Вознијацки со поддршка за Сабаленка - Канал 5

Вознијацки со поддршка за Сабаленка

Данската тенисерка Каролине Вознијацка и даде поддршка на вториот рекет на светот, Белорусинката Арина Сабаленка која го загуби својот интимен партнер.

Вознијацки со поддршка за Сабаленка

- Не можам ни да замислам низ што минува Арина сега. Ова го кажувам низ солзи. Ова е толку страшна ситуација. Многу е тешко. И се обратив и ѝ реков дека и стојам на располагање ако и треба нешто. Ја сакам Арина. Таа е прекрасна личност. Таа е секогаш толку радосна и отворена. Да се ​​види како таа поминува низ ова е болно, изјави Вознијацки за „TennisUpToDate“.

Вчера се дозна за смртта на поранешниот хокеар Константин Колцов во Мајами, со кој Сабаленка беше во врска. Полицијата во Мајами го наведе самоубиството како сомнителна причина за смртта на 42-годишниот Колцов.

Белорусинот беше во врска со Сабаленка од 2020 година. Од бракот со поранешната сопруга имаше три деца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп откри: „Путин и Зеленски се отворени за преговори“

САД се свртуваат кон Украина по Иран. Трамп откри: „Путин и Зеленски се отворени за преговори“ 

Трамп откри: „Путин и Зеленски се отворени за преговори“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека по завршувањето на војната во Иран, Вашингтон повторно ќе се фокусира на војната во Украина и изрази оптимизам дека и рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски се подготвени за преговори.

„Можеби можеме да направиме нешто во врска со Украина. Мислам дека и Путин и Зеленски се отворени за тоа. Сега кога приказната со Иран е завршена, ќе се фокусираме на тоа“, изјави Трамп пред новинарите на самитот на Г7 во Евиан-ле-Бен, Франција.

Трамп рече дека разговарал одделно со двајцата лидери во неделата и ги опиша разговорите како „многу добри“.

Зеленски разговарал со Трамп по телефон во недела, на 80-тиот роденден на американскиот претседател.

Недолго потоа, Кремљ потврди дека Путин разговарал и со Трамп.

Украинскиот претседател рече дека го информирал Трамп за ситуацијата на фронтовската линија и зајакнатата позиција на Украина, додавајќи дека се договориле да продолжат разговорите за време на самитот на Г7. Според помошникот на Кремљ, Јуриј Ушаков, Путин му се јавил и на Трамп на 14 јуни за да му посака среќен роденден.

Двајцата лидери разговарале за она што Москва го опишува како воени успеси на Русија во Украина.

Ушаков рече дека Трамп повторно го повикал Путин да ја заврши војната „што е можно поскоро“ и наговестил дека тоа би можело да отвори врата за подобрување на односите меѓу САД и Русија.

Функционерот на Кремљ, исто така, рече дека ако Зеленски го покрене прашањето за повторна средба со Путин, „нека дојде во Москва“.

Ушаков додаде дека во блиска иднина се очекува посета на руската престолнина од страна на американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Денес, со длабока почит го одбележавме споменот на дванаесетте ваташки младинци

Денес, со длабока почит го одбележавме споменот на дванаесетте ваташки младинци – симбол на храброста, непокорот и љубовта кон слободата, напиша на Фејсбук, градоначалникот Митко јанчев кој положи свежо цвеќе на споменикот на 12 ваташки младинци.

Јанчев: Денес, со длабока почит го одбележавме споменот на дванаесетте ваташки младинци

-На 16 јуни 1943 година, бугарскиот окупатор изврши едно од најтешките злосторства во македонската историја, одземајќи дванаесет млади животи од Ваташа. Но, и покрај суровоста на злосторството, не успеа да ги уништи идеалите во кои тие веруваа. Нивната жртва останува вечен сведок за стремежот кон слобода, правда и достоинство.

И по 83 години, споменот на ваташките младинци живее во колективната меморија на нашиот народ. Нивната приказна не е само дел од нашата историја, туку и обврска да ја чуваме вистината, да ги почитуваме жртвите и да ги пренесуваме вредностите за кои тие се жртвуваа на идните генерации.

Како општина и како народ, должни сме да паметиме. Затоа што народот што ја негува својата историја и ги почитува своите херои, гради посигурна и подостоинствена иднина.

Нека е вечен споменот на дванаесетте ваташки младинци.

Нека е вечна нивната жртва.

Слава им.- стои во објавата на Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На Врховен му фалат половина судии, покажува ревизорскиот извештај

На Врховен му фалат половина судии, а вработените го тужат и бараат околу 70 илјади евра, покажува ревизорскиот извештај.

На Врховен му фалат половина судии, покажува ревизорскиот извештај

Највисокиот суд во државава се соочува со сериозен недостиг на судии, финансиски проблеми, но и со тужби од вработени кои во судски постапки бараат околу 70 илјади евра, - покажува конечниот извештај за извршена ревизија на Врховниот суд за 2024 година.

Во документот се наведува дека во тек се 28 судски постапки што се водат пред надлежните судови, кои не се завршени и не може да се пресмета за колку пари ќе биде кусок судот кој обезбедува единствена примена на законите од страна на судовите.. И покрај тоа што е забележан позитивен тренд на зголемување на бројот на решени предмети, ревизорите предупредуваат дека ефикасноста е ограничена поради недостиг од судии.

Од предвидени 28 судиски места, на крајот на 2024 година биле пополнети само 11, кои подоцна се зголемиле на 14. Дополнителен проблем претставува и нефункционирањето на клучни административни позиции.

Врховниот суд од септември 2023 година нема судски администратор, што директно влијае врз организацијата и управувањето со судската служба. Во делот на судската полиција, ревизијата утврдува дека се надминати законските ограничувања за прекувремена работа. Исплатени се 781 час повеќе од дозволениот годишен максимум, што укажува на недостиг на кадар.

Ревизијата предупредува дека ваквата состојба може да ја загрози независноста и стабилноста на судската власт, како и да го забави спроведувањето на реформите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер