Romeo Giulia GTAm“, ќе се произведуваат во ограничена серија од вкупно 500 примероци а сите автомобили ќе бидат нумерирани. Но, специфичното купувачко искуство не запира овде. Новите сопственици исто така ќе добијат и персонализиран комплет кој опфаќа кацига во специјални „GTA“ бои, комплет тркачко одело и ракавици и персонализирана церада за да го заштитат својот автомобил. На крајот, корисничкото искуство на „Alfa Romeo“ опфаќа и специјалејн возачки курс осмислен од нивната возачка академија. Цените за „Giulia GTA“ и „Giulia GTAm“ за сега не се соопштени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15Трагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани15:00Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово09:0072-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
ЕвропаШпанија побара помош од ЕУ за обработка на податоците за мигрантите на СеутаШпанија денеска побара од Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс) помош во обработката на мигрантите во северноафриканската енклава Сеута, речиси еден месец откако десетици илјади луѓе пребегнаа преку границата од Мароко.Шпанскиот министер за внатрешни работи, Фернандо Гранде-Марласка, испрати барање до Беата Гминдер, генерален директор на Европската комисија за миграција и внатрешни работи, барајќи помош од Фронтекс, агенцијата на Европската Унија, во проверката на мигрантите кои се нелегално во енклавата. Властите тврдат дека меѓу 5.000 и 8.000 луѓе остануваат во Сеута откако најмалку 72.000 луѓе ја преминаа границата од Мароко на 30 јули. 82 мигранти загинаа во неа на шпанската страна од границата, додека Мароко потврди уште 14 смртни случаи. Шпанија, исто така, побара уште десет службеници на Фронтекс да помогнат во проверката на мигрантите. Тензиите растат во Сеута Барањето на Марласка доаѓа во услови на зголемени тензии во Сеута, по серијата протести на жителите кои бараат мигрантите да си заминат. Шаторите што ги користат мигрантите на плажата Трамболина, каде што многу од нив кампуваат, беа нападнати и запалени. Вчера, 12 мигранти беа уапсени откако каменуваа воено возило, во кое беа повредени еден војник и четворица мигранти. 11 лица беа протерани од Сеута, објави денес весникот „Ел Паис“, повикувајќи се на извори од главниот градски суд.Тагови: Сеута Шпанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДУИ: Што му должи ВЛЕН на Стоилковиќ, што го поддржува и го брани во секој случај?Не е првпат ВЛЕН целосно да го брани или, уште поточно, да молчи пред Стоилковиќ и неговите скандали, односно пред неговите мегаскандали.ВЛЕН молчеше кога Стоилковиќ ја нарече Република Косово „Косово и Метохија“. ВЛЕН молчеше за маршот на српски војници и полицајци во Македонија. ВЛЕН молчеше и за скандалозните изјави на министрите од Србија, дадени среде Македонија, со кои се оспоруваше и омаловажуваше државната реалност на земјата. ВЛЕН молчеше кога Владата на Македонија, чиј дел се и самите тие, со државни почести го пречека Милорад Додик. ВЛЕН молчеше и пред антизападните и проруските изјави на Додик. ВЛЕН, исто така, конкретно помогна српската Алта банка да стане дел од банкарскиот сектор во земјата, додека е очигледно дека српските економски интереси и бизниси сè повеќе се шират во Македонија. Под владеењето во кое ВЛЕН е дел, и српскиот капитал се шири во земјата. Денес имаме и српски медиум кој дејствува во Македонија. До каде ќе стигне ова влијание и ова навлегување, останува да се види. Можеби оваа потчинетост на ВЛЕН кон Стоилковиќ има корени токму во зборовите на самиот Стоилковиќ, кој изјави дека само досега, два или трипати, претставниците на ВЛЕН ги „спасил“ од јавен срам. И што се случи по оваа изјава? Ништо. Ниту приговор. Ниту дистанцирање. Ниту реакција. Напротив, ВЛЕН продолжува да биде во служба на Стоилковиќ: со неговите гласови, со неговата пропаганда и со оправдувањето на секоја негова одлука. Дури и кога петмина албански администратори беа отпуштени од работа, ВЛЕН не го спречи Стоилковиќ и тој продолжи да ја ужива нивната заштита. Денес, и случајот со српски службеник во Агенцијата за правата на заедниците се соочува со истата политичка заштита од ВЛЕН. Затоа, прашањето е легитимно, а одговорот е сè појасен: Што му должи ВЛЕН на Стоилковиќ, што секогаш го поддржува и го брани? Затоа што постојаното молчење, политичката заштита и подготвеноста да се оправдува секој скандал не можат да бидат случајност. ВЛЕН денес е заробена политичка структура, која наместо да ги брани интересите на албанските граѓани и државниот интерес на Македонија, избра да молчи и да служи. Заробена не само од Стоилковиќ, туку и од влијанијата и интересите што тој ги претставува, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15Трагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани15:00Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово09:0072-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
Македонија Борозан: На кого Мицкоски му ги поклонува водата, земјата и струјата за дата центри?Ветувањата и изјавите Мицкоски се една голема лага. Се што ќе каже-лаже!Исто и со дата- центрите. Мицкоски јавно вели дека процесот е отворен и транспарентен а самиот признава дека Владата преговара со 5-6 инвеститори зад затворени врати. Не се објаваат кои се, не се објавуваат условите под кои на тие компании Мицкоски им ги поклонува водата, земјиштето и огромни количества струја. Нема одговори. Нема имиња. Нема ништо. Мицкоски работи „под радарот“. Не кажува колку струја и колку вода ќе трошат дата-центрите. Не кажува дека земјоделците може да немаат вода за нивите и дека граѓаните ќе плаќаат повисока цена за струјата. Македонија нема ресурси за експерименти зад затворени врати. Особено не со водата. Во држава во која граѓаните веќе се соочуваат со проблеми со водоснабдувањето, загадени реки и труења во Гостивар, власта планира огромни потрошувачи на вода без да ги објави основните анализи. Истото важи и за струјата. Македонија нема стабилен енергетски систем за Мицкоски однапред да ветува државни ресурси без јавноста да знае колку ќе чини тоа и кој ќе ја плати сметката. Цела Македонија знае дека бизнисот со струја е омилен бизнис на Мицкоски. Не е ова никаква стратегија за развој како што вели Мицкоски туку опасно коцкање со водата, струјата и земјата на граѓаните. СДСМ нема ништо против инвестиции кои носат развој, работни места и нови технологии. Но, инвестициите мора да бидат во интерес на Македонија, а не ресурсите на Македонија да се ставаат во функција на туѓи профити. Како тоа само во Македонија никогаш ништо не се знае? Секојпат Мицко договара, разговара, а не преговара, и секогаш најавуваат дека ќе има „некој“ инвеститор. Граѓаните и земјоделците може да останат без потребната вода и струја. Што ќе јаде народот? Килобајти? Што ѝ носи на Македонија дата-центарот? Нема многу работни места, троши струја, создава бучава, ја загрева плодната земја, троши вода? Затоа бараме целосна транспарентност: Кој е инвеститорот со која се преговара? На кого Мицкоски му ги поклонува водата, земјата и струјата? За колку пари, провизии и профити?, рече Маја Борозан од СДСМ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter