ЖивотВработените ги третират како стока – компанијата Ryanair подоцна се извиниВработените ги третираат како стока , исто како и патниците. Ова беа најчестите коментари на социјалните мрежи , откако на Твитер беше објавена фотографија како екипаж на авион спие на под.Фотографијата објавена на Твитер , на која се гледа како стјуардесите и пилотите на авионите на Рајанер спијат на под во канцеларијата на авиокомпанијата во Малага Шпанија , предизвика жестоки реакции. Поради лоши временски услови , привремено биле приземјени авионите, а шестмината членови на екипажот ноќта ја поминале на подот на канцеларијата , без душек и перници. Станува збор за екипаж на авионот Ryanair 737 , со седиште во Португалија. По жестоките реакции , се огласи и оперативниот шеф на компанијата, Петер Белев , кој потврди дека вработените спиеле на под и се извини што не можеле да им најдат сместување. ,,За жал , сите хотели беа резервирани. Невремето направи многу штета во Португалија. Подоцна екипажот доби ВИП сместување . Им се извинуваме на вработените”, напиша шефот на Ryanair. This is a Ryanair 737 crew based in Portugal, stranded in Malaga, Spain a couple of nights ago due to storms. They are sleeping on the floor of the Ryanair crew room. RYR is earning €1.25 billion this year but will not put stranded crews in a hotel for the night. @peterbellew ? pic.twitter.com/lILWZVqqGj — Jim Atkinson (@Jimbaba) October 14, 2018 ,, Исто вака ги третираат патниците. Ништо ново. Ги третираат вработените како стока”, се само дел од коментарите на фотографијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
МакедонијаЃорѓиевски: 130 години постоење на храмот ,,Свети Великомаченик Димитриј”, благодарам на честа!Вчеравечер беше одбележана 130 годишнината од постоењето на црквата Свети Великомаченик Димитриј во Скопје. „Вечерва одбележуваме 130 години од изградбата на некогашниот Соборен храм. Дом на верата во кој скопјани наоѓале утеха во тешките мигови, благодареле за радоста и се молеле за здравјето и мирот на своите најблиски. Свето место што ја чува православната традиција и сведочи за духовната истрајност на нашиот народ. Признанието кое вечерва го примив, како благодарност за помошта во реконструкцијата на придружните објекти на храмот, има посебно место во моето срце. Ќе стои на почесно место на мојата полица, како едно од најдрагите признанија и како потсетник на обврската да го чуваме она што ни го оставиле нашите предци. За мене, да се помогне е чест, но и одговорност пред генерациите што допрва ќе го пречекорат прагот на овој храм. Им благодарам од срце на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, на отец Жарко и на свештенството на Македонската православна црква, за укажаната чест и за нивната посветеност во зачувувањето на верата, духовноста и заедништвото меѓу нашиот народ. Нека уште многу векови овој храм биде полн со верници, со детски гласови и со искрени молитви. Нека неговите камбани повикуваат на мир, љубов и добрина, а секој што ќе влезе во него нека пронајде утеха, надеж и сила. Нека ни е вековит храмот „Свети великомаченик Димитриј“! За многу години!“, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија„На кавга со Иван“ - Слаѓана ТасеваУтре, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Слаѓана ТасеваКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
МакедонијаСДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања СДСМ целосно ги поддржува барањата на професионалните војници за еднакви права и достоинствени услови за работа и пензионирање. Дискриминацијата со која што денес се соочуваат припадниците на Армијата е недозволива. Неправедно е поранешните припадници на Армијата кои заминале во пензија пред 14 февруари 2024 година да имаат значително помали отпремнини од оние кои се пензионирале по овој датум. По кој основ луѓето кои со години и служеле на државата и ја извршувале истата должност да бидат различно вреднувани? Сите војници заслужуваат еднакви права и правичен третман од државата. Луѓето кои ја чуваат безбедноста на државата заслужуваат сигурност и достоинствени плати. Го поддржуваме барањето на професионалните војници за трансформирање на работниот однос на неопределено време после петта година како што предвидува Законот за работни односи и за зголемување на платите. Откако е Мицкоски на власт, две години нема зголемување на платите во Армијата. Во мандатот на владата на СДСМ значително се подобрија условите за сите припадници на Армијата, како и за вработените во одбраната. Платите на воениот персонал - офицерите, подофицерите и професионалните војници, но и на цивилните лица на служба во Армијата, етапно беа зголемени за 15 проценти. СДСМ го обезбеди членството во НАТО во 2020 година. Треба условите да се подобруваат постојано а не да се влошуваат. Со ВМРО парите завршуваат во криминални тендери. Владата на Мицкоски нема пари за поголеми плати во Армијата – нема за работниците, нема за земјоделците, едноставно нема пари за граѓаните. Државната каса ја киднапираа за свои бизнис интереси. СДСМ ќе поднесе законско решение во Собранието согласно барањата на професионалните војници - за обезбедување сигурност и достоинство на сите војници. Армијата е чувар на безбедноста на државата, како членка на НАТО мора да имаме силна одбрана, задоволни и мотивирани војници, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook