Вработен во јапонска зоолошка призна: Се ослободив од телото на сопругата, го фрлив во инсенераторот (ВИДЕО) - Канал 5

Вработен во јапонска зоолошка призна: Се ослободив од телото на сопругата, го фрлив во инсенераторот (ВИДЕО)

Популарната Зоолошката градина Асахијама во Јапонија го одложи отворањето на летната сезона откако еден од вработените ѝ призна на полицијата дека го фрлил телото на својата сопруга во инсенератор во зоолошката градина.

Вработен во јапонска зоолошка призна: Се ослободив од телото на сопругата, го фрлив во инсенераторот (ВИДЕО)

Зоолошката градина во северниот град Асахикава требаше повторно да ги отвори своите врати за посетителите оваа среда, непосредно пред почетокот на Златната недела, популарен празничен период во Јапонија, пишува Би-Би-Си.

Сепак, градската администрација објави дека зоолошката градина ќе остане затворена барем до денес, додека истрагата продолжува.

Полицијата го пребара теренот на зоолошката градина минатата недела по признанието на еден вработен. Инсенераторот каде што наводно било уништено телото обично се користи за отстранување на трупови од мртви животни. Според локалните медиуми, властите ја бараат сопругата на вработениот откако еден пријател пријавил во полицијата дека е исчезната.

YouTube video

Отворена во 1967 година, зоолошката градина Асахијама е една од најпосетуваните во земјата, позната по своите уникатни стаклени куполи и подигнати патеки што им овозможуваат на посетителите да ги набљудуваат животните одблизу. Паркот, кој годишно привлекува повеќе од еден милион посетители, беше затворен од 8 април поради редовно одржување пред летната сезона.

Градоначалникот: „Невидена криза“

Градоначалникот на Асахикава, Хиросуке Имазу, на прес-конференција изјави дека градот се соочува со „невидена криза“. „Никој не можеше да го предвиди ова“, рече тој. „Ме совлада голема вознемиреност“, додаде тој.

Властите се извинија за непријатностите и предупредија дека зоолошката градина може да биде затворена без претходна најава доколку истрагата го бара тоа. И покрај сè, градоначалникот изрази надеж за враќање на посетителите. „Се подготвуваме да ве пречекаме и се надеваме дека што е можно повеќе луѓе ќе дојдат во паркот“, рече тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево со температури до 36 степени

Времето денес според Управата за хидрометеоролошки работи ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. 

Сончево со температури до 36 степени

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 36 степени.

Во Скопје, сончево со слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне 35 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

За излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути

Поголема фреквенција на возила има и на граничните премини. 

За излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути

Зголемен број возила е регистриран утрово на патиштата низ земјава, особено на делниците надвор од населените места, информира Автомото сојузот на Македонија.

Сообраќајот на државната патна мрежа генерално се одвива без поголеми проблеми, а коловозите се суви и проодни.

Поголема фреквенција на возила има и на граничните премини.

На ГП Табановце се бележи задржување од околу 30 минути при излез од Македонија, додека најголемо чекање има на ГП Богородица, каде возачите и патниците во моментов се задржуваат околу еден час.

На останатите гранични премини од македонска страна засега нема подолги задржувања при влез или излез од државата.

Од АМСМ апелираат до возачите да ја приспособат брзината кон условите на патот и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.

Се препорачува дополнително внимание при движење низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои ризик од појава на одрони.

Посебна внимателност се советува на патните правци Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, Виница–Берово и Кочани–Делчево.

АМСМ ги повикува учесниците во сообраќајот да возат внимателно и да ги почитуваат ограничувањата, особено во услови на зголемен сообраќаен интензитет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 16. август 2026 година

Дневен хороскоп за недела, 16. август 2026 година. 

Дневен хороскоп за 16. август 2026 година

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Чувствителноста на саканата личност дфенеска ќе ви создава дополнителни фрустрации. Обидете се да бидете трпеливи и нежни.

Кариера

Многумина ќе се насмеат на можноста за некаква соработка , зашто ќе им изгледа дека не е реална.Сепак , размислете.

Здравје и совет

Побарајте хумористични содржини.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Веројатно ќе бидете обземени од сентименталност , со која тешко ќе излезете на крај. Малку има во љубовта што денеска би можело да ве задоволи.

Кариера

Вашето знаење и стручноста се неприкосновени , па ќе ви се чини дека не ви обрнуваатдоволно внимание и дека заслужувате повеќе.

Здравје и совет

Настинка и главоболка .

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ќе се обидете да споите неврзано излегување со рутина. Би можеле да се најдете на ново место со старите познаници или старите навики.

Кариера

Една пријатна порака ќе ви го осветли денот и малку ќе ве оддалечи од секојдневнието. Сепак , набргу ќе мора да се вратите на работата.

Здравје и совет

Чувствителност на синусите.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Некој би можел да ви понуди љубовна размена или соработка што ветува. Се ќе изгледа премногу деловно.

Кариера

ќе договарате работи без проблеми , а другите ќе ви помагаат. Во сите работи до израз ќе дојде вашиот шарм.

Здравје и совет

Соработувајте со другите.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Вашите лични односи добро се развиваат , а денеска во нив настојувате да внесете повеќе фантазија и флексибилност.

Кариера

Ќе успеете да ги вклучите новите соработници во работата , но финансиите ќе ви задаваат грижи.Повторно мислите дека може повеќе и подобро.

Здравје и совет

Не може ништо да ве одмине.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Во вториот дел од денот ќе се чувствувате многу среќни и исполнети . Оние кои уште се сами , нека ја следат својата интуиција.

Кариера

Пред вас се нови големи задачи на кои вреди да им се посветите со целосно внимание.Денеска ќе ги анализирате.

Здравје и совет

Се чувтсвувате одлично.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Некои ќе се откажат од добра забава или излегување без оглед на обврските што ги иамте. саканата личност ќе ве следи.

Кариера

Веќе не сте сигурни колку се очекува од вас, па ќе ја дозирате својата работа или ќе ги проверувате работните задачи.

Здравје и совет

Не се измачувајте со ситни работи.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Веројатно ќе ви се отворат нови љубовни можности , па потрудете се да бидете меѓу луѓе или со саканата личност.

Кариера

Ќе дојде до мала преодна проверка , што ќе ви одземе време , а се друго е под контрола.

Здравје и совет

Работите ви одат се подобро и подобро.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Можно е излегување во поголемо друштво. Оние кои се уште сами , нека не зборуваат премногу , туку да ги остават другите тоа да го прават.

Кариера

Сѐ што денеска ќе работите од зас ќе бара поголем праг на толеранција и поголема способност за соработка.

Здравје и совет

Мали нервози и грижи.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Среќата во личниот живот ќе ја барате меѓу повлеченоста и отвореноста кон другите. На моменти ќе бидете сами , а на моменти среде толпа.

Кариера

Оние кои истражувале , денеска ќе дојдат до големо откритие. Тоа ќе биде вистински златен рудник.

Здравје и совет

Добро влијание на алтернативните терапии.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Оние кои се уште сами денеска ги имаат сите шанси за да воспостават близок контакт со личност со која работат или која ја познаваат преку работата.

Кариера

Ќе ви биде пријатно и убаво на работното место и покрај тоа што ќе ви биде напорно.

Здравје и совет

Денеска ќе ви биде полесно.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Пред вас е исклучително добар ден во кој ќе може да си ги остварите љубовните сништа. Затоа отворете се и уживајте.

Кариера

што и да работите , денеска ќе ви биде уживање. работите ќе се одвиваат подобро и полесно отколку што сте се надевале.

Здравје и совет

Полни сте со позитивна енергија што ја ширите околу себе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер