Лавица зграпчи 10- годишно девојче додека ја хранела преку решетките во зоолошка (Вознемирувачко видео) - Канал 5

Лавица зграпчи 10- годишно девојче додека ја хранела преку решетките во зоолошка (Вознемирувачко видео)

Десетгодишно девојче беше лесно повредено од лавица во кинеска зоолошка градина откако го зграбила низ решетките.

Лавица зграпчи 10- годишно девојче додека ја хранела преку решетките во зоолошка (Вознемирувачко видео)

Ужасниот инцидент се случил минатиот четврток во зоолошката градина Шантоу Џонгшан во покраината Гуангдонг, откако чуварот го однел девојчето во одредена безбедносна тампон зона за да ја нахрани лавицата.

Снимките од нападот го покажуваат девојчето како му нуди храна на животното низ кафезот кога лавицата одеднаш ја протнала шепата низ дупка во решетките и ја зграпчила нејзината облека.

Се слуша како девојчето вреска од страв додека лавицата ја зграпчила за ногавицата и ја влечела кон себе, објави Дејли Меил.

Чуварот ѝ притрчал на помош, држејќи ја цврсто додека се обидувал да ја ослободи од канџите на предаторот. Потоа зел метална шипка од земјата и постојано го удирал животното во обид да го натера да го ослободи стисокот врз детето.

По драматична борба што траела речиси 30 секунди, конечно успеал да ја извлече од канџите на големата мачка.

Чуварот кој го довел девојчето во просторијата за хранење и покрај тоа што е малолетно, оттогаш е суспендиран и префрлен на друга работа.

Вработените веруваат дека лавицата реагирала со напад откако го забележала месото во раката на девојчето. Девојчето било однесено во болница на лекување, но по ужасното искуство се здобило само со мали гребнатини на ногата.

Откако примила вакцина против беснило, таа си отишла дома со своите родители, кои наводно не ја сметаат зоолошката градина за одговорна.

Зоолошката градина, позната по своите интерактивни искуства со хранење животни, е привремено затворена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и релативно топло

Утрото ќе биде ведро и студено, а преку денот сончево и релативно топло. 

Утре сончево и релативно топло

Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 8, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени.

Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Во следните денови времето ќе биде релативно топло. До среда утрата ќе бидат ведри и студени, а во текот на денот ќе преовладува сончево време. Од четврток ќе има зголемување на облачноста и услови за локален дожд, a утринските температури ќе бидат во пораст.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Не е само „Volkswagen“: И моделите на овој бренд исто така може да имаат сериозен технички проблем

Германската управа за моторни возила (KBA) во петокот предупреди дека, покрај милиони возила на „Volkswagen“ и „Audi“ ширум светот, и околу 1,7 милиони возила на Шкода може да имаат потенцијално опасен дефект.

Не е само „Volkswagen“: И моделите на овој бренд исто така може да имаат сериозен технички проблем

Предупредувањето се однесува на потенцијално слаб шраф во механизмот за управување, кој е подложен на корозија. Во најлош случај, шрафот би можел да пукне, соопшти „KBA“.

Минатата недела, агенцијата објави дека сопствениците на 2,16 милиони возила на „Volkswagen“ – конкретно моделите „Tiguan“, „Touran“, „Golf Variant“, „Caddy“ и „Golf“ произведени помеѓу 24 септември 2013 и 1 јули 2024 година – треба да контактираат со сервисен центар за да се изврши проверка и евентуална замена на проблематичниот дел, пренесува „DPA“.

Истото важи и за моделот „Audi Q3“ произведен помеѓу 31 октомври 2017 и 23 мај 2024 година.

Истиот ден, групацијата „Volkswagen“ упати повик до сопствениците на овие возила да ги донесат на технички преглед.

Се чини дека и возилата на Шкода – кои исто така се дел од групацијата „Volkswagen“ – се погодени од истиот проблем со дефектниот шраф.

Истото важи и за засега неутврден број возила од шпанскиот бренд „SEAT“.

Меѓу моделите на Шкода, под лупа се „Kodiaq“, „Karoq“, „Octavia“ и „Superb“, соопшти „KBA“, без да прецизира датуми на производство.

Ова опфаќа околу 1,7 милиони возила ширум светот, вклучително и околу 370.000 во Германија.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинати

Бројот на загинати во несреќата со повеќе возила на автопатот кон крајбрежниот град Момбаса во Кенија се искачи на 17, соопшти полицијата.

Голема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинати

Во соопштението се наведува дека несреќата се случила во текот на ноќта во областа Салама, откако возач на камион не успеал да престигне друго возило, што довело до судири со други возила – вклучително и комбе – пренесе АП.

Полицијата претходно соопшти дека во несреќата загинале најмалку 13 лица.

„Луѓето патуваа кон место за молитва во округот Накуру, западно од кенискиот главен град Најроби“, изјави Мартин Кивува, надбискуп на Католичката надбискупија во Момбаса.

Сообраќајните несреќи се сериозен проблем низ цела Африка.

Тие често се припишуваат на лошото одржување на возилата, прекумерната брзина и лошата состојба на патиштата.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер