Вработените во повеќе магацините на Амазон во САД започнуваат со штрајкови - Канал 5

Вработените во повеќе магацините на Амазон во САД започнуваат со штрајкови

Илјадници работници на компанијата Амазон започнуваат денеска со штрајкови во повеќе магацини во САД, и тоа се случува во екот на празничната сезона, јавија дел од американските медиуми.

Вработените во повеќе магацините на Амазон во САД започнуваат со штрајкови

Протестите се резултат на неуспехот на синдикатот да издејствува преговори со компанијата за решавање на некои прашања како склучување договори.

Штрајковите претставуваат сериозен проблем за најглемата онлајн продавница во светот бидејќи се случуваат во најоптоварениот период со нарачки во годината, за веме на божиќните празници. Притоа, се прецизира дека магацините кои се претставени од синдикати претставуваат само еден отсто од работниците на компанијата кои се платени по час.

Синдикатот „International Brotherhood of Teamsters“ соопшти дека во штрајкот се приклучуваат работници од Њујорк, Скоки (Илиноис), Атланта, Сан Франциско и Јужна Калифорнија, барајќи договори кои гарантираат повисоки плати и подобри работни услови, пренесуваат дел од американските медиуми. Синдикатот изјави дека претставува 10.000 вработени од десет објекти на компанијата во САД. Работници од седум од овие објекти ќе штрајкуваат денеска.

Официјалните претставници на Амазон не ја коментираа оваа информација. Синдикатот очекува почеток на преговори со претставниците на компанијата до сабота, но експертите нагласуваат дека е малку веројатно да има преговори.

-Очигледно е дека Амазон избира тактика на игнорирање на правото на своите работници да се организираат колективно за преговори, изјави Бенџамин Сакс, професоро за труд и индустрија на Правниот факултет на Харвард.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска Давкова учествува на Парискиот мировен форум

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во рамките на Парискиот мировен форум се обрати на панел дискусијата насловена „Одбрана на линијата: суверенитет во ера на хибридни закани“.. 

Сиљановска Давкова учествува на Парискиот мировен форум

„Ние живееме во интерегнум , така да се изразам, во меѓувластие, кога старото општество е заминато, а новото уште не се појавило и монструми нѐ опкружуваат. Во време на вештачка интелигенција и дигитализација овие насилници се скриени, но многу моќни. Оттаму ние мериме чекори, документи, политики ,а тие не. Она што мислам дека е многу важно, посебно за ЕУ и секако за НАТО нема никогаш политички вакуум, никогаш. Особено нема политички вакуум на Балканот. Секогаш Балканот бил карта за поткусуравање и големите сили си ги мерат своите сили, за несреќа, на Балканот. Затоа според мое мислење ова е многу важно. Не е важно само за да нѐ охрабрите нас во регионот, за да бидете силни, да бидете трпеливи и така натаму. Не, ние треба да ги направиме вистински чекори. Зашто од внатре ние сме 70 проценти поврзани со економијата на ЕУ. Тогаш, ако ние сме економски партнер и ако сме во НАТО, го знам одговорот. Доколку сме корисни, доколку сме кредибилни, доколку толку многу пати сме биле пофалени како одлични тркачи, тогаш имаме право и да го завршиме нашиот пат кон Брисел. И тогаш нема да речам дека нашиот маратон кон Брисел е како „Чекајќи го Годо“. “ , рече претседателката Сиљановска Давкова.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од 15 ноември задолжително поседување на зимска опрема

Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака „MS”, “M+S”, “M & S” и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

Од 15 ноември задолжително поседување на зимска опрема

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од 15 ноември до 15 март, согласно одребите од “Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“(Сл.весник на Р.М. бр. 169/15, 226/15, 55/16, 11/18, 83/18, 191/18, 70/19 и 98/19 и „Службен весник на Република Македонија“бр. 302/20, 122/21, 33/24, 208/24, 193/25, 258/25, 58/26, 79/26 и 148/26), возилата кои учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема.

Согласно одребите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, за безбедно учество во сообраќајот на патиштата. (Службен весник бр. 31 од 2010 година), како зимска опрема на моторните возила се подразбира:

За моторни возила кои не надминува 3.500 кг.:

- зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од четири милиметри;

- пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

За моторни возила со погон на четири тркала (4x4):

- зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм;

- пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег и во случај кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина.

За моторни возила кои надминува 3.500 кг:

- зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм.

- пневматици со летен профил на сите четири тркала, со длабочина на шарите на нагазниот слој, по обем и широчина со минимум 4 мм, ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала;

- автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат - лопата.

Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака „MS”, “M+S”, “M & S” и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

Согласно одредбите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, во патниот сообраќај на возилата е забрането поставување на пневматици со клинци.

Апелираме до возачите да се придржуваат кон законската обврска за поседување на зимска опрема, бидејќи така овозможуваме непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на патиштата во зимски услови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џенифер Лопез „уловена“ со мистериозен маж

Има 57 години, а мажите губат глава по неа, светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез видена со мистериозен маж .

Џенифер Лопез „уловена“ со мистериозен маж

57 годишната Џеј Ло е видена во друштво на мистериозен маж. Иако идентитетот на мажот е непознат, сцените од луксузна јахта поттикнаа шпекулации за нова љубовна врска на славната пејачка

Џенифер Лопез повторно привлече големо внимание во јавноста откако беше забележана на луксузна јахта во Мајами, во друштво на мистериозен маж.

На фотографиите и видеата што кружат на социјалните мрежи се гледа како 57-годишната ѕвезда ужива во слободното време на јахтата, а особено внимание привлекоа кадрите на кои таа разменува нежности со непознатиот маж.

Идентитетот на мажот – како и природата на нивниот однос – засега остануваат непознати, но тоа не ги спречи корисниците на социјалните мрежи да шпекулираат за тоа кој би можел да биде овој нов маж во нејзино друштво.

Со децении, Лопез важи за една од најпознатите музички и филмски ѕвезди во светот, а нејзиниот приватен живот привлекува внимание речиси исто толку често колку и нејзината кариера.

Секојпат кога ќе се појави во јавноста или ќе биде фотографирана со непознат маж, тоа предизвикува бројни реакции – а овој случај не е исклучок.

Додека некои коментираат за нејзината самодоверба и изглед, други се обидуваат да го откријат идентитетот на мажот забележан со неа на јахта. Засега нема потврда дека станува збор за нова љубовна врска, но снимките од Мајами веќе предизвикаа лавина коментари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер