Цветаноски: Распад на здравството, толку нема пари што животот на децата со имунилошки болести е загрозен
2Цветаноски: Распад на здравството, толку нема пари што животот на децата со имунилошки болести е загрозен
3Петрушевски: Специјалниот бугарски пратеник Филипче наместо молк, да го осуди преседанот во дипломатијата
Прва снимка од природно чудо: Пајакот користи мрежа за да направи пружина и ги лансира мравките побрзо од Ф1
1Прва снимка од природно чудо: Пајакот користи мрежа за да направи пружина и ги лансира мравките побрзо од Ф1
СветСкандал околу шведскиот премиер: Користи вештачка интелигенција како „второ мислење“ за владини одлукиШведскиот премиер Улф Кристерсон е критикуван откако призна дека редовно користи алатки за вештачка интелигенција (ВИ) како „второ мислење“ при извршување на своите должности.Кристерсон, чија Умерена партија ја предводи централно-десничарската коалициска влада на Шведска, рече дека користи алатки како што се „ChatGPT“ и француската услуга „LeChat“, објавува „The Guardian“. Тој исто така рече дека неговите помошници исто така користат вештачка интелигенција во нивната секојдневна работа. Кристерсон изјави за весникот „Dagens Industri“ дека користи вештачка интелигенција доста често. „Ако не поради друга причина, тогаш за второ мислење. Што направиле другите? И дали треба да мислиме сосема спротивното? Јас ги поставувам тие прашања“, рече Кристерсон. Сепак, експертите за технологија изразија загриженост за начинот на кој политичарите ја користат вештачката интелигенција, додека весникот „Aftonbladet“ го обвини Кристерсон дека „тоне пред лицето на психозата на вештачката интелигенција на олигарсите“ во уреднички текст. „Мора да бидете многу внимателни“, рече Симоне Фишер-Хибнер, истражувач по компјутерски науки на Универзитетот Карлстад, предупредувајќи дека користењето на „ChatGPT“ со чувствителни информации не е безбедно. Портпаролот на премиерот, Том Самуелсон, подоцна изјави дека Кристерсон не презема никакви ризици со вештачката интелигенција. „Секако, не се внесуваат никакви безбедносни чувствителни информации. Тоа е повеќе претпоставка“, рече тој. Извор: Б92Тагови: вештачка интелигенција Кристерсон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишен од слобода скопјанец затоа што предизвикал пожар во скопско, следува соодветна пријаваПо целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 23.06.2026 во 17:35 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.У.(43) од Скопје, лице со здравствени проблеми, постапувајќи по претходна пријава дека во с.Горно Оризари, скопско, предизвикал пожар во плевна со сено. Нема повредени лица, а Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Јас би се извинил, до овој момент немам одговор од бугарската страна11:12Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41
Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33
Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00
Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05
Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41
МакедонијаЦветаноски: Распад на здравството, толку нема пари што животот на децата со имунилошки болести е загрозенЖивотот на децата со имунолошки болести е загрозен, поради административен и институционален хаос на власта на Мицкоски.Нема медицински кадар на Детската клиника. Распад на здравствениот систем кој не може ниту за здравјето на децата да се грижи. Цената за потрошените пари во буџетот сега треба да ја платат дечињата? Кочоска се правда дека доцна пристигнало барањето за согласност за вработување. Па зошто порано не се надминале административните пречки, особено кога се работи за живот на деца? Вистината е дека согласности за вработување имало, и се барале дури од почетокот на оваа година, ама од финансии доцнел четири месеци. Нема пари во Буџетот за нови вработувања, затоа што на оваа криминална и расипничка власт не и гиржа за здравјето на граѓаните, ниту за најмладите. Овој хаос и неодговорност, оваа немаштија е на штета на децата. Детски животи се во прашање. Каде ќе се лекуваат сега овие деца со специфична болест која бара редовна контрола и терапија? Кој ја сега дели терапијата? Што треба да се случи, да почине дете поради административни пречки? Кој тогаш ќе понесе одговорност? Ова е цената на неодговорните и расипнички политики на ВМРО и Мицкоски. Кризата со немањето пари во Буџеттот граѓаните ја чувствуваат и по цена на живот. СДСМ бара веднаш да се најде решние, да се обезбедат соодветни вработувањата и да се обезбеди здравствена заштита на Детска клиника. Скраете тендери дајте пари за дечињата. Симона Цветаноски – членка на ИО на СДСМТагови: Цветаноски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПетрушевски: Специјалниот бугарски пратеник Филипче наместо молк, да го осуди преседанот во дипломатијата Специјалниот бугарски пратеник Филипче наместо молк, да го осуди преседанот во дипломатијата откако преку неговите партнери од Бугарија излезе дипломатска нота со која се наруши безбедноста на претседателот МицкоскиСпецијалниот бугарски пратеник Филипче наместо молк, да го осуди преседанот во дипломатијата, откако преку неговите партнери од Бугарија излезе дипломатска нота со која се наруши безбедноста на претседателот Мицкоски. Политичките партнери на Филипче, бугарските власти предводени од Румен Радев, кои ни го негираат македонскиот идентитет, јазик, култура и историја направија дипломатски преседан со објавување на дипломатска нота, со којашто директно се нарушува безбедноста на семејството на претседателот Мицкоски. Документот за којшто се уште нема извинување од официјална Софија, објавен е на социјалната мрежа Фејсбук, во којшто јасно се гледаат детали околу информациите за службените возила, имињата на патниците, местото во кое е сместено семејството на претседателот Мицкоски, како и радиофрекфенцијата на која комуницирале обезбедувањето. Овие сигнали којшто ги испраќа Бугарија даваат јасен знак дека патот за Македонија во ЕУ нема да биде лесен, туку ќе биде испреплетен и полн со предизвици и притисоци. И наместо осуда од специјалниот бугарски пратеник во Македонија, Венко Филипче, тој молчи и продолжува да соработува со оние коишто не не признаваат, а тоа се властите во Бугарија предводени од Румен Радев. Македонија нема да се предаде и откаже. Ваквите притисоци и уцени од соседна Бугарија ни даваат само поголем мотив на чесен, достоинствен и исправен начин да се трудиме да бидеме дел од европското семејство. Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Бране Петрушевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook