СветВознемирувачко: Човек поверувал во совет на вештачка интелигенција, па завршил во болницаШеесетгодишен Американец бил на работ на ментален слом откако ѝ се доверил на вештачка интелигенција да ја замени кујнската сол со хемикалија што нормално се користи за чистење базени, откриле медицински експерти.По три недели во болница, лекарите му дијагностицирале на пациентот бромизам - ретко и речиси искоренето нарушување предизвикано од изложеност на токсични количини бромид. Оваа дијагноза, карактеристична за почетокот на 20 век, речиси никогаш не се среќава во современата медицина. Почнал да халуцинира Во потрага по поздрав живот, човекот решил да го елиминира натриум хлоридот (кујнска сол) од својата исхрана. Наместо тоа, го следел советот на ChatGPT и преминал на натриум бромид, супстанца што сега главно се користи во производите за третман на вода во базени и поранешните седативи. По кратко време, според извештај објавен во медицинското списание „Анали на интерна медицина“, се појавиле сериозни симптоми - халуцинации, параноја, интензивна анксиозност, па дури и верување дека соседот се обидува да го отруе. Тој бил примен во болница без претходна историја на ментални заболувања, објавува „Дејли меил“. Предупредувачка приказна Овој случај предизвика загриженост во медицинската заедница. Авторите на извештајот предупредуваат дека потпирањето на совети од вештачка интелигенција во областа на здравството може да доведе до последици, особено ако луѓето слепо веруваат во совети кои не се професионални или регулирани. „Ова е вознемирувачки пример за тоа како дигиталните алатки, без соодветна контрола и едукација на корисниците, можат да имаат сериозни последици по здравјето“, се наведува во студијата. Експертите потсетуваат дека, без оглед на сите можности што ги нуди вештачката интелигенција, ниеден систем не може да го замени професионалното мислење на лекар или фармацевт. Советите од интернет, дури и оние што доаѓаат од најнапредните модели на вештачка интелигенција, никогаш не треба да се земаат здраво за готово кога станува збор за здравјето.Тагови: болница вештачка интелигенција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПреговорите меѓу Русија и Украина ќе продолжат наскоро, ќе се придружат ли европски претставници? Има напредок во преговорите меѓу Русија и Украина, нов состанок е веќе закажан, а европски претставници би треало да се вклучат во преговорите веќе од наредниот состанок.Изјавија двајцата американски медијатори - Стив Виткоф и Џеред Кушнер. Според најавите, следната рунда преговори би можеле да се оддржат во рок од две недели, меѓутоа учество на Европа засега не е потврдено од ниту еден европски претставник. Вчера, на состанокот на Европската политичка заедница, дел од европските лидери се спротиставија на барањето на Русија безбедносната архитектура на Европа да се дискутира како дел од мировните преговори за Украина. Францускиот претседател Емануел Макрон порача дека безбедноста на Европа ќе се одлучува во Европа, додека пак, високиот претставник на ЕУ – Каја Калас посочи дека постои редослед на дипломатскиот процес – прво прекин на огнот во Украина па мировно решение, а во последната фаза би можело да се дискутира за пост-воената европска безбедносна архитектура.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 НоемвриНа денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. По повод празникот, предвидено е положување цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел, на Алејата на заслужните граѓани на гробот на генералот Михајло Апостолски на гробиштата во Бутел, како и пред споменикот на Ослободителите на Скопје пред зградата на Владата. Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, Денот на ослободувањето на градот во Втората светска војна . Од Град Скопје информираат дека вечерва во Македонската опера и балет ќе се одржи свеченото доделување на наградата „13 Ноември“. На денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. Во ослободителните операции учествувале 42. и 50. Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада, кои по неколкудневни жестоки борби влегле во градот. Борбите се воделе на повеќе локации низ Скопје, меѓу кои на улицата „Илинденска“, кај Главната пошта, Офицерскиот дом, Народната банка и Старата железничка станица. Македонските борци ја спасиле хидроцентралата „Матка“ од уништување, додека граѓани учествувале во одбраната на Камениот мост од минирање. Во борбите за ослободување на Скопје загинале повеќе од 420 борци, а за време на целата Втора светска војна животот го загубиле околу 4.600 скопјани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
ЗдравјеБесплатни скрининг тестови за рак на простата денеска во ЖелезничарВо здравствениот дом Железничар денеска ќе има бесплатни тестирања за рак на простата. Бесплатниот скрининг е наменет за мажи над 45 години и ќе се спроведува во рамки на кампањата „Мовембер“ односно ноември - месец за подигнување на свеста за машкото здравје. Бесплатните прегледи ќе се одвиваат од 13 часот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter