Волво го најави EM90, првиот моноволумен во нивната историја (ВИДЕО) - Канал 5

Волво го најави EM90, првиот моноволумен во нивната историја (ВИДЕО)

Иако моноволумените одамна излегоа од мода, некои дури сега решија да влезат во светот на веројатно најпрактичните возила.

Волво го најави EM90, првиот моноволумен во нивната историја (ВИДЕО)

Еден од нив е Volvo, кој штотуку најави нов модел. Неговото име е EM90, а најавен е како првиот електричен премиум MPV. Го претставуваат како дневна соба на тркала и тоа во типично скандинавски дух.

Volvo вели дека EM90 не е дизајниран да ве одведе од точка А до точка Б, туку ви нуди простор за живеење. Некои веќе велат дека основата на овој модел е кинескиот Zeekr 009, претставен претходно оваа година.

YouTube video

Што точно мислат со тоа, ќе дознаеме на премиерата закажана за 12 ноември годинава. Истиот ден започнува и листата на нарачки за кинеските клиенти, кои сѐ повеќе бараат големи мини комбиња во премиум гамата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силен земјотрес ги погоди Филипините

Земјотрес со магнитуда од 5,4 степени ги погоди Филипините денес, соопшти Европско-медитеранскиот центар за предупредување од земјотреси и цунами (EMSC).

Силен земјотрес ги погоди Филипините

Епицентарот на земјотресот бил на море, на длабочина од 35 километри.

Нема веднаш извештаи за повредени или штети.

Не е издадено предупредување за цунами.

Покрај честите земјотреси во областа неодамна, Филипините се справуваат и со обилни дождови предизвикани од силна бура, во која загинаа 15 лица во лизгање на земјиштето на југот од земјата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриевски за Изборниот законик: Подобро е да донесете нешто отколку ништо

Подобро е да се донесе нешто, отколку да не се донесе ништо, оцени лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски.

Димитриевски за Изборниот законик: Подобро е да донесете нешто отколку ништо

Тој даде одговор на новинарско прашање дали може да се очекува скоешно усвојување на нов Изборен законик.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Работник загина при пад од височина на градилиште во Скопје

Педесет и двегодишен работник од Куманово загина при изведување градежни работи на објект во изградба во скопската населба Гази баба, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Работник загина при пад од височина на градилиште во Скопје

Според информациите од МВР, несреќата била пријавена вчера попладнето на 10 јули околу 14:05 часот, кога тој паднал од височина додека работел на градилиштето. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт на местото на настанот. Според здружението за заштита при работа, лани во земјава загинале 31 работник, што е речиси двојно повеќе во однос на 2024-та, кога биле регистирани 17 жртви.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер