Вознемирени родители: Првачиња од ОУ „11 Октомври“ на психијатар поради неказнет булинг и заштита на насилници - Канал 5

Вознемирени родители: Првачиња од ОУ „11 Октомври“ на психијатар поради неказнет булинг и заштита на насилници

Загрижени родители на ученици од I-2 (прво два) одделение во ОУ „11 Октомври“ – Општина Центар се обратија за помош до Канал 5. 

Вознемирени родители: Првачиња од ОУ „11 Октомври“ на психијатар поради неказнет булинг и заштита на насилници

Писмото на родителите го објавуваме во целост:

Ние, група загрижени родители на ученици од I-2 (прво два) одделение во ОУ „11 Октомври“ – Општина Центар, се обраќаме до вас како последен излез во борбата за безбедноста и правото на образование на нашите деца. Сакаме да го информираме министерството, општината и целата јавност за алармантната состојба која трае во текот на целата учебна година, а за која училишното раководство вешто молчи и игнорира.

Трауми и физички повреди наместо знаење

Иако учебната година е при крај, нашите деца поминаа девет месеци во средина каде владее дисциплинарен хаос и страв. Состојбата е толку ескалирана што:

Деца посетуваат приватни психијатри: Поради секојдневниот стрес и континуираниот булинг, веќе имаме ученици кои бараат стручна помош за да се справат со траумите.

Физичко насилство и модрици: Учениците редовно се враќаат дома со физички повреди. Наместо заштита, тие се соочуваат со апсурд – кога некое од малтретираните деца по месеци трпење ќе возврати за да се одбрани, истото е експресно прекорувано и казнувано, додека иницијаторите остануваат заштитени.

Бегство од одделението: Многу родители веќе размислуваат или бараат отпишување на своите деца и префрлање во други одделенија, само за да ги спасат од токсичната средина.

Хаос во училницата и инциденти без санкции

Мала група ученици, кои очигледно уживаат посебна заштита од страна на наставничкиот кадар и директорката, континуирано ја попречуваат наставата со довикување и фрлање предмети. Ова кулминираше со сериозни инциденти:

Активирање противпожарен апарат: Еден од учениците го активираше апаратот во училницата, по што децата мораа да се евакуираат поради прашината. За ова немаше никакви санкции.

Недостоинствено однесување во мензата: За време на ручекот, децата си играат фудбал со чиниите полни со храна, буквално шутирајќи ги низ просторијата.

Колективно казнување: Наместо да се санкционираат поединците, учителките често го казнуваат целото одделение за „бељите“ на заштитените деца, што е педагошки недозволиво.

Институционално прикривање

И покрај бројните реакции и барања за вонредни родителски средби, до сега не е покренато ништо со што ние би увиделе дека состојбата ќе се подобри. Раководството на ОУ „11 Октомври“ одбива да се соочи со реалноста, со што директно станува соучесник во булингот.

Бараме од Општина Центар и Државниот просветен инспекторат итно да влезат во училиштето и да утврдат зошто директорката и наставничкиот кадар дозволиле цела една генерација да биде жртва на неколкумина ученици. Нашите деца имаат право на безбедно образование!

Група загрижени родители на ученици од I-2 одделение, ОУ „11 Октомври“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сидни Свини повторно се соблече

И покрај негативните коментари на социјалните мрежи,  холивудската убавица, актерката Сидни Свини сними нова реклама за спортската платформа „Novig“. 

Фото: Сидни Свини повторно се соблече

Ниту овој пат сексапилната русокоса актерка не се срамеше да се покаже пред светот.

Пред еден месец, Сидни Свини предизвика бурни реакции во јавноста откако сними реклама за спортската платформа „Новиг“ (Novig), која промовира обложување.

Таа се појави целосно гола, а фотографии и видеа од нејзиното голо тело масовно се ширеа на социјалните мрежи. Спортисти од целиот свет бурно реагираа на овој потег на познатата актерка.

Иако рекламата предизвика силни негативни реакции во јавноста, се чини дека тоа немаше поголемо влијание врз јавниот имиџ на Сидни. Сега, и покрај оние што ја навредуваа, таа го сними продолжението на оваа контроверзна реклама. За таа прилика, таа носеше само бели гаќички и две рагби-топки што ѝ ги покриваа градите.

Сепак, вниманието на јавноста беше привлечено од зборовите изговорени во рекламата:

Како што можеше да се претпостави, рекламата предизвика поделени реакции кај луѓето, а некои предвидуваат дека таа ќе покрене лавина од коментари и осуди од страна на жени и спортистки.

„Пак ќе ги налути“, „Ужива во тоа што луѓето ја мразат“, „Сите тие љубоморни девојки пак ќе се јавуваат, а јас ќе уживам читајќи го тоа“ – беа само дел од коментарите на нејзините обожаватели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кристина Агилера изненади со провокативен стајлинг

Светската музичка ѕвезда, 45 годишната Кристина Агилера привлече големо внимание на хуманитарен настан организиран од здравствената платформа „MISTR“ во Лос Анџелес. 

Фото: Кристина Агилера изненади со провокативен стајлинг

Русокосата пејачка се појави во смела црна комбинација со проѕирни детали, високи чизми и жартери; нејзиниот изглед многумина потсети на периодот кога го објави хитот „Dirrty“.

Проѕирно боди и високи чизми За оваа пригода, Агилера избра црно боди од проѕирен тил со кадифени мотиви во форма на крст. Под него носеше мал чипкаст градник со врзување, додека долниот дел од комбинацијата се состоеше од црни кожни гаќички со висок струк и врзување од страните.

Посебно се истакнаа лентите за жартери што се спуштаа од колковите и се поврзуваа со мрежести чорапи во боја на кожа. Таа го комплетираше изгледот со велурени чизми над колена, со тенки високи потпетици, шпицести врвови, врвки и проѕирни делови со геометриски дезен.

Изглед што потсетува на раните 2000-ти.

Целокупната комбинација беше инспирирана од готската естетика, како и од провокативните модни избори по кои Агилера беше позната во раните 2000-ти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Путин е подготвен за прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, Зеленски бара 60 дена

Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да нареди прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. 

Путин е подготвен за прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, Зеленски бара 60 дена

Истовремено, Москва го отфрли предлогот на украинскиот претседател Володимир Зеленски за 60-дневен прекин на огнот, кој би овозможил одржување на претседателски избори.

„Претседателот веќе зборуваше за ова, но сега, во негово име, можам со полна одговорност да изјавам дека доколку Киев навистина сака да одржи избори, претседателот на Руската Федерација – врховниот командант – ќе биде подготвен да издаде наредба да не се вршат напади врз Украина на денот на изборите.

-Тоа е многу важна напомена“, рече Песков, како што пренесе руската државна новинска агенција ТАСС.

Изјавата уследи по најавата на Зеленски дека Украина е подготвена да одржи претседателски избори доколку Русија се согласи на целосен прекин на огнот во траење од 60 дена.

Украинскиот претседател смета дека такво примирје е неопходно за да се обезбеди безбедна организација на гласањето во земја која речиси пет години е изложена на руска инвазија.

Сепак, Кремљ го отфрла таков предлог.

„Не ни треба примирје, туку траен мир за многу идни генерации“, изјави Песков.

Портпаролот на Кремљ исто така тврдеше дека Украина всушност не сака да одржи избори, туку би го искористила 60-дневното примирје за прегрупирање на своите сили, закрепнување и продолжување на војната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер