Вработени во ФЕМА се суспендирани за критики кон администрацијата на Трамп - Канал 5

Вработени во ФЕМА се суспендирани за критики кон администрацијата на Трамп

Ваквиот развој на настаните веројатно ќе ја поттикне загриженоста дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп нема да толерира несогласување.

Вработени во ФЕМА се суспендирани за критики кон администрацијата на Трамп

Суспендирани се неколку вработени во американската Федерална агенција за управување со вонредни состојби (ФЕМА) откако потпишаа отворено писмо за некомпетентноста на раководството на агенцијата, наведува непрофитна група која го објави писмото на својата веб-страница.

Ваквиот развој на настаните веројатно ќе ја поттикне загриженоста дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп нема да толерира несогласување.

Агенцијата за заштита на животната средина на САД во јуни суспендираше 139 вработени откако потпишаа писмо во кое ги критикуваат политиките на Трамп.

- Можеме да потврдиме дека повеќе вработени во ФЕМА кои јавно ја потпишаа „Декларацијата Катрина“ се ставени на административен одмор, соопшти непрофитната група Stand Up for Science во соопштение испратено по е-пошта.

Не беше прецизирано колку вработени се суспендирани.

„Вашингтон пост“ претходно објави дека до вчеравечер канцеларијата на администраторот на ФЕМА испратила неколку писма до луѓето со кои ги известува дека веднаш одат на административен одмор, „на статус на отсуство од работа, а продолжуваат да примаат плата и бенефиции“.

Десетици актуелни и поранешни вработени во американската агенција за одговор при катастрофи во понеделникот со писмо го предупредија Конгресот дека неискуството на високите функционери на администрацијата на Трамп може да доведе до катастрофа на ниво на Катрина.

Веб-страницата „Stand Up for Science“ наведе дека до вчеравечер писмото го имале потпишано повеќе од 190 вработени.

„ Уште еднаш гледаме како федералната влада се одмаздува на нашите јавни службеници за критиките - што е и нелегално и длабоко предавство на најпосветените меѓу нас“, соопшти групата.

Портпаролот на ФЕМА во понеделникот изјави дека агенцијата е оптоварена со бирократија и неефикасност и дека администрацијата на Трамп „одговорноста и реформите ги направија приоритет“.

Само годинава преку откази, отпремнини или предвремени пензионирања ФЕМА ја напуштиле околу 2.000 вработени или една третина од нејзината работна сила. Администрацијата на Трамп, исто така, планира да го намали финансирањето од грантови за околу една милијарда долари.

Протестното писмо беше испратено неколку дена пред 20-годишнината од ураганот Катрина, кој во август 2005 година предизвика катастрофални поплави во Њу Орлеанс и тешки уништувања по должината на брегот на Мексиканскиот Залив, при што загинаа повеќе од 1.800 луѓе.

Ураганот Катрина беше една од најлошите природни катастрофи во историјата на САД, делумно поради неефикасниот одговор на него.

Во 2006 година, по катастрофата со Катрина, американскиот Конгрес го усвои Законот за реформа на вонредни ситуации за да ѝ даде на ФЕМА поголема одговорност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска

Уште еден голем успех за македонскиот танц на меѓународната сцена! Македонската танчерка Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во хип-хоп и попинг, кое се одржа во Киелце, Полска, запишувајќи значаен резултат за Македонија.

Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска

Палчевска го освои третото место во категоријата „All Styles Battles Junior 1“, со што се вброи меѓу најдобрите натпреварувачи во својата категорија на светско ниво.

Со својот талент, посветеност и танцови вештини, Анастасија успеа да се искачи на светскиот подиум и гордо да го развее македонското знаме, остварувајќи резултат што претставува успех не само за неа, туку и за македонската танцова сцена.

Овој медал е уште една потврда дека Македонија има млади таленти кои со својата работа, упорност и љубов кон танцот можат рамноправно да се натпреваруваат со најдобрите во светот.

Бронзениот медал на Анастасија Палчевска претставува повод за гордост и инспирација за новите генерации млади танчери во Македонија.

Со овој успех, македонскиот танц добива уште едно значајно меѓународно признание, а Анастасија Палчевска уште еднаш покажува дека талентот, трудот и посветеноста се вистинскиот пат до светскиот врв.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Го снема Филипче по успехот на изборите во Брвеница, дали е на јахтата на Заев или во Дубаи на одмор?

По успехот кој го имаше СДС на предвремените локални избори во Брвеница, со пад од 8% во однос на минатите избори во 2025 година, Филипче го снема од медиумскиот простор.

Манасиевски: Го снема Филипче по успехот на изборите во Брвеница, дали е на јахтата на Заев или во Дубаи на одмор?

Иако знаеше секој ден да излегува и да беседи на прес-конференции, сега по историскиот успех кој го направи во Брвеница, изгледа се уште е во еуфорија, па сигурно отишол да прослави некаде.

Дали прославата од Бихаќка, Филипче ја однесе на јахтата на Заев на Егејското море или отиде на рехабилитација во Дубаи?

По таков огромен успех на изборите во Брвеница, каде што СДС беа декласирани од ВМРО-ДПМНЕ со 4 спрема 1, очекувавме од Филипче да не причести со една прес-конференција и да каже дека победиле на изборите.

Шегата на страна, СДС со Филипче слави пораз од 4 спрема 1 на избори. СДС со Филипче слави да биде 4 партија во Македонија, а и под знак прашалник е дали на следните избори ќе бидат и прва опозиција по бројот на пратеници во собранието.

Сепак, ВМРО-ДПМНЕ му дава огромна поддршка на Венко Филипче, му ги честитаме успесите и посакуваме уште многу вакви успеси какви што имаше во Брвеница.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова оствари телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на нејзино барање, утрово оствари телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев.

Сиљановска-Давкова оствари телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев

Соговорниците ги потврдија македонско-азербејџанските пријателски односи и подготвеноста за нивно натамошно унапредување преку продлабочување на политичкиот дијалог и развивање на соработката во областите од заемен интерес.

Во амбиент на глобална енергетска криза, двајцата претседатели разменија мислења за растечките проблеми и можностите за нивно решавање.

Во духот на пријателството и меѓусебното разбирање, потврдено и зацврстено со официјалната посета на претседателката на Баку, Сиљановска-Давкова и Алиев се согласија за продолжување и проширување на соработката во областа на енергетиката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер