Вознемирувачко: Американски функционер убива слон од непосредна близина (ВИДЕО) - Канал 5

Вознемирувачко: Американски функционер убива слон од непосредна близина (ВИДЕО)

Неодамна се појави видео од Вејн ЛаПјер, водачот на американската НРА, влијателна асоцијација која се залага за правото на поседување оружје, а на снимката се гледа како убива слон во Боцвана.

Вознемирувачко: Американски функционер убива слон од непосредна близина (ВИДЕО)

Видеото, снимено во 2013 година, за прв пат го објави Њујоркер пред два дена, а на него се гледа како од непосредна близина пука кон слон. Но, дури и со истрелот од непосредна близина ЛаПјер не успева да го убие слонот, па вториот ловец го убвива животното со уште еден истрел.

Снимката предизвика негодување од здруженијата за заштита на животните.

Би-Би-Си наведува дека во 2013 година ловот на слонови во Боцвана не бил незаконски, но оттогаш се воведени нови ограничувања. Минатата година, Меѓународната унија за зачувување на загрозени видови ги стави на списокот на загрозени видови видовите слонови застрелани од ЛаПјер.

Ингрид Њукирк, претседателка на ПЕТА, група за заштита на животните, ги осуди снимките и го повика Конгресот на САД да ги прекине сите врски со НРА.

„Скриени зад мачо-поза, луѓето од НРА се исплашени мали луѓе кои плаќаат десетици илјади долари за некој друг да пронајде животно што потоа може несмасно да го убие од непосредна близина“, рече Њукирк.

Но, НРА застана зад својот водач.

„Снимката покажува нешто што е целосно дозволено и спроведено во согласност со сите правила и прописи“, изјавил портпаролот на НРА, Ендру Аруланандам, додавајќи дека ваквиот лов „придонесува за локалната заедница и животната средина“.

Снимката е направена во 2013 година како дел од ТВ серијата на НРА и досега не била објавена. На него се гледа како ЛаПјер и неговата сопруга ловат во Боцвана.

На видеото се гледа како шефот на НРА прво го застрела слонот од далечина и го рани. Кога сфатил дека не го убил животното, тој се приближил до ранетиот слон и му покажал на ловецот точно каде да пука за да го докрајчи.

Потоа ЛаПјер повеќепати пука во слонот, но не успева да го убие. Тој се фрустрира и го прашува водичот: "Каде точно треба да пукам?"По третиот истрел, Тони Макрис, советникот на ЛаПјер и водител на серијата, ја крева пушката и го убива животното. Потоа се врти и му честита на ЛаПјер.

Во вториот дел од видеото, сопругата на ЛаПјер, Сузан, убива друг слон, и ја отсекува опашката, ја крева во воздух и вели „победа“.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дронови над аеродромот предизвикаа прекин во авиосообраќајот во Луксембург

Властите ги продолжија операциите на аеродромот во Луксембург откако сообраќајот беше прекинат претходната вечер поради откривање на „неовластени беспилотни воздушни системи“ - поточно дронови - во близина и над аеродромот. 

Дронови над аеродромот предизвикаа прекин во авиосообраќајот во Луксембург

Единствениот меѓународен аеродром во Луксембург изјави дека прекинот во петокот е спроведен како превентивна мерка за да се обезбеди безбедноста на патниците, екипажите на летот, персоналот на аеродромот и авионите.

Не беа дадени детали во врска со потеклото на дроновите или кој ги управувал.

Потенцијални доцнења Иако летовите се обновени, можни се понатамошни доцнења и прекини, бидејќи авиокомпаниите и партнерите на аеродромот работат на враќање на редовниот распоред на летови, според известувањето на аеродромот.

Аеродромот во Луксембург, главниот центар на националниот превозник Луксер, изјави дека продолжува да ја следи ситуацијата во соработка со надлежните органи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рафиња сака да ја заврши кариерата во Барселона!

Бразилскиот репрезенативец, Рафиња ги израдува навивачите на шпанскиот фудбалски шампион Барселона со порака за својата иднина. 

Рафиња сака да ја заврши кариерата во Барселона!

Бразилецот во интервју за каталонското радио „RAC1“ откри дека сака да го продолжи договорот со клубот и да остане на „Камп Ноу“.

– Многу сум среќен и сакам да го продолжам договорот. Се надевам дека ќе ја завршам кариерата во Барселона. Нема да одам никаде на друго место – изјави Рафиња.

Бразилецот игра сезона од соништата. Постигна девет гола во Ла Лига и уште два во Лигата на шампионите, а откако беше преместен на позицијата најистурен напаѓач и ја доби капитенската лента, стана еден од клучните играчи во тимот на Ханси Флик. Рафиња има договор со Барселона до 2028 година, но јасно стави до знаење дека сака да остане и по тој период.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈО: Истрага за загрозување на животната средина со отпад во Охрид

Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 1 од Кривичниот законик.

ЈО: Истрага за загрозување на животната средина со отпад во Охрид

Тројцата соизвршители, на 17 септември дошле со товарно возило полно со отпад кај депонијата “Буково”. Започнале да ги горат гумените отпадни кабли со цел да ги издвојат од нив бакарните жици. Од согорувањето се создал чад и биле испуштени штетни материи во воздухот.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Охрид достави предлог за определување мерка притвор за тројцата осомничени, пред се имајќи ја предвид опасноста од бегство и можноста да влијаат врз сведоци во постапката, стои во соопштението од Јавното обвинителство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер