Вознемирувачко видео: Советник во Општина Македонски Брод шутира мирно куче - Канал 5

Вознемирувачко видео: Советник во Општина Македонски Брод шутира мирно куче

Нова снимка на која се гледа како возрасен маж брутално удира куче пред локал повторно го привлече вниманието  на јавноста на социјалните медиуми. 

Вознемирувачко видео: Советник во Општина Македонски Брод шутира мирно куче

Случката е снимена пред локал, а се претпоставува дека лицето на видеото е Бране Јовановски, независен советник во Општина Македонски Брод, кој е идентификуван од страна на сограѓани.

На видеото може да се види како лицето удира со ногата по кучето кое мирно си стои.

Според кривичниот законик, на сторителот му се заканува парична или затворска казна:мачење животни, член 233: „тој што грубо злоупотребува животно или го изложува на непотребни маки или му нанесува непотребни болки или заради изживување го изложува на страдање, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.“

Пред само два дена на социјалните медиуми се споделуваше видео од момче како насилно шутира куче во Куманово.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓоковиќ по поразот во Шангај: Беше речиси невозможно

Новак Ѓоковиќ не успеа доволно да се опорави од заморот и освојувањето на Пекинг, па загуби од Хуберт Хуркач на првиот тест на Мастерсот во Шангај, но немаше причина за очај.

Ѓоковиќ по поразот во Шангај: Беше речиси невозможно

- Пекинг беше одличен, а потоа рана елиминација овде... Но, добро. Имав одлична недела во Пекинг, сега сакам малку да одморам и да се подготвам за затворениот дел од сезоната - изјави Новак, а потоа подетално објасни:

- Површината е исклучително брза, сосема поинаква од онаа во Пекинг. Ако изгубите сервис еднаш по сет, може да биде доволно да го изгубите мечот. Токму тоа се случи. Многу е тешко да се врати неговиот сервис, речиси невозможно - сервираше навистина добро. Не се адаптирав, а соочувањето со него веќе на првиот меч овде беше многу тешка ждрепка за мене - изјави Новак, пренесе Телеграф.

Потоа го коментираше мечот со Хуркач кој го загуби во два сета каде Полјакот сервираше навистина неверојатно.

- Ако претрпите пауза, доволно е да го загубите натпреварот. Еден брејк по сет и тоа се случува. Многу е тешко да се врати на негов сервис, беше речиси невозможно. Не се адаптирав, имав многу тешка ждрепка, особено што морав да играм со него веќе на првиот меч - потенцира Ѓоковиќ.

Сега го чека турнирот „Шест кралеви“ во Ријад, но најголема желба му е да обезбеди учество на завршниот Мастерс во Торино, за кој моментално ја држи позицијата, но ќе биде многу тешко да остане таму.

- Би сакал да го одиграме завршниот Мастерс во Торино. Се уште планирам да играм во Париз, па да видиме... Се надевам дека таму ќе имам добар резултат - заврши Ѓоковиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Крадци украле 30.000 шишиња вино во вредност од 5 милиони евра во Италија

Невообичаена кражба во Италија.. Крадци украле 30.000 шишиња вино во вкупна вредност од околу 5 милиони евра од позната италијанска винарија, објави Би-Би-Си.

Крадци украле 30.000 шишиња вино во вредност од 5 милиони евра во Италија

„Марчези Антинори“, една од најголемите семејни винарии во Италија, соопшти дека кражбата во нивниот магацин во Тоскана се случила во саботата, додека компанијата се подготвувала да испрати пратка до клиенти во странство.

Се претпоставува дека најмалку седум маскирани мажи ги деактивирале алармите и ги исклучиле камерите пред да натоварат два големи камиони со тоскански црвени Вина Тињанело, Солаја и Гвадо Ал Тасо на компанијата. Извршниот директор котарела изјавил дека ова е најголемата кражба од ваков вид во Италија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Педијатрите дневно дијагностицират од три до 4 деца со коксаки вирус

Од три до четири пациенти дневно со вирусот коксаки се потврдуваат од страна на матичната докторка Мира Атанасова.

Педијатрите дневно дијагностицират од три до 4 деца со коксаки вирус

Таа објаснува дека вирусот што се манифестира со исип на рацете, стапалата во устата и грлото се чест симпот за коксаки и тоа најчесто кај деца од предучилишна возраст.

Доктор Атанасова објаснува дека најчесто лекувањето трае и до седум дена и треба детето да не оди во градинка, доколку има проблеми со грлото и висока температура со денови треба да се побара и болничко лекување.

Коксаки вирусот може да го добијат и возрасните кои најчесто се пренесува од нивните деца. Најважно е изолација и терапија со витамини и течности.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер